Свет
Ердоган: Смртта на Багдади е пресвртница во борбата против тероризмот

Смртта на водачот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, претставува пресвртница во заедничката борба против тероризмот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган на „Твитер“ објави дека Турција платила висока цена во борбата против тероризмот, вклучително и онаа против курдските борци од Сириските национални одбранбени сили.
„Убеден сум дека одлучната борба против тероризмот ќе донесе мир за целото човештво“, рече Ердоган. Тој додаде дека Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите за борба против тероризмот.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера објави дека Ал-Багдади е мртов. Трамп додаде дека 15 минути по смртта на Ал-Багдади, бил направен ДНК-тест за да се потврди неговиот идентитет. Според Трамп, Ал-Багдади бил следен неколку недели и операцијата ја спровеле САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Москва го повика на консултации полскиот амбасадор

Руското Министерство за надворешни работи го повика полскиот амбасадор на консултации денес, по одлуката на Варшава да ги протера руските дипломати.
Полска протера тројца руски дипломати на почетокот на овој месец, со образложение дека биле вклучени во „активности на штета“ на Полска, а Русија одговори минатата недела со изјава дека ќе протера пет полски дипломати.
Европа
Унгарија ќе вакцинира 40 проценти од населението до средината на следната недела

Унгарија ќе вакцинира 40 проценти од населението до средината на следната недела и ќе ја отвора економијата сè повеќе, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за државното радио.
Имунизацијата ќе и овозможи на владата да отвори голем број дејности во јавниот сектор, што ќе биде враќање на нормалниот живот, додаде премиерот на Унгарија, објави „Ројтерс“.
Од следната недела сопствениците на сертификати за вакцинација ќе можат да одат во хотели, ресторани во затворено, кина, спортски сали, спортски настани, бањи и на други места, додаде Орбан.
Во претходните недели, Унгарија, земја со 10 милиони жители, имаше многу заболени и процентот на смртност беше најголем во светот до четвртокот, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на страницата „worldometers.info“
Орбан, кому му претстојат избори следната година, се бори да балансира помеѓу борбата против пандемијата и растечките повици за отворање на економијата и да се избегне голема рецесија втора година по ред.
„Со четири милиони вакцинирани, а мислам дека ќе ги имаме до среда или четврток, ќе отвориме голем број дејности за оние кои имаат картички за вакцинација“, рече Орбан.
Бројот на хоспитализирани и пациенти на респиратори опадна, бидејќи Унгарија минува низ една од најбрзите програми за вакцинирање, според податоците на Европската Унија.
Со големи пратки кинески и руски вакцини, како и прилив на западни вакцини, Унгарија наскоро ќе може да вакцинира малолетни лица и Унгарци кои живеат во странство.
Унгарија беше критикувана за купување вакцини од Исток пред да добие одобрение од Европската Унија, но Орбан рече дека бројките го оправдуваат тоа.
„Не ми е гајле дали мачката е црна или бела. Само сакам да го фатам глушецот“, одговори Орбан.
Европа
Луѓе го пренеле коронавирусот на мачки, идентификувани два случаи во Шкотска

Шкотските научници идентификувале два случаи во кои луѓето го пренеле коронавирусот на своите мачки.
Истражувачите од Универзитетот „Глазгов“ потврдија дека две мачки имаат коронавирус откако биле заразени од нивните сопственици.
Станува збор за различни раси и одделни домаќинства. Кај едната мачка симптомите биле лесни, но другата морала да се успие.
Научниците сега се обидуваат да го подобрат разбирањето дали домашните миленици можат да заразат луѓе.
Според анализата извршена од истражувачите, сега нема докази за пренесување на вирусот од мачки на луѓе или дека мачките, кучињата или други домашни животни може да играат важна улога во епидемиологијата на зараза со коронавирус кај луѓето.
Сепак, научниците тврдат дека домашните животни потенцијално можат да дејствуваат како вирусен резервоар, што значи трајно пренесување и дека е важно да се подобри разбирањето дали милениците можат да заразат луѓе.
Професорката Маргарет Хози од Центарот за вирусни истражувања на Универзитетот во Глазгов смета дека овие два случаи на пренесување на вируси од луѓе на животни, односно мачки, покажуваат зошто е важно подобро да се разбере заразата со коронавирус кај животните.
„Пренесувањето од животно на човек претставува релативно мал ризик за јавното здравје таму каде што пренесувањето од човек на човек е големо, меѓутоа, како што се намалува бројот на случаи меѓу луѓето, можноста за пренесување меѓу животни станува сè поважна како потенцијален нов извор на зараза со коронавирус(Sars-CoV) .2) за луѓе“, рече таа, објави „Би-би-си“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?