Контакт

Свет

Забрзано се гради ѕидот на границата меѓу САД и Мексико

Објавено пред

Градежните работници на југот на Тексас, на границата со Мексико, почнаа со поставување арматура за ѕидот на чија изградба инсистираше американскиот претседател Доналд Трамп.
Членовите на граничната патрола изјавија за медиумите дека работниците поставиле челична арматура јужно од Дона, мал град во долината Рио Гранде.

Откако ќе биде поставено засилувањето, ќе се  постават бетонски блокови од пет и пол метри, а пред ѕидот ќе има 45 метри бришан простор, од кој ќе биде отстранета целата вегетација.

Организациите за животна средина велат дека бетонскиот ѕид ќе ги уништи живеалиштата на некои животни и исто така се бара и експропријација на земјиштето од стотици луѓе во јужен Тексас. Граничната патрола, од друга страна, тврди дека ѕидот во голема мерка ќе спречи шверц на дрога и луѓе од Мексико.

Свет

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Објавено пред

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите велат дека тоа може да биде одговор на вирусот за да ги заобиколи маските и другите мерки за социјално дистанцирање.

Научниците идентификуваа нова варијанта на вирусот, идентификувана кај 99,9 отсто од случаите за време на вториот бран во областа на Хјустон, Тексас, пренесува „Вашингтон пост“.

Весникот наведува дека кај луѓето со мутацијата D614G на Ковид-19 имаат поголеми количини на вирусот, сугерирајќи дека таа е позаразна. Иако вирусот не е посмртоносен, истражувачите велат дека се чини оти е подобро адаптиран да се шири меѓу луѓето.

Дејвид Моренс, виролог од Националниот институт за алергија и заразни болести, вели дека наодите сугерираат оти вирусот може да стане позаразен и дека ова може да има последици врз нашата способност да го контролираме.

Тој рече дека е можно вирусот да еволуирал за да се спротивстави на мерките како миењето раце и социјалното дистанцирање.

„Носење маски, миење на рацете, сите тие работи се бариери за преносливост или зараза, но бидејќи вирусот станува сè позаразен, статистички е подобар во надминување на тие бариери“, посочи Моренс.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Стаорец доби орден за храброст, благодарение на Магавa се спасени многу животи

Објавено пред

Африканскиот џиновски торбест стаорец Магава беше награден со престижен златен медал за неговиот придонес во пронаоѓањето мини во Камбоџа. Магава откри 39 мини и 28 парчиња друга неексплодирана муниција.

Британското ветеринарно хуманитарно здружение ПДСА му додели златен медал за неговата пожртвуваност во спасување животи и расчистување на смртоносни мини во Камбоџа, пренесува Би-би-си.

Се проценува дека во таа азиска земја има до шест милиони мини.

Во златниот медал се врежани зборовите „За храброст или посветеност на должноста“. Од 30 животни кои го добиле медалот, Магава е првиот стаорец.

Седумгодишниот глодар бил обучен од белгиската хуманитарна организација „Апопо“, со седиште во Танзанија. Организацијата уште од 90-тите години обучува огромни африкански торбести стаорци, познати како „херојски стаорци“, да откриваат нагазни мини и туберкулоза кај луѓето.

 

„Овој златен медал е голема чест за нас, но исто така и за луѓето во Камбоџа и за сите луѓе ширум светот кои се соочуваат со опасностите од нагазни мини“, вели извршниот директор на „Апопа“, Кристоф Кокс.

 

Магава, израснат во Танзанија, тежи околу 1,2 килограми и е долг 70 сантиметри. Иако е поголем и потежок од другите видови стаорци, Магава е сè уште мал и лесен за да не активира мини ако помине преку нив.

Стаорците се обучени да го користат своето извонредно чувство за мирис за да детектираат хемиски соединенија во експлозивите и да го игнорираат металот во земјата, што често ги забавува човечките тимови во расчистувањето на областите од мини.

Кога ќе пронајдат експлозивна направа, тие почнуваат да ја гребат површината за да ги предупредат своите човечки колеги.

Магава може да пребара поле со големина на тениско игралиште за само 20 минути, за што на еден човек со детектор за метал му се потребни помеѓу еден и четири дена.

Прикажи повеќе...

Свет

Гватемала: Две лица загинаа при уривање на украден авион

Објавено пред

Деловен авион чија кражба била пријавена во Мексико се урнал во џунглите на Гватемала недалеку од скриената писта по мистериозното заминување во Венецуела, при што загинале двајца мажи, кај кои биле пронајдени наркотици и оружје.

Во соопштението на војската на Гватемала се вели дека авионот „хокер-800“ паднал во планинскиот дел на регионот Алта Верапаз, но дека идентитетот на загинатите сè уште не е утврден. Покрај нивните тела биле пронајдени три килограми кокаин и оружје.

Авионот полетал од аеродромот Куернавака, околу 70 километри јужно од Мексико, без дозвола и план за лет, а потоа слетал на пистата „Зулија“ во северозападна Венецуела, недалеку од границата со Колумбија.

Оттаму летал за Гватемала каде што се урнал.

За кражбата на авионот биле известени локалните и федералните власти на Мексико.

Високиот мексикански службеник Пабло Охеда изјави дека три лица влегле на аеродромот „Куернавака“ и дека двајца тврделе дека се механичари кои треба да извршат пробен лет.

Мексиканското Министерство за транспорт објави дека е покрената истрага.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Казна за Рудникот Саса – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето на јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет21 минута

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија54 минути

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија1 час

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион2 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски го пречека словенечкиот претседател Борут Пахор

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Свет2 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет2 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет3 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија3 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион3 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет17 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ18 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа19 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија20 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија21 час

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет21 час

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија23 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија23 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија24 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Досие