Македонија
Заев разговараше со Брнабиќ: Од 14 јануари Србија го укинува ПЦР-тестот за македонските граѓани

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.
Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР-тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, соопшти Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Искршени штитови на полицајците на протестот за „Монструм“

Полицијата сѐ уште не јавува официјално дали има повредени во денешниот протест за „Монструм“, но од Бит – пазар си заминаа со уништени униформи и опрема.
Со побелени од боја чизми, панталони, горен дел од униформата и замачкани штитови се многумина полицајци кои стоеја во кордон и не дозволуваа демонстрантите да се движат кон судовите. Кај полицијата на заминување се забележуваа и искршени штитови.
Демонстрантите кон нив фрлаа цели столици, а откорнаа и неколку од железните корпи за отпадоци поставени на улицата и ги фрлија врз полицијата.
Протестот заврши откако полицијата ги потисна демонстрантите и ги принуди да се вратат кон Бит – пазар.
Македонија
ЗНМ и ССНМ со остра осуда за нападите врз новинари на протестот за „Монструм“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) остро го осудува денешниот напад врз екипата на Медиумската информативна агенција (МИА) и врз новинар од весникот „Слободен печат“, кои известуваа за протестот поврзан со случајот „Монструм”.
Според кажувањата на колегите од МИА, имало турканици и обид да им се одземе опремата, при што снимателот бил турнат, а неговата опрема оштетена.
„Ваквиот однос кон новинарите, кои се на работна задача на терен, е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволиво во демократски земји. Неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрозат нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните. Затоа е важно што побргу да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинари и медиумските работници“, велат од ЗНМ.
Од ССНМ, пак, известуваат дека и новинар од дневниот весник „Слободен печат“ бил спречен да ги извршува своите задачи од страна на полициски службеници во цивилна облека, кои го извлекле на страна, му ја свиткале раката, безобразно и дрско се однесувале кон него и не го пуштиле додека не го избрише снимениот материјал со изговор дека ги снимал полицајците во лице.
„ССНМ смета дека ваквото однесување на полициски службеници е недозволиво и бара остра и ефективна реакција во изнаоѓање и казнување на полицските службеници, кои го оневозможиле новинарот на ‘Слободен печат’ да си ја извршува својата работна задача“, се наведува во соопштението.
Истовремено, ССНМ бара од надлежните државни органи да ги пронајдат и казнат насилниците во врска со нападот врз екипата на МИА.
„ССНМ силно протестира против ваквите инциденти бидејќи напад врз новинарите и медиумските работници е напад и врз слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните“, се наведува во соопштението.
Македонија
Филипче: 70 отсто од новите случаи се заразени со британскиот сој

Седумдесет отсто од вкупно новодијагностицираните случаи се пациенти заразени со британскиот сој на коронавирусот, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој најави дека викендов ќе се анализира ситуацијата во одредени градови, особено во Кавадарци, Прилеп и во Охрид. „Врз основа на тие анализи, ќе видиме, ќе се препорачаат мерки“, рече министерот Филипче.
Во моментот, како што рече Филипче, сме во ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот.
„Не можеме да бидеме сигурни дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или е мини бран што се случува овие денови“, рече Филипче.
Тој информира дека потпишан е договорот за набавка на руската вакцина и секојдневно течат разговорите како за вакцините од компанијата „Фајзер“ така и за кинеските вакцини.
Во однос на вакцинацијата на здравствените работници, Филипче истакна дека завршена е имунизацијата на медицинскиот персонал од Скопје, кој работи со ковид-пациенти.
„Сега продолжува и од другите болнички институции во државата. Следуваат и лабораториите во кои се дијагностицира Ковид-19, ќе следуваат матичните лекари, дел од стоматолозите, со што ќе биде заокружен процесот од речиси 4.000 здравствени работници што работат со ковид-пациенти“, посочи Филипче.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер