Контакт

Македонија

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Објавено пред

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин кој бил скриен во банани.

Донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, а останатите двајца кои беа приведени се ослободени, информираат од Обвинителството.

За сопственикот на фирмата увозник на овошјето доставен е предлог за определување на мерка притвор, додека за второ осомниченото лице предложени се мерки за обезбедување присуство.

Осомничените вечерва ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка, велат од Обвинителството.

По Наредба на јавниот обвинител товарното возило во кое е откриена наркотичната дрога и целата пратка со овошје се запленети и предадени во Агенцијата за одземен имот.

Македонија

Посебен режим на движење за лицата со попреченост и земјоделците за време на полицискиот час

Објавено пред

Владата вчера на седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост. За нив нема да важи забраната за движење во периодот од 19 до 20 часот, од понеделник до петок, а за викенд од 11 до 13 часот и за тоа нема потреба од вадење на посебна дозвола туку лицата ќе треба со себе да имаат документ/наод за попреченоста.

Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое што живеат, можат да се движат за време на забраната за движење без да вадат дозвола, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Земјоделците пак, чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење. Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на Министерството за земјоделие. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.

МВР напоменува дека строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на Министерството за земјоделие и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење. Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство.

Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се принтаат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците. Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба. Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ. Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Гранит“ се вклучи во дезинфекцијата на улиците во Карпош

Објавено пред

„Гранит“ со свои возила се вклучи во акцијата за дезинфекција на улиците и јавните површини во скопската општина Карпош со цел да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена.

Акции за миење и дезинфекција на јавните површини се спроведуваат во сите скопски општини.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, по осум во Прилеп и Велес, два во Струга и по еден случај во Тетово, Кочани и Пробиштип.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

– Скопје – 273
– Куманово – 143
– Дебар – 49
– Штип-20
– Прилеп –46
– Тетово – 30
– Струга – 30
– Велес – 18
– Битола –8
– Охрид –3
– Кавадарци – 3
– Гостивар –4
– Гевглелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка-3
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 19
– Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96.

Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.

Починатата родилка од Куманово, за којашто вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Посебен режим на движење за лицата со попреченост и земјоделците за време на полицискиот час

Владата вчера на седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост. За нив нема да важи забраната за...

Економија48 минути

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија51 минута

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа3 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија4 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет5 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија5 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет6 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион6 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет6 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа9 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија18 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа20 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа20 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија20 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија21 час

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија23 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет23 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија24 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет24 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Досие