Контакт

Македонија

Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Објавено пред

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвинуваат дека Владата е селективна и дискриминаторска кога се во прашање имотите на верските заедници и тврдат дека МПЦ е фаворизирана, а од Владата велат дека ИВЗ им се заканува, ги уценува и им поставува ултиматуми. Исламската верска заедница на Владата и даде рок од 10 дена да најде решение за посочените случаи, а пак, доколку не го испочитуваат, ќе ги известеле надворешните фактори и медиумите.
ИВЗ се опратило до Владата со писмен допис во кој бара итно враќање на имотите.

„Покрај проблемот со бавната, селективна и дискриминаторска денационализација на вакуфскиот имот на штета на ИВЗ, сакаме да укажеме и на проблемите кои ИВЗ ги има од органите на државната власт, кои ја попречуваат во нејзината грижа и секојдневна активност за одржување на верските објекти кои се и културно наследство при што особено сме засегнати со нерешавањето на статусот на верските објекти во село Лажец, Битола; Хусамедин пашината џамија во Штип и реконструкцијата на Али пашината џамија во Охрид за чиј објект постои важечка градежна документација и донација која отежнато се користи поради бирократскиот однос на државните институции. Наспроти ова, МПЦ е фаворизирана и привилигирана во секој поглед“, пишува во писмото кое ИВЗ го испрати до Владата.

За Владата, односот на ИВЗ е неприфатлив, бидејќи за предметите кои ги споменува ИВЗ се води постапка пред надлежните институции и тие не зависат од нив.

„Оваа извршна власт никогаш нема да презема чекори со кои би ги манипулирала верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив. Во таа насока ги отфрламе сите обвинувања дека било која верска заедница е фаворизирана во државата, а таквото обвинување го сметаме за претенденциозно и паушално. Ние сме секуларна држава, верските права и слободи се остваруваат преку градење меѓусебна доверба, а не преку закани и ултиматуми “, пишуваат од Владата.

ИВЗ вели дека за односот на Владата, ќе ги известеле сите верници, во 700 џамии. Владата им препорача да си покренат постапка пред надлежните органи, доколку во нивните случаи не е постапено според законите.

Македонија

Милевски: Рамномерниот развој на државата е приоритет

Објавено пред

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и градоначалникот на Гази Баба и претседател на Скопскиот Плански Регион, Борис Георгиевски, денеска го посетија населеното место Булачани, каде што со средства од Програмата за рурален развој почна изградбата на локална патна мрежа.

Милевски истакна дека рамномерниот развој е приоритет на Владата и на Министерството за локална самоуправа и во наредниот период Министерството со зголемена динамика ќе работи на подготовка на нов стратешки документ.

„За жал, и по десет години од спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој сè уште развојните разлики се големи, не само меѓу планските региони, туку и внатре во планскиот регион, меѓу општините и меѓу населените места. Министерството за локална самоуправа со зголемена динамика пристапува кон подготовка на нова Стратегија за регионален развој. Планските региони треба да бидат конкурентни за проекти и за нови инвестиции. Во исто време Владата работи на намалување на развојните разликите, посебно на разликите во пристапот до јавните услуги“, рече Милевски.

Министерот за локална самоуправа нагласи дека средствата во буџетот наменети за рамномерен регионален развој се дуплирани и од 3,5 во 2017 година, се зголемени на 7 милиони евра или 420 милиони денари во 2019 година.Оваа година во Скопскиот Плански Регион се реализираат 13 нови проекти во вкупна вредност од 35,5 милиони денари, средства од буџетот на Министерството за локална самоуправа. 20,5 милиони денари се за проекти за развој на регионот, а 15 милиони денари за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.

„Како министер за локална самоуправа посебно внимание ќе посветам на рамномерниот развој, особено на малите, рурални општини, и на зголемување на конкурентноста на поголемите општини и на планските региони. Секоја општина има свои специфики и тие треба да се стават во функција на развојот“, рече Милевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево време со температура до 31 степен

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, по должина на Повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб, повремено умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 15 до 28 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. В петок и в сабота во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

Објавено пред

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари за замена на системот за греење на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.

Со оваа одлука, соопштија од Владата, согласно препораките од Планот за чист воздух и од Програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата, ќе се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут, кој емитира повеќе од 28 килограми PM 2.5-честички и исто толку PM10-честички годишно.

„Со оваа одлука студентскиот дом ќе биде претплатен на системот за централно греење во Град Скопје. Трошоците за греење ќе останат слични, додека загадувањето за загревање на студентскиот дом ќе се намали за седум пати“, велат од Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа3 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија3 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија4 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт4 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија5 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија7 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет8 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет8 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион9 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет9 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија10 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа10 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија18 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија19 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија20 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија21 час

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион23 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија1 ден

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Досие