Контакт

Топ

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Објавено пред

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на својот фејсбук-профил денеска објави дека станува забор за политички прогон.

„Вчера, тројца полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл. 394-г од КЗ – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Пријавена сум од Хелсиншки комитет по чл. 319 од КЗ – предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа. Фејсбук-статусот за кој сум под сомнение се однесува за мигрантите. И јасно е сè! Политичкиот прогон го пуштаат на максимум. Хелсиншки, дежурни бранители на власта, ќе се видиме пред лицето на правдата! Вие ќе се срамите од своите постапки, јас ќе останам на страната на вистината и правото! Нема да ме замолчите! Нема да ме заплашите! Борбата почна, нема враќање!“, напиша Каракамишева.

Македонија

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Објавено пред

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи, Никола Димитров по вчерашната акција во која беше уапсен првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Судот ноќесна му осреди 30 дена притвор. Јовановски е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановска заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари.

,,Никој не рече дека ќе биде лесно. Можеме да тонеме во разочарување и очај и да ја храниме самопоразувачката енергија дека од нас не бидува ништо. Со мазохизам и неразбирлива радост да ги дочекуваме лошите вести. Чашата секогаш да биде полупразна: ,,Ти кажав, не бива од нас држава”. Бидејќи, веста денес може да биде и ваква: системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа.

Дека ќе не’ биде и покрај се’ и заради се’. И заедно со сите кои не веруваат дека ќе не’ биде. Дека борбата против криминалот никогаш нема да заврши. И ќе трае, оти е борба всушност на доброто против злото. На некој начин, таа борба, што мене како и многу други ме вовлече во и кон политиката, е на самиот почеток. Дека ќе треба интегритет, пот, солзи и многу работа за да ги тргаме наталожените раскомотени криминални мрежи. Дека сеирџиство и банално ликување не помагаат, ниту дефетизам и ширење немоќ, бидејќи најлесно е да се откажеме сите. Помага само да засукаме ракави и сите да работиме до последно. Бидејќи знаете што е државата? Сите ние, сите граѓани до последен. И кога фрламе по државата, фрламе и по себеси. Ќе не’ биде народе, тогаш кога секој во своето, ќе турка до последниот атом. Јас не дигам раце додека не не’ биде. Не сме ние ништо понеспособен народ од било кој друг. Мегданот тоа да го покажеме и докажеме е токму тука, токму сега. Ќе не’ биде и точка!, напиша Димитров на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Европа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

Објавено пред

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој ја завеа и северозападна Италија, особено на Монте Фраитеве на 2.702 метри надморска височина.

Италијанскиот метеоролошки портал 3Bmeteo објави прогноза во која најави обилни дождови и бури во целата земја, со студен бран која на повисоките места ќе донесе и снег којшто е невообичаен за овој период од годината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Објавено пред

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се обидел да избега, па затоа бил задржан на граничниот премин Богородица. Таа потврди дека е одредена мерка притвор за Јовановски и Милевски во траење од 30 дена.

„Сведокот поднесе кривична пријава кај нас и е сослушан. Потоа беше повикан уште еднаш, за да ја дополни кривичната пријава. И други лица се сослушани во својство на сведоци“, рече Русковска, запрашана за својството на сведокот во постапката.

Русковска нагласи и дека Обвинителството има обезбедено снимки од разговорите меѓу осомничените и сведокот.

„Обележани пари немаме, но имаме обезбедено снимки од разговори, но и видео снимки. Вршени се претреси кај првоосмничениот дома и кај неговите родители, кај второосомничениот дома и од јавниот обвинител е одземен телефон. Извршен е претрес и во канцеларија која ја користел првоосомничениот“, додаде Русковска.

Телефонот од обвинителката Катица Јанева бил одземен за да се види комнукацијата меѓу неа и првоосомничениот Боки 13.

„Засега, обвинителките нема зошто да бидат изведени пред судија. Постапката е отворена за да се види кој се е инволвиран во целиот настан“, рече Русковска.

Русковска се надева во понатамошниот тек на истрагата, истата ќе се прошири.

„Пред судија на претходна постапка, осомничените се поризнесоа за мерката притвор, дали има основа за истата или нема. Одбраната ќе ја дадат во Јавното обвинителство кога ќе бидат повикани“.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал вели дека доколку осомничените имаат имот, за кој нема да можат да докажат како го стекнале, тој ќе биде одземен.

„Донесена е наредба за истрага. Се води и финансиска истрага. За цел имот што го поседува било кој од осомничените, а за кој нема да можат да го докажат потеклото, односно од каде им е, Обвинителството во обвинителен акт ќе бара одземање на тој имот. Но тоа е отом-потом“, рече Русковска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа1 час

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија9 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија10 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија11 час

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија11 час

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион14 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија16 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија17 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија19 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија19 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија20 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија20 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија21 час

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија23 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава1 ден

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет1 ден

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет1 ден

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион1 ден

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Досие