Свет
Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат кај луѓето во рок од шест месеци откако претходно беа пропуштени роковите.
Neuralink развива мозочни чипови кои се дизајнирани да им овозможат на луѓето со парализа да си ги вратат моторните функции и да лекуваат мозочни заболувања, како што се Паркинсонова, Алцхајмерова болест или деменција.
Компанијата спроведе тестови на животни во последните години додека чекаше одобрение за тестирање луѓе од американската Администрација за храна и лекови (ФДА).
„Сакаме да бидеме крајно внимателни и да се увериме дека ќе работи добро пред да го вметнеме уредот во човек, но мислам дека го доставивме најголемиот дел од нашата документација до ФДА и веројатно за речиси шест месеци треба да добиеме дозвола да го тестираме чипот врз луѓето“, рече Маск за време на обраќањата на презентацијата во седиштето на Neuralink, која траеше речиси три часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Повторно пукање во Ерусалим, има повредени

Најмалку две лица се повредени во пукање во археолошкиот локалитет Давидов град во Ерусалим, Израел.
Како што наведоа од полицијата, напаѓачот бил неутрализиран.
Престрелката се случува за помалку од 24 часа по терористичкиот напад на синагога во населбата Неве Јаков во Ерусалим, во која загинаа седум лица.
Регион
Дачиќ: ЗСО останува главната точка на сите наши договори за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) останува главната точка на сите договори за Косово и дека таа мора да биде формирана според договорените принципи.
„Во бриселскиот договор од 2013 година јасно пишува што е ЗСО, уште подетално е регулирано во договорот од 2015 година, а ние го потпишавме затоа што е добро за нашата заедница на Косово“, изјави Дачиќ за „Политика. “.
„Договорот не е идеален, но во услови во кои го преговаравме е максимумот што можевме да го постигнеме“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека овие договори се круна на учеството на Србија во дијалогот со посредство на Европската Унија, која самата се обврза да ги спроведе потпишаните.
Според неговото мислење, никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници за нивно уништување.
Свет
Се урнаа два воени авиони во Индија

Два индиски воени авиони се урнаа денеска во близина на Морена, во индиската држава Мадја Прадеш, соопштија воени претставници.
Наредена е истрага за да се утврдат причините.
Двајцата пилоти се катапултирале и се здобиле со полесни повреди, пренесува „Индија тудеј“