Контакт

Свет

Меѓународниот комитет за спас предупредува дека турската офанзива ќе доведе до раселување на 300.000 лица

Објавено пред

Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ) предупредува дека турската офанзива во североисточниот дел на Сирија може да предизвика раселување на 300.000 луѓе и да ги загрози активностите на хуманитарните организации.

,,Голем број од овие луѓе веќе повеќе пати биле раселени и страшно страдаа под бруталната власт на Исламска држава, само за да се соочат со уште една криза”, изјави директорката на ИРЦ, Митси Басвел. ИРЦ упати апел до турската Влада да ги запре нападите и сите страни да го почитуваат меѓународното право за заштита на цивилите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Кристин Лагард именувана за прв човек на Европската централна банка

Објавено пред

Лидерите на Европска Унија го одобрија именувањето на Кристин Лагард за претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ). Лагард, која е поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доаѓа на местото Марио Драги, кој беше претседател на ЕЦБ од 2011 година.

Европскиот совет веќе објави официјална препорака за Лагард, а исто така ја одобри и Европска централна банка, која ја одредува монетарната политика за 19 земји членки на евро зоната, кои го користат еврото како валута. Лагард ќе ја преземе должноста на 1 ноември и ќе има осумгодишен мандат.

Лагард поднесе оставка на функцијата извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) две недели откако беше предложена за нова директорка на Европската централна банка.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија со ЕУ, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите во соседството на Унијата.

Со ова, фрнцускиот претседател за прв пат јавно ги доведе во прашање европската иднина и перспектива на земјите од Западен Балкан, зацртани во Солун во 2003. година.

„Разговаравме за нашите визии за Европа, а јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, рече Макрон додавајќи дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Тој исто така призна дека бил против зелено светло за Северна Македонија, а црвено за Албанија, со обрзложение дека тоа би предизвикало насилство не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство.

Прикажи повеќе...

Европа

Белгискиот суд го ослободи Пучдемон без кауција

Објавено пред

Белгискиот суд го ослободи поранешниот лидер на Каталонија, Карлeс Пучдемон без кауција откако тој утрово доброволно им се предаде на белгиските власти.

Пучдемон придружуван од неговите адвокати, доброволно се појавил пред белгиските власти, откако Шпанија издаде нов налог за апсење после изрекувањето на затворските казни за неговите колеги, кои исто така се залагаа за независност на Каталонија.

Поранешниот каталонски лидер го отфрлил налогот за апсење и се спротивставил на секој обид да биде вратен во Шпанија.

Сепак, шпанскиот Врховен суд соопшти дека истражен судија ги известил белгиските судски власти дека Пучдемон нема пратенички имунитет, кој би можел да ја спречи неговата екстрадиција во Шпанија.

Пучдемон, заедно со неколку соработници, избегаа во Белгија во октомври 2017 година, откако беа повикани на суд за обид за отцепување и одржување референдум за независност на Каталонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија33 минути

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија2 часа

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа2 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија3 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија4 часа

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија4 часа

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Македонија5 часа

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Европа7 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ8 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет9 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет9 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа10 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет21 час

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион23 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија1 ден

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет1 ден

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион1 ден

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Досие