Контакт

Европа

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Објавено пред

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе се одржи нов референдум за членството на Велика Британија во Европската Унија.

Меј рече дека предлогот на договорт за повлекување од ЕУ, кој планира да му го претстави на Парламентот идниот месец, вклучува одредба за гласање за одржување нов референдум за брегзит.

Ова е клучно барање на многубројни опозициски пратеници, вели АП, додавајќи дека Меј нуди отстапки за она што таа го нарекува последна шанса за да се обезбеди регуларното британско заминување од Унијата. Договорот што Меј го постигна со ЕУ досега трипати беше одбиен од страна на британскиот Парламент.

Европа

Наложена итна евакуација на мигрантите кај Лампедуза

Објавено пред

Обвинителството во италијанскиот град Агриџенто нареди запленување на бродот на невладината организација „Опен армс“ закотвен во близина на островот Лампедуза, како и итна евакуација на сите мигранти на бродот.

Според агенцијата „Анса“, одлуката е донесена откако главниот обвинител попладнево бил во обиколка на бродот со тим на лекари.

Бродот изминативе 19 дена пловеше во близина на Лампедуза, со речиси 100 мигранти на палубата.

Се очекува мигрантите  да бидат евакуирани од бродот во текот на вечерта, но деталите треба да се формализираат, соопшти обвинителството, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Путин: Некои земји ги извртуваат причините за Втората светска војна

Објавено пред

Во некои земји континуирано се наметнуваат срамно неточни причини за почетокот на Втората светска војна, рече денека рускиот претседател Владимир Путин во поздравно обраќање на отворањето на изложбата „1939. Почеток на Втората светска војна“.

Изложбата, која беше отворена во Рускиот сојузен архив, го опфаќа периодот меѓу моментот кога Чехословачка престанала да постои како суверена држава во март 1939 година и германскиот напад врз Полска на 1 септември истата година.

„Втората светска војна беше ужасна катастрофа за целото човештво, нанесувајќи длабоки рани на милиони луѓе и оставајќи белег на судбините на генерациите“, нагласи Путин.

Тој истакна дека, за жал, во некои држави се прават напори причините за Втората светска војна да се преправат врз основа на лични, политички и економски интереси, преку искривување на историските факти, пренесе агенцијата ТАСС.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската полиција затвори сајт со упатства за изработка на бомби

Објавено пред

Германската полиција денеска соопшти дека во соработка со колегите од Литванија и Хрватска затворила интернет-страница на која биле поставени упатства за изработка на бомби.

Полицијата од Гетинген соопшти дека 1.000 полицајци биле вклучени во претресите во трите земји и дека 22 лица се осомничени дека имаат врски со страницата xplosives.net.

Властите го заплениле серверот на страницата и бројните уреди за чување податоци, пренесе агенцијата „Танјуг“.

На страницата имало информации за тоа како да се направи оружје и експлозиви.

За време на претресите, запленети биле одредена количина експлозив и дрога.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија9 часа

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија9 часа

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија10 часа

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија11 час

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет11 час

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет12 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет12 часа

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет12 часа

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија13 часа

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион1 ден

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет1 ден

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион1 ден

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа1 ден

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ1 ден

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ1 ден

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија1 ден

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија1 ден

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија1 ден

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ1 ден

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Досие