Македонија
„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето
Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија. По ова, била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор.
На прес-конференцијата „Мост“ ги објави податоците добиени од ПВТ-програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:
Во Изборната единица 1 до 15 часот одѕивот е 35,93, до 16 часот – 39,29, до 17 часот – 42,31, до 18 часот – 45,13 отсто, а во ИЕ 2 – до 15 часот – 31,78, до 16 часот – 34,88, до 17 часот – 37,88, до 18 часот – 41,06 осто.
Во „тројката“ – до 15 часот одѕивот е 37,27, до 16 часот – 40,45, до 17 часот – 43,95, а до 18 часот – 47,64 отсто.
Во другите изборни единици: ИЕ 4 – до 15 часот – 37,87, до 16 часот – 41,71, до 17 часот – 45,83, до 18 часот – 50,25 отсто, во ИЕ – 5 до 15 часот – 33,10, до 16 часот – 36,44, до 17 часот – 39,56, до 18 часот – 42,70 осто а во „шестката“ – до 15 часот – 24,78, до 16 часот – 28,23, до 17 часот – 31,19, до 18 часот – 33,97 отсто.
На претходните прес-конференции „Мост“ објави дека нивните набљудувачи не забележале неправилности во гласањето. Терминот на последната прес-конференција, на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ-програмата за одѕивот и распределбата на гласовите, дополнително ќе биде објавен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
