Контакт

Крвав четврток

Мухамед Зекири и Петре Шилегов ќе сведочат што виделе на крвавиот четврток

Објавено пред

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok

Во кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за 33 обвинети во предметот за крвавиот четврток за теорористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Предметот е во фаза на доказна постапка, а на денешното рочиште, кое ќе почне во 12 часот, како предлози на Обвинителството за организиран криминал и корупција, треба да сведочат пратеникот Мухамед Зекири и градоначалникот и тогашен пратеник Петре Шилегов.

За утре судијката Добрила Кацарска ги покани да сведочат премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи и тогашен пратеник Оливер Спасовски, како и Никола Тодоров и Весел Мемеди. На рочиштата за 13 и 19 септември се поканети пратеници како сведоци.

Меѓу обвинетите за крвавиот четврток се поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и организаторите на протестите Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски. Тие се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Судијката Добрила Кацарска закажа над 50 рочишта за овој предмет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Крвав четврток

МВР објави меѓународна потерница за избеганиот напаѓач на Села

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница ја објави меѓународната потерница за Никола Војминовски, кој го нападнал пратеникот Зијадин Села на 27 април. Војминовски е осуден на 13 години затвор и се товари за обид за убиство, но судот одлучи тој да биде во куќен притвор сè до правосилност на пресудата.

Бегството на Војминовски го потврди кривичниот суд, од каде што соопштија дека тој не бил дома при рутинската контрола на МВР. Пресудата за него беше донесена во јули минатата година.

Војминовски беше и сведок за случајот на 27 април, а во судницата тврдеше дека слушнал како тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, зборувал дека треба да се отворат собраниските врати.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

(Видео) Полупразна судница на судењето за 27 април – рочиштето одложено

Објавено пред

Судијката Добрила Кацарска го одложи денешното рочиште за судењето за настаните од 27 април во Собранието. Причина за одлагање на судењето е фактот што за некио од обвинетите што побарале амнестија не добиле правосилни решенија. За обвинетиот Горан Ѓошевски – Леви кривичниот совет на скопска „единица“ повторно ќе одлучува поради грешки во решението, а обвинетиот Мунир Пепиќ побарал јавна седница во Апелациониот суд за жалбата дека не добил амнестија. Следното рочиште е закажано за 21 јануари кога треба да бидат изнесени завршните зборови.

Амнестија за крвавиот четврток не побараа ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, началникот во МВР за специјални операции, Душко Лазаров, еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, и Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија.

Судот им ги одби барањата за амнестија на обвинетите Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Горан Ѓошевски – Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски – Ќосето, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Случајот за настаните во Собранието на 27 април 2017 година почна на 22 август 2018 година против 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Позитивно мислење по барањата за амнестија добија петтемина пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија – Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, вработените во кабинетот на тогашниот собраниски претседавач – Иван Цветановски и Елена Доцевска-Божиновска, браќата Младеновски, кои открија детали за организацијата на крвавиот четврток, Захарије Симовски, Илија Славевски и Митре Питроповски од патриотските здруженија.

Досега во судот беа сослушани 50-ина сведоци, меѓу кои и еден загрозен сведок, на чие сведочење јавноста беше исклучена. Меѓу нив сведочеа и актуелниот премиер Зоран Заев, министрите Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и други.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Зврлевски дал исказ пред дисциплинската комисија во Обвинителството за 27 април

Објавено пред

Поранешниот државен јаавен обвинител, Марко Зврлевски, минатата година дал исказ пред петчлената дисциплинска комисија во Јавното обвинителство за непостапувањето на обвинителите за крвавиот четврток, дознава „Макфакс“.

Тој, според нашите информации, бил повикан да ја каже неговата верзија за состанокот кој се одржал вечерта на 27 април 2017 година, на кој биле присутни тројцата обвинители Златко Биковски, Гордана Ѓешковска и Јован Цветановски кои се под дисциплинска постапка од мај 2018 година.

Вечерта на средбата било одлучено да не се излегува веднаш на увид поради безбедноста на обвинителите. Колегиум во кој членуваат и виши обвинители не бил свикан.

Според информациите на „Макфакс“, досега дисциплинската комисија сослушувала сведоци кои ги предложиле посочените обвинители. Одлука дали ќе има дисциплинска одговорност за несоодветното постапување на обвинителите би можело да се очекува во текот на месецот.

Обвинителството за тројцата обвинители покрена дисциплинска постапка поради сомнеж дека направиле пропусти во истрагата за крвавиот четврток. Обвинителите се испитуваат дали има нивна одговорност дека не бил извршен увид на местото на крвичниот настан.

Увид бил направен следниот ден в петок на 28 април, од двајца обвинители, но дотогаш веќе биле изнесени компјутерските хард дискови со снимките од Собранието. Предметот во јули 2017 година е предаден на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи10 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија11 час

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања14 часа

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија14 часа

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија14 часа

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет14 часа

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија15 часа

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Македонија15 часа

Зоран Заев: Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за промена на името

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за „Алсат“ призна дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалоков, лично разговарал со 8-те...

Регион15 часа

Во Грција почна расправата за ратификација на преспанскиот договор

Грчкиот парламент ја почна расправата за ратификувањето на преспанскиот одговор, а гласањето сепак ќе се случува в петок, пишува грчката...

Свет17 часа

(Видео) Петгодишни девојчиња на минус 45 степени избегале од градинка во Сибир

Две девојчиња на возраст од пет години избегале од градинка во рускиот град Јакутск во Сибир, при што се здобиле...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион17 часа

Бугарија става крај на продажбата на државјанства

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажбата на државјанства на богати поединци, соопшти Министерството за правда во Бугарија,...

Вести17 часа

(Видео) Москва: Патникот кој се обиде да киднапира руски авион бил под дејство на алкохол

Рускиот истражен комитет објави дека патникот осомничен за киднапирање на патничкиот авион на „Аерофлота”, немал никаков вид експлозив или оружје...

Свет17 часа

Конгресот му забрани на Трамп да излезе од НАТО

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за поддршка на НАТО, со кој му се забранува на американскиот претседател, Доналд...

Регион18 часа

Косовскиот суд осуди повеќе лица за тероризам во Сирија

Судот во Приштина осуди едно лице на пет години затвор поради учество во терористички групи во Сирија. Од судот соопштија...

Свет18 часа

Американските сенатори Меконел и Шумер ќе гласаат за граничниот ѕид

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, закажа гласање во четврток за целосно финансирање на пограничниот ѕид што го бара...

Свет19 часа

Мадуро: Венецуела ќе ги преиспита односите со САД и ќе преземе политички мерки

Каракас ќе ја преиспита својата врска со САД откако американскиот потпретседател, Мајк Пенс, изрази поддршка за идејата на опозицискиот водач...

Свет20 часа

Еврејска група тужи бразилски карикатурист поради карикатура на Нетанјаху и Болсонаро

Еврејската заедница во Бразил го тужи славниот политички карикатурист Ароира за антисемитизам поради карикатура што ги прикажува бразилскиот претседател, Јаир...

Македонија1 ден

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет1 ден

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Досие