Контакт

Свет

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Објавено пред

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и 44 илјади војници за да се справат со огнените стихии.

Според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ), изминативе два дена избувнале нови 1663 пожари. Според проценките, заклучно со 20 август, повеќе од 500,000 хектари биле уништени за 16 дена пожар во џунглата во Амазонија.

Сателитските слики евидентирале повеќе од 72.800 пожари во амазонскиот регион на Бразил помеѓу јануари и август оваа година.

Во пожарите се опустошени и големи области на шума во Парагвај и Боливија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Објавено пред

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од коронавирус и 76 дена беше отсечен од светот. Со најновата одлука им се дозволува на жителите да го напуштат градот со автомобил.Стотици патници на железничката станица во Вухан чекаа да дојде полноќ за да го напуштат градот со воз.

Вухан од 23 јануари беше изолиран од надворешниот свет поради епидемијата од Ковид-19.
Целиот сообраќајот оттогаш потполно беше запрен, но во последните денови линиите се обновуваат.

Враќањето на нормалниот живот во Вухан се смета како сигнал дека Кина е на крајот на кризата предизвикана од коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Европа

Емотивниот говор на кралицата го следеа повеќе од 23,5 милиони луѓе

Објавено пред

Говорот на британската кралица Елизабета Втора пред народот во врска со пандемијата на коронавирус го следеа повеќе од 23,5 милиони луѓе во неделата.

Многу Британци сметаат дека тоа е многу емотивен говор, кој кралицата го заврши со зборовите:

„Ќе се сретнеме повторно набргу“, пишува „Дејли мејл“. Пораката на кралицата беше емитувана од сите британски телевизии, а можеше да се гледа и на социјалните мрежи на кралското семејство, при што новинарите го следат кралското семејство истакнувајќи дека ова е еден од најславните моменти на кралицата во нејзиното 68-годишно владеење.

За кралицата се вели дека им покажала на жителите на Велика Британија и на земјите од Комонвелтот дека е сосема покрај нив, а некои дури и да го споредуваат нејзиниот гест со оној од Втората светска војна кога решила да остане во Лондон наместо да избега на безбедно место.

Кралицата ретко ѝ се обраќа на нацијата, освен со порака за секој Божик и луѓето од Велика Британија се задоволни од нејзината извонредна порака. Тие истакнуваат дека таа ги охрабрила и сите се надеваат оти пандемијата на коронавирусот ќе заврши набргу.

Прикажи повеќе...

Свет

Руските експерти користат суперкомпјутер во потрага по третман за Ковид-19

Објавено пред

Вработените во технолошката лабораторија на Московскиот државен универзитет (МДУ) почнаа пресметки на суперкомпјутерот „Ломоносов“ во потрага по лек за новиот коронавирус Ковид-19, соопшти канцеларијата за печат на универзитетот, пренесува „Спутник“.

Според соопштението за медиумите, технологиите што ги користат суперкомпјутерите можат да обезбедат ефикасни алтернативни решенија за проблеми како што е лекувањето на заболувања.

„За многу болести, идентификувани се протеини кои се одговорни за развојот на патологиите. И ако најдеме таков протеин користејќи молекула што селективно се врзува за него во својот активен центар, тогаш развојот на болеста ќе запре“, вели Владимир Сулимов, шеф на лабораторија во МДУ.

Веќе се почнати масовни пресметки на суперкомпјутерот „Ломоносов“, а следниот чекор е да се пронајдат соодветни молекули способни за врзување со целните протеини. Суперкомпјутерот „Ломоносов“ е инсталиран на МДУ во 2009 година и има уникатен систем со најголем опсег на изведба.

Русија во моментот има 7.497 случаи на коронавирус во 81 регион. Од сите нови случаи, 697 се регистрирани во Москва и 69 во Санкт Петербург.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија6 часа

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија6 часа

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Економија8 часа

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Свет8 часа

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од...

Македонија8 часа

Коронавирусот и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија9 часа

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Македонија10 часа

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се...

Македонија11 час

Некои возови нема да сообраќаат, други ќе возат по нов распоред

Новонастанатата ситуација со полицискиот час, кој ќе почне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае...

Македонија11 час

Адеми: Се разгледува одложување или укинување на државната матура

Министерот за образование, Арбер Адеми, изјави дека се разгледува и дискутира за тоа дали ќе се спроведе државната матура оваа...

Македонија11 час

Интернет-картички за учениците од социјално загрозени семејства за онлајн настава

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата...

Македонија12 часа

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Свет13 часа

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти...

Регион13 часа

Сите заразени со корона во Србија ќе мора да бидат хоспитализирани

Пациентите во Србија кај кои е потврдено дека се позитивни на Ковид-19 веќе нема да можат да се лечат во...

Македонија14 часа

Долги редови пред банките во Куманово, се чека и по два часа

Метеж во сообраќајот, долги редици пред банките, маркетите и аптеките, оваа е сликата во Куманово веќе втор ден, по полицискиот...

Топ15 часа

Штипјанец загина при работа во каменолом

Педесет и двегодишен маж од Штип загинал, откако паднал при работа во каменолом. Тој бил донесен во Клиничката болница Штип,...

Македонија15 часа

Апаратите за вода и кафематите можен преносител на коронавирус

Трудовиот инспекторат забранил за употреба 215 кафемати на бензински пумпи и повеќе други локации по градовите, соопшти претседателка на инспекциски...

Македонија16 часа

Бухова: Докторите професионално ги следат сите протоколи, граѓаните да им веруваат

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, апелира до сите граѓани да им веруваат на медицинските лица. Според...

Топ17 часа

Полицискиот час синоќа го прекршиле 41 лице

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, 41 лице го прекршиле полицискиот час, односно забраната за движење, при...

Европа17 часа

Објавени детали за здравствената состојба на британскиот премиер

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ја мина ноќта во одделение за интензивна нега во лондонската болница „Свети Томас“ и неговата состојба...

Досие