Контакт

Свет

Научниците испитуваат како средствата за плакнење на устата влијаат на коронавирусот

Објавено пред

Група научници од британскиот универзитет во Кардиф ги повикаа колегите да испитаат што е можно побргу дали растворите за плакнење на устата може да го намалат пренесувањето на коронавирусот во раните фази на инфекција.

Во експериментите и ограничените клинички студии се покажало дека одредени средства содржат познати вирусидни соединенија, кои ефикасно ги таргетираат липидите кај слични обложени вируси. Коронавирусите припаѓаат на таканареченото семејство обложени вируси, што значи дека се обложени со масен слој, познат како двослоен липид, пишува „Индепендент“.

Но, иако британските експерти повикуваат на итно истражување за да се провери ефективноста на флуоридските средства, во моментот нема веродостојни клинички докази што ќе укажат на нивната ефикасност. Тие велат дека сè уште не е познато дали постојните средства може активно да дејствуваат против липидната мембрана на Сарс-Ков-2.

Во февруари Светската здравствена организација (СЗО) на тврдењата дека плакнењето на усната шуплина со раствор на флуорид може да нè заштити од инфекција со коронавирус одговори дека нема такви докази.

„Некои брендови на вода за плакнење на устата успеваат да елиминираат одредени микроби од плунката за неколку минути, но тоа не значи дека ќе ве заштити од инфекција на Ковид-19“, тврдеа од СЗО.

Но, истражувачите од универзитетот во Кардиф, заедно со колегите од универзитетите во Нотингем, Колорадо, Отава, Барселона и Институтот „Бабрахам“ во Кембриџ, откриле дека плакнењето на усната шуплина, сепак, успеало да ја оштети липидната мембрана на коронавирусот и со тоа, најверојатно, да се намали стапката на инфекција.

„Професионалната литература што досега ја проучувавме сугерира дека треба да се спроведат дополнителни истражувања за да се утврди потенцијалот на овие средства“, велат научниците.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Италија 111 смртни случаи од коронавирус, 416 се новозаразени

Објавено пред

Бројот на починати од ковид-19 во Италија се зголеми на 111, за 24 повеќе од претходниот ден, а 416 се новозаразени, што е помалку отколку во петокот, објави италијанската цивилна заштита.

Вкупниот број на смртни случаи во Италија поради коронавирусот од почетокот на епидемијата на 21 март сега изнесува 33.340, според Цивилската заштита.

Бројот на потврдени случаи е 232.664, на шестото место зад САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.

Во моментов има 43.691 заболени пациенти. Бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега опаѓа веќе подолго време, па денеска се хоспитализирани 450 лица, 25 помалку од претходниот ден.

Прикажи повеќе...

Свет

Меркел го отфрли повикот на Трамп за самитoт на Г7

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја одби поканата од американскиот претседател, Доналд Трамп, за учевство на предвидениот самит на Г7 во САД.

Таа му заблагодари на претседателот Трамп за поканата на самитот на Г7 на крајот на јуни во Вашингтон“, изјави портпаролот на германската Влада, Штефен Сиберт.

„Од денес, со оглед на состојбата со пандемијата, таа не може да се согласи на лично учество на патување во Вашингтон“, вели Сиберт.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотрес во Корча, почувствуван и во Македонија

Објавено пред

Телеметриската сеизмолошка мрежа, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 17 часот и 35 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 165 километри југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча.

Земјотресот е со 3.5 степени Рихтер, а бил почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска...

Македонија5 часа

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај. Според податоците, Чаир има...

Македонија6 часа

Протокол за градинките: Децата да држат растојание, за секое дете да се обезбедат 2 постелнини

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на...

Македонија8 часа

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Македонија9 часа

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот кој го имаше со Советот за безбедност, одлучи да прогласи нова вонредната состојба, четвртта по...

Македонија10 часа

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од...

Свет10 часа

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија11 час

Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано...

Македонија12 часа

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија12 часа

На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за...

Македонија12 часа

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија13 часа

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет1 ден

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија1 ден

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион1 ден

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија1 ден

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија1 ден

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија1 ден

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Досие