Контакт

Свет

Британски научници велат дека вакцината нема да го врати животот во нормала напролет

Објавено пред

Дури и ефикасна вакцина против коронавирусот нема да го врати животот во нормала напролет, предупреди група британски научници, пренесува Би-би-си.

Вакцината често се гледа како свет грал што ќе стави крај на пандемијата. Но, во извештајот на истражувачите од Кралското друштво се вели дека мора да бидеме реални за тоа што може да постигне вакцината и кога.

Научниците во светот развиваат повеќе од 200 вакцини за заштита од вирусот.

„Вакцината нуди голема надеж за потенцијален крај на пандемијата, но знаеме дека историјата на развој на вакцините е полна со неуспеси“, рече д-р Фиона Кли од Националниот институт за срце и бели дробови на Кралскиот колеџ во Лондон.

Постои оптимизам дека некои луѓе може да примат вакцина оваа година, а масовната вакцинација да почне на почетокот на следната година. Сепак, извештајот на Кралското друштво предупредува дека тоа ќе биде долг процес.

„Дури и кога вакцината ќе биде достапна, тоа не значи дека сите ќе бидат вакцинирани во рок од еден месец, ние зборуваме за шест месеци, девет месеци… една година“, вели професорот Нилеј Шах, шеф на хемиското инженерство на Кралскиот колеџ во Лондон.

Истражувачите предупредуваат дека ќе биде потребно повеќе време за да се добијат одговори поврзани со прашањето за долготраен имунитет и дека сè уште не се знае дали луѓето ќе треба да се вакцинираат на неколку години или една доза ќе биде доволна.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трудо: Ова ќе биде тешка зима, но ние мора да ја задржиме контролата

Објавено пред

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека ситуацијата со пандемијата мора да се држи под контрола и ги повика граѓаните да останат смирени.

Канада бележи 1.763 нови случаи, вкупно 224.650 со 10.023 смртни случаи, а некои провинции – особено Алберта, Британска Колумбија, Онтарио, Манитоба и Квебек – сега имаат повеќе случаи отколку што беа пријавени на пролет, на почетокот на пандемијата.

„Ова ќе биде тешка зима. Лесно е да се кренат рацете … фрустрирачки е што мора да ја поминеме оваа ситуација. Никој не сакаше 2020 година да биде таква година, но ние мора да ја задржиме контролата и секој треба да си го направи својот дел“, рече Трудо.

„Ако не бидеме внимателни, можеби нема да ги има ниту семејните собири што сакаме да ги имаме на Божиќ“, рече премиерот.

По летното затишје, бројот на смртни случаи во Канада започна да расте.

Бројот на хоспитализирани и лица во одделенија за интензивна нега останува на ниво што може да се контролира во повеќето региони, и покрај големиот број случаи.

Прикажи повеќе...

Европа

Над 80 отсто од заболените од Ковид-19 во една шпанска болница имале недостиг на витамин Д

Објавено пред

Група медицински експерти за интензивна нега и биохемичари од болницата во Сантандер ја проучуваа улогата на витаминот Д во ранливоста на пациентите со Ковид-19 и дојдоа до драматични бројки.

Во студијата објавена во „Журнал за клиничка ендокринологија и метаболизам“, тие откриле дека недостаток на витамин Д е пронајден кај 82,2 проценти од пациентите кои имале тешки симптоми на вирусот.

Експертите го спровеле истражувањето поради дискусиите за улогата на витаминот Д, или неговиот недостаток, кај пациентите со Ковид-19.

Истражувачите од Сантандер откриле и дека луѓето со Ковид-19, кои исто така имале недостаток на витамин Д, имале поголема веројатност да имаат проблеми со висок крвен притисок и кардиоваскуларни болести.

Зошто витаминот Д има таков ефект врз одредени системи сè уште не е целосно јасно. Бројни студии, сепак, покажаа дека овој витамин веројатно има навистина позитивно влијание врз имунолошкиот систем.

Студијата наведува дека пациентите со Ковид кои имале недостиг на витамин Д морале подолго да останат во болница од оние со нормално ниво на витамин Д.

Студијата заклучува дека врската помеѓу нивоата на витамин Д и сериозноста на болеста и, следствено, стапката на смртност на пациентите не е докажана, но дека постои силна статистичка врска помеѓу недостаток на витаминот Д кај болничките пациенти и должината на третманот.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Мексико пронајдени 59 тајно закопани тела

Објавено пред

Остатоците од 59 тела беа откриени во тајно ископани јами во државата Гуанахуато во централен Мексико, кој бележи голема стапка на убиства поради војната на наркобандите.

Најмалку 10 тела се женски, а повеќето припаѓале на многу млади луѓе, дури и на тинејџери, изјави Карла Квинтана, директорка на Националната истражна комисија на Мексико.

Властите ги алармираа семејствата на исчезнатите лица кои трагаат по своите роднини, рече таа на прес-конференција, додавајќи дека работата ќе продолжи се додека не се утврдат сите околности.

Ископувањата започнаа пред една недела, пренесуваат агенциите.

Од јануари до август годинава, во Гуанахуато се случиле 2.250 убиства, што е за 25 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формираше работна група којашто развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија1 час

Стапија на сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет1 час

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаи, пишува Би-Би-Си....

Македонија2 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија2 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа12 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија12 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија13 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија14 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет16 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија19 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија20 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија20 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија20 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија21 час

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија21 час

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија22 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет22 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија23 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет24 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Досие