Контакт

Свет

Нова студија: короната останува на кожата девет часа, алкохолот ја уништува за 15 секунди

Објавено пред

Вирусот САРС-КоВ-2, кој го предизвикува Ковид-19, може да остане на човечката кожа околу 9 часа, но може да се уништи целосно за 15 секунди со употреба на 80 % раствор на етанол, заклучува новата студија.

Студијата, објавена на почетокот на октомври во Клиниката за инфективни болести на Оксфорд, имаше цел да истражи колку време САРС-КоВ-2 останува на кожата. Иако постојат истражувања за тоа колку долго останува на разни подлоги, како метал и картон и мазни површини, нема точни индикации за тоа колку долго овој вирус останува на нашата кожа.

Во оваа студија на јапонски научници од универзитетот во Кјото се покажа дека во просек вирусот преживува на кожата околу 9 часа, најкратко околу 7,96, а најдолго околу 10,2 часа, што е нешто подолго отколку што останува на кожата вирусот од групата А – околу два часа.

Сепак, двата вируса може ефикасно да се уништат со средства за дезинфекција на рацете врз основа на алкохол. Во оваа работа научниците користеле 80 % етанол, едно од вообичаените средства за дезинфекција. Докажано е дека овој агенс го уништува вирусот за 15 секунди. За дезинфекција се користат средства што содржат повеќе од 70 % алкохол, а ова се едни од најчестите средства за дезинфекција што сме имале можност да ги користиме во периодот од прогласувањето на пандемијата.

Со кивање и кашлање вирусот лесно се пренесува на кожата, особено на рацете, од каде што, ако некој го допре лицето, може да влезе во респираторниот систем преку очите и носот.

Овој труд ја покажува важноста на основните хигиенски мерки и ефективноста на широкодостапните средства за дезинфекција на рацете, базирани на алкохол. Тоа исто така значи дека овие производи може ефикасно да се користат за дезинфекција на помали области, како што се чевлите.

Свет

Баку го обвинува Ереван за кршење на новиот прекин на огнот

Објавено пред

Азербејџанското Министерство за одбрана ги обвини ерменските вооружени сили за кршење на примирјето во Нагорно Карабах што стапи на сила утринава во 08:00 часот по локално време, пренесува ТАСС.

Вчера вечерта, двете држави договорија нов хуманитарен прекин на огнот во Нагорно Карабах со посредство на САД. Азербејџан денеска соопшти дека ерменските сили продолжиле со напади врз азербејџанските населби и воени единици и покрај новиот хуманитарен прекин на огнот.

„И покрај најавата за нов хуманитарен прекин на огнот во 08:00 часот на 26 октомври, ерменските вооружени сили уште еднаш грубо го прекршија постигнатиот договор. Селата на регионот Агдам, како и градот Тартар и неговите околни села, се цел на тешки гранатирања. Позициите на азербејџанските единици во Тартар, Агдам, Фузули, Лачин и Губадли исто така беа нападнати“, соопшти Министерството.

Во исто време, Министерството подвлече дека Азербејџан строго се придржува до условите за прекин на огнот.

И азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев, денеска посочи дека Ерменија го прекршила прекинот на огнот само неколку минути откако тој стапил на сила, пренесува „Анадолија“. Алијев нагласи дека оние што сакаат хуманитарен прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан испраќаат оружје во Ерменија.

„Ја имам листата. Зошто некој кој би сакал прекин на огнот би испраќал оружје?“, запраша тој.

Осврнувајќи се на оние што ја поддржуваат Ерменија, Алијев изјави: „Ако сакате да ја спасите ерменската држава, кажете им да ги напуштат нашите територии. Тие ќе излезат со вашиот збор.“

Обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија избувнаа на 27 септември, со интензивни битки во спорниот регион Нагорно-Карабах. Областа доживеа разгорување на насилството летото 2014 година, во април 2016 година и минатиот јули. Азербејџан и Ерменија воведоа воена состојба и започнаа со мобилизација. Двете страни во конфликтот пријавија жртви, меѓу нив и цивили.

Како резултат на консултациите иницирани од Русија во Москва, Баку и Ереван се согласија да прекинат со огнот на 10 октомври за хуманитарни цели за размена на воените затвореници и мртвите. Сепак, примирјето подоцна беше прекршено.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу планинскиот регион Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но мнозински населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година откако автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската социјалистичка република Азербејџан.

Во 1992-1994 година, тензиите зовриваа и експлодираа во големи воени акции за контрола над енклавата и седумте соседни територии откако Азербејџан ја изгуби контролата над нив. Разговорите за решението за Нагорно Карабах траат од 1992 година под Групата Минск на ОБСЕ, предводена од тројцата копретседатели – Русија, Франција и САД.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Белорусија: Полицијата во Минск апси студенти

Објавено пред

Полицијата во Минск уапси студенти кои одговорија на повикот на опозицијата да учествуваат во национален штрајк.

Полицијата почнала присилно да ги апси студентите кои биле во поворка од околу 100 луѓе во центарот на Минск и да ги става во полициски возила.

Во исто време, пред зградите на факултетот во Минск, групи студенти се собрале да го изразат своето незадоволство од државната политика на мирен протест.

Вчера истече ултиматумот што опозицискиот лидер Светлана Тихановскаја му го даде на сегашниот претседател Лукашенко.

Клучните барања во ултиматумот се оставка на Лукашенко, прекин на насилството и ослободување на политичките затвореници, објави ТАСС.

Опозицијата ги повика граѓаните да започнат генерален штрајк од денес, но претставникот на белоруската влада изјави дека белоруската индустрија работи како и обично и дека производството не е запрено.

Прикажи повеќе...

Свет

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Објавено пред

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала „високо ефективен антивирусен лек“ што го десеткува коронавирусот без никакви несакани ефекти. Лекот ќе биде претставен на СЗО за сертифицирање, пренесува РТ.

„Сакам да кажам дека Венецуела разви лек кој 100 отсто го уништува коронавирусот. Лекот е дизајниран од Венецуелскиот институт за научни истражувања (ИВИ), кој работи на лек за вирусот во последните шест месеци. Лекот се базира на молекула наречена ТР-10 која беше изолирана и, кога беше спротивставена на вирусот, ја докажа својата апсолутна ефикасност“, рече Мадуро.

Мадуро рече дека студијата е веќе разгледана од експерти и научници и ќе и биде презентирана пред Светската здравствена организација за таа да може да ги потврди овие наоди.

Додека тој го промовираше потенцијалниот чекор напред во терапијата со Ковид-19, Мадуро рече дека Венецуела со нетрпение очекува да му ја понуди оваа терапија на светот, честитајќи му на ИВИЦ за овој голем придонес за човештвото.

„Масовното производство на лекот ќе се олесни преку меѓународни сојузи“, рече тој, без да даде повеќе детали.

Новоразвиениот лек е потполно безбеден, тврди институтот, посочувајќи дека не влијае на здравите молекули во телото и не резултира со несакани ефекти.

Студиите биле спроведени на вирусни клетки изолирани од пациенти со коронавирус во Венецуела, рече Габриела Хименез, министер за наука и технологија.

„Молекулата е дериват на урсолната киселина, која покажа 100 отстотна инхибиција на репликацијата на вирусот ин витро [надвор од жив организам]“, рече таа, цитирана од новинската агенција ЕФЕ.

На почетокот на овој месец, Венецуела стана првата латиноамериканска држава што ја доби руската вакцина „спутник V“ против Ковид-19. Околу 2.000 лица се очекува да бидат имунизирани во Венецуела како дел од истражувањето во фаза III. Вакцината е регистрирана во Русија во август, што ја прави прва регистрирана вакцина во светот против Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала „високо ефективен антивирусен лек“ што го десеткува коронавирусот без никакви...

Топ54 минути

(Видео) Пронајдени околу 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од околу 100 килограми. Уапсен е турски државјанин кој дрогата требало...

Македонија1 час

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион2 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така од вечерва стапува на сила забрана за движење...

Европа3 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа4 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ4 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет4 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија4 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија15 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет16 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија17 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија19 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион20 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион22 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа23 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион1 ден

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ1 ден

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија1 ден

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Досие