Свет
Норвешка целосно ги затвора границите поради новите мутации на коронавирусот

Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март. Како што најави премиерката Ерна Солберг на прес-конференција, границата ќе биде затворена за сите што не живеат во Норвешка.
Сепак, ќе има исклучоци за здравствени работници кои доаѓаат од Шведска и Финска, како и за превозници на стоки. Меѓу исклучоците се вклучени и работниците за одредени бранши и странските новинари, но не и спортистите кои треба да учествуваат на скијачки натпревари во следните недели. Норвешка не е членка од ЕУ, но е дел од шенген-зоната. Мерките ќе бидат разгледани повторно по две недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
СЗО не ги препорачува ковид – пасошите

Висок официјален претставник на Светската здравствена организација рече дека таканаречените ковид – пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања поради бројни проблеми, вклучително и етички причини бидејќи вакцините за коронавирус не се лесно достапни на глобално ниво.
На брифинг со новинарите, шефот на Одделот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека постојат практични и етички разгледувања за земјите што размислуваат да користат сертификати за вакцини како услов за патување, додавајќи дека здравствената агенција на Обединетите нации засега не ги препорачува.
„Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа“, рече Рајан.
СЗО претходно забележа дека сè уште не е познато колку трае имунитетот од вакцините и дека податоците сè уште се собираат.
Рајан, исто така, истакна дека стратегијата може да биде неправедна за луѓето кои поради некоја причина не можат да се вакцинираат и дека барањето ковид – пасош може да дозволи неправдата и неправедноста дополнително да се вметнат во системот.
Свет
Вакцината на „Фајзер“ ефикасна и против бразилскиот вид на коронавирусот

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ успеа да ја неутрализира новата варијанта на коронавирусот што брзо се шири во Бразил, покажа лабораториска студија објавена во New England Journal of Medicine.
Студијата наведува дека крвта на луѓето кои ја примиле вакцината ја неутрализирала вештачката верзија на вирусот која ги содржела истите мутации што ја има многу заразната верзија на коронавирусот откриена во Бразил.
Научниците во студијата наведуваат дека неутрализирачката способност е приближно еднаква на нивната вакцина за претходната, помалку заразна варијанта на вирусот од минатата година.
Во претходно објавеното истражување, „Фајзер“ открива дека нивната вакцина ги неутрализира и другите заразни варијанти на вирусот, британската и јужноафриканската варијанта, иако е докажано дека јужноафриканската варијанта може да го намали нивото на антитела произведени по вакцинацијата.
Свет
Папата: Средбата со исламскиот водач беше мевлем за душа

Папата Франциско се врати во Ватикан по историското тридневно патување во Ирак. Тој пред новинарите изјави дека неговата средба со големиот шиитски ајатолах Али Систани била мевлем за душата.
Папата, голем поборник за директен разговор со претставници на исламот, го опиша состанокот со Систани како разговор во четири очи со скромен и мудар човек во чија близина се чувствува почестен.
„Тој никогаш не станува да поздрави посетител, но стана двапати да ме поздрави мене“, им рече папата на новинарите во авионот на пат кон Рим.
„Верувам дека ова е универзална порака“, додаде папата.
Ајатолахот Систани е највисокиот водач на шиитите, втората гранка на исламот, која е мнозинство во Ирак.
Папата нагласи дека ќе има и други чекори во дијалогот со муслиманите. Тој ги отфрли критиките на сметка на неговите потези.
„Некои критичари велат дека папата не е храбар, тој не е свесен дека прави чекори надвор од католичката доктрина и дека е на чекор од ерес. Овие одлуки се донесуваат преку молитва, во дијалог и барање совет. Тоа е размислување, не каприц“, заклучи тој.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“