Контакт

Македонија

Обвинителството ќе го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

Објавено пред

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување ценовник за рекламирање.

Како што се наведува во соопштението, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција достави известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет-портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.

Во насока на утврдување на наводите од известувањето, во текот на утрово, во координација со Обвинителството, Министерството за внатрешни работи спроведе акција, при што е одземена документација од три фирми што ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции.

Македонија

Мицевски: Зоран Заев јавно се заканува на опозициски пратеници

Објавено пред

На денешната седница на Собранието се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Никола Мицевски.

Мицевски истакна дека „СДСМ и Зоран Заев се навикнати да функционираат така што ќе се закануваат на неистомислениците насекаде низ државата, па така денеска и јавно во Собранието Зоран Заев се закани на опозициски пратеници“.

„Скандалот е уште поголем поради тоа што и претседателот на Собранието е на страна на претседателот на владата Зоран Заев и му дозволува јавно да се заканува на опозициски пратеници, што наликува на начинот на работа во Северна Кореја. Зоран Заев како претседател на владата треба да се занимава со ветените проекти, проекти кои народот чека да се испорачаат и реализираат, а не да отвора сомнеж или да вели дека за одреден пратеник има индиции за криминал. Во Република Македонија постојат институции кои се надлежни за испитување на таквите индиции доколку навистина постојат, но за жал, очигледно е дека Зоран Заев е човекот кој е и судија и кадија во државата.

На јавноста и е добро познато дека адвокатот на премиерот се среќава со судии надвор од судските инстанци и донесуваат одлуки кои се донесуваат во приватни дружби, но тоа не смее да биде ветер во грб на претседателот на Собранието и истиот да не го заштитува интегритетот на сите пратеници во Собранието“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јанушев: Се надевам дека премиерот-прекршител ќе си ја плати казната и за тоа нема да помилуван

Објавено пред

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во денешното свое обраќање својот говор го започна со тоа дека му е мило ми е што денеска во Собрание бил присутен премиерот-прекршител и се надева дека овој пат казната за прекршок ќе си ја плати и нема да биде повторно аболициран или помилуван.

„Обидите очајни за голиот популизам мислам дека воопшто не поминуваат во јавноста, но не сум тука да зборувам за овој човек, човек кој целокупната македонска јавност доста добро го познава. Исто така како што почнаа како со предлогот за избор на старо-ново влада така се продолжува и со предлогот за заменици министри и морам вака да констатирам дека буквално ниту еден не гледам присутен во салата. Толку од почитта, од обидот да еве се покаже дека институциите треба да почнат да функционираат како што треба. Оваа старо-нова Влада, оваа ќе влада ветија мед и млеко, овие ветуваа се и сешто и никогаш не престанаа со тоа. Тие секогаш ветуваа повеќе, за жал повеќе криминал, корупција, повеќе распродажба. Оваа Влада во обид е всушност мафијата која денеска, а и во последните 4 години владее во државата и не направија ништо.

Пробаа преку лаги и манипулации да ги претстават овие старо новите и еве повеќе од еден месец како поминува изборот од нова Влада, ама немаме ниту една буквално една мерка за подобар живот на луѓе. Овие истите што сега ги предлагаат да бидат заменици-министри во највисоките функционери во државата заедно со овие старо новите кои претходно ги избра парламентарното мнозинство, за еден месец не најдов засходно да предлагаат една единствена мерка која ќе биде за добробит на општеството и затоа ова влада е ќе влада, затоа е мафијашка влада“, истакна Јанушев.

Тој во своето обраќање посочи дека за неколку дена отсега „ќе прекршител премиер“ ќе излезе, ќе стави раката на срцето и ќе каже мора тоа да се направиме бидејќи овој староновиот министер кој претходно се добро менаџираше, но еве колку е се добро сработено сите ние ќе мораме повторно да седиме дома.

„Она што е интересно што оваа мафијашка ќе влада кога прв пат успеа да ја формира таа влада ветуваше една работа која продолжуваше да се провлекува во сите нивни настапи и говори, а тоа беше едно општество на сите. Еве во овие 16 предложени имаме 8 Aлбанци, 6 Mакедонци и 2 Tурци. Имаме 14 мажи и замислете само 2 жени. Ова беше онаа флоскула, празна реторика за родова и еднаква застапеност. Не ви пречи на вас пратеничките од СДСМ кои ќе го гласате ова или како каже шефот, како каже капо ди туто капи, мораме да дигнеме рака зошто веројатно е така“, додаде Јанушев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нуредини на консултативна средба за предлог-мерки за спас на Преспанското Езеро

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Арјанит Хоџа, и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, се обратија на јавната трибината, која денеска се одржа во Ресен и на која се работеше на изнаоѓање на конкретните активности и мерки за заштита и надминување на алармантната состојба со водостојот на Преспанското Езеро.

На трибината се собраа претставници од стручната јавност, државните и општинските институции, проектните единици и меѓународните партнери, кои работат на тематски активности во Преспанскиот Регион, како и граѓанските организации и иницијативи.

Укажувајќи на суштинската важност на воспоставувањето на трилатералната соработка со државите со кои ги делиме водите на Преспанското Езеро, министерот Нуредини ја потенцира важноста на активностите што и ние како држава ќе ги сработиме. Притоа тој нагласи дека голем број проекти поврзани со Дримскиот Базен, со самото Преспанско Езеро или со природата во Преспа паркот, се реализираат во регионот и многу е јасно дека иницијалниот чекор за креирање соодветни решенија е собирањето на постојните податоци, споделувањето на сознанијата и консолидација на заклучоците до кои е дојдено во рамките на проектите.

Разни видувања на проблемот со алармантното намалување на водостојот на Преспанското Езеро преку презентации дадоа од Секторот за животна средина при Општина Ресен, од Македонското еколошко друштво, Хидробиолошкиот завод во Охрид, од Секторот природа при Министерството за животна средина и просторно плнирање, од тимот за ревизија на планот за управување со споменикот на природата – Преспанското Езеро и од Биотехничкиот факултет од Битола.

Усогласување на методологијата и обезбедување континуиран мониторинг во трите држави што го делат Препанското Езеро, вклучување и анализа на податоци за земјоделскиот сектор и неговото влијание во правец на испитување на влијанието на потрошувачката на вода за наводнување заради зголемувањето на земјоделскиот сектор во регионот, потребата од изнаоѓање алтернтивни начини на наводнување на земјоделските површини, како и изработка на сериозна научна студија за влезот и излезот на водите во езерото, се главните заклучоци донесени на крајот на дискусијата на сите засегнати страни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет2 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија2 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија4 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија4 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион4 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија5 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија5 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет6 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија6 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија7 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија7 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа8 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа8 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет9 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија9 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија10 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија23 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија24 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Досие