Топ
Ограбена обложувачница во Маџари, вработената го испланирала грабежот

Вработена во обложувачница во Маџари вршела фиктивни уплати на тикети, а потоа, за да прикрие дека недостигаат пари, испланирала вооружен грабеж.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против лицата А.Ж. (30) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин и Ј.Б. (22) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело помагање и лажно пријавување кривично дело, при што стекнале противправна имотна корист од 196.000 денари.
На 5 септември годинава околу 9.30 првопријавениот претходно се договорил со вработената да влезе со оружје и наводно да ја принуди да му ги даде парите од сефот од обложувачницата. Тие ја договориле кражбата со цел да го прикријат долгот на парични средства што претходно ги направил пријавениот уплаќајки поголем број тикети со високи суми, фиктивно без уплата на пари, а уплатите на тикети ги извршила Ј.Б.
„Второпријавената кривичните дела ги извршила на тој начин што претходно со пријавениот А.Ж. се договорила тој да дојде во обложувалницата вооружен со огнено оружје и да ѝ ги побара паричните средства од касата, а сè со цел таа да го прикрие минусното салдо на состојбата од касата на обложувачницата што го направила на начин што се согласила да му изврши поголем број фиктивни уплати на тикети на првопријавениот, без уплата на парични средства“, велат од МВР.
Од таму информираат дека двете лица се приведени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го известил судот дека од 17 до 21 февруари ќе биде во Брисел на комитет на парламентарното Собрание на НАТО.
Димовски во поднесокот навел дека е шеф на делегацијата од Македонија. На судењето беа присутни останатите обвинети, освен бегалецот Никола Груевски. Следното рочиште е закажано за 7 март во 10 часот.
Во предметот „Талир“ обвинети се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски, ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, која лани призна вина и доби условна казна.
СЈО тврди дека обвинетите незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во готовина, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на различни имиња. Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари. Предметот ќе го суди судечки совет со кој ќе претседава Осман Шабани.
Никола Груевски е обвинет дека во периодот од 2009 година до 2015 година спротивно на Законот за финансирање на политички партии и Законот за спречување на корупцијата, обезбедувал финансии од анонимни и противправни извори на финансирање за ВМРО-ДПМНЕ.
Во овие свои активности му помагале обвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски, кои им вршеле притисок на претставници на правни лица, кои, пак, имале склучено договори за јавни набавки со државни органи, јавни претпријатија или единици на локална самоуправа да обезбедат финансиски средства во готовина за потребите на финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како противуслуга за добиените јавни набавки и реализираниот профит.
Обвинетите Илија Димовски, Елизабета Чингароска, Леко Ристоски и Миле Јанакиески, како овластени потписници на сметката на ВМРО-ДПМНЕ, иако знаеле дека парите потекнуваат од кривично дело, ги пуштиле во натамошен оптек со потпишување налози за плаќање на обврските и за купување недвижен имот за ВМРО-ДПМНЕ.
За предметот „Талир“ има уште едно обвинение за кое судот сè уште се нема произнесено дали е оценето обвинението, а се однесува на незаконска изградба на партиското седиште.
Свет
Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити, пренесува „Спутник“.
„Пет мажи и една жена беа убиени, а две жени и еден маж се повредени како резултат на пукањето во населбата Лос Рејес Кулхуакан во Изтапалапа. Тие биле на јавно место за време на нападот”, се вели во соопштението.
Според првичните наоди, група луѓе пиеле алкохол кога четворица криминалци им се доближиле во автомобил и отвориле оган врз нив пред да избегаат од местото на настанот. Обвинителството почна истрага во врска со масовното убиство.
Во последниве неколку години Мексико се соочува со висока стапка на криминал поради зголемените криминални активности на повеќе наркокартели и насилните престрелки меѓу нив.
Македонија
Заев и Ахмети ги почнуваат разговорите за консензуален претседателски кандидат

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, денеска во Клубот на пратениците треба да одржат средба во врска со претстојните претседатели избори и можноста за настап со заеднички консензуален кандидат.
Во интервју за РТК по повод 11-годишнината од независноста на Косово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, зборуваше и за претседателските избори во земјата, истакнувајќи дека тој ја испружил раката за соработка со албанската опозиција за заеднички кандидат Албанец, но, за жал, двете опозициски партии го одбија.
„Сега, јас ја испружив раката, но албанските опозициски политички партии излегоа со многу навредувачки ставови и не ја прифатија испружената рака, мене ми е жал за ова. В понеделник ќе има средба на коалициските партнери. Ние стоиме на нашиот принцип за претседател на државата со договор помеѓу страните кои имаат легитимитет, значи на албанската и македонската страна. Има волја да се постигне договор, но ова зависи од страните што ќе се сретнат в понеделник”, истакна Ахмети.
СДСМ и калициските партнери на синоќешната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател, ,,во интерес на сите граѓани”. Како што соопшти партијата, ПЗаев, во име на коалицијата, ќе ги продолжи консултациите со партиите од албанскиот блок во владината коалиција, како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, од власта и опозицијата, околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.
Конкурсот на СДСМ за пријавување кандидати за претседател на државата завршува утре. Конечната одлука кој ќе биде избран за претседателски кандидат од владејачката партија ќе биде донесена на партискиот конгрес на 3 март.
ВМРО-ДПМНЕ во саботата во Струга ја избра професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска-Давкова, за нивен претседателски кандидат. Претседателските избори ќе се одржат на 21 април годинава.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал