Топ
Осумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа во Тетово
Осумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Тетово.
Според информациите на МВР, вчера околу 22>40 часот на крстосницата од ул. „160“ и ул.„161“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(20) од Тетово и „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.З.(18) од Тетово.
На местото на несреќата животот го загубил Ш.Љ.(18) од Тетово, сопатник во „аудитo“, додека, пак, со тешки телесни повреди се здобил вториот сопатник во истото возило, Е.М. од Тетово. Поради сериозноста на повредите, тој е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Причините засега се непознати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари
Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата за над 1.700.000 денари.
Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“.
Пријавениот правен субјект во својство на даночен обврзник и Н.Б. – во периодот на сторување на делото управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет на правното лице, преку одбегнување на целосно или делумно плаќање на персонален данок на доход по други основи, данок на добивка и данок на додадена вредност, со неевидентирање на промет, неточно утврдување на даночната основа преку помалку искажани приходи, повеќе искажани расходи и непризнаени расходи постапиле спротивно на законски одредби, при што во 2022 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 357.288 денари, во 2023 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 355.371 денари, во 2024 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, и ДД на вкупен износ од 760.763 денари и во 2025 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 247.080 денари.
Со таквите дејствија, пријавените се стекнале со вкупна противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 1.720.502 денари.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Радев кажа дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, а Венко одма побрза да му се допадне
Радев кажа дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, а Венко одма побрза да му се допадне, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на честитката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за изборот на Румен Радев, за премиер на Бугарија.
„На кого одговара Венко Филипче, пред Зоран Заев или пред Румен Радев или пред двајцата? Во ситуација кога Македонија е блокирана од Бугарија со билатерални барања кои ги загрозуваат националните интереси, Венко прво што направи е да се допадне на Радев како нов премиер и да застане на нивна страна, воедно да изгледа и како кодош и клеветник на македонскиот премиер Мицкоски. Радев не е нов политичар, само е нов премиер на Бугарија, но сите добро ги знаеме неговите ставови поврзани со Македонија и македонскиот народ, јазик, идентитет, историја. Радев има кажано дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, што значи дека ни тој како премиер нема да се откаже од бугарските барања и од вета поврзани со националниот идентитет. И во таква ситуација, Венко одма побрза да му се допадне и да застане на негова страна. Нема предавство кое СДС и Филипче не се спремни да го спроведат. Тоа што Заев го започна со распродажба на државните и национални интереси Филипче сака да го доврши. Филипче стана современиот кодош Коте од Руља“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да се вразумат и еднаш да застанат на вистинската македонска и државна страна, во одбрана на државните интереси, додаваат од партијата, СДСМ повторно испраќаат порака дека се спремни на предавство.
„Затоа и тонат и исчезнуваат од политичкиот спектар“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Филипче му честита на Радев: Со почитување на нашиот идентитет, можеме да ги надминеме сите отворени прашања
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му ја честита победата на Румен Радев за премиер на Бугарија. Тој изрази очекување дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија.
„СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија. Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Македонија е цврсто определена за европска иднина. Единствениот пат е патот на ЕУ интеграциите. За жал, во Македонија постои криминална група, предводена од Христијан Мицкоски, која свесно го блокира европскиот пат на земјата и создава вештачки конфликти со соседите, заради заштита на својот корумпиран систем“, напиша Филипче на социјалната мрежа Икс.
СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија.
Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без… pic.twitter.com/mWrjdsXsAQ
— Venko Filipce (@VFilipche) May 8, 2026
Веруваме дека преку конструктивен дијалог, додава тој, без прекршување на црвените линии, со почитување на нашиот национален идентитет и на европските принципи, можеме да ги надминеме сите отворени прашања и да го забрзаме европскиот пат на целиот регион.
„Добрососедските односи се најголем приоритет за заеднички соживот во големoтo европско семејство. Да работиме заедно на подобра иднина и повисок животен стандард на нашите граѓани, со сите членки на Европската Унија“, напиша Филипче.
