Европа
Папата именуваше 13 нови кардинали

Папата Франциско именуваше 13 нови кардинали од целиот свет, фокусирајќи ја на тој начин иднината на Католичката црква на луѓето кои ја делат неговата визија за социјална правда, права за имигрантите и дијалогот со исламот.
Десет од 13 ново именувани кардинали имаат под 80 години и можат да учествуваат во конклавата за избор на нов папа.Во моментов, меѓу 128-те кардинали со право на глас, половина се оние назначени од папата Франциско, што ја зголемува можноста следниот Папа да продолжи да ги спроведува неговите политики.
Новите кардинали се идеолошки блиски до папата Франциско, кој става акцент на лошата позиција на мигрантите и сиромашните и промовира дијалог со други вери.Церемонијата на назначувањето на новите кардинали од Европа, Америка, Азија и Африка се одржа во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.
Два од кардиналите се од земји со муслиманско мнозинство – Индонезија и Мароко.
„Мислам дека Папата сакаше да ги направи видливи црквите коишто се речиси невидливи“, рече кардиналот Кристобал Лопез Ромеро од Рабат, главниот град на Мароко.
Другите кардинали се од Луксембург, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија, Литванија, Конго, Гватемала, Куба, Канада и Ангола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Франција воведува ограничувања за патниците од Индија поради индискиот вид на коронавирус

Франција ќе воведе нови ограничувања за влез на патници од Индија поради индискиот сој на Ковид-19 што се појави во Индија, изјави денеска владин претставник.
Од сабота, одредени ограничувања за Бразил, Аргентина, Чиле и Јужна Африка ќе започнат да се применуваат во Франција, пишува АФП.
Габриел Атал, владин портпарол, исто така, потврди дека Франција, како што беше планирано, ќе ја укине забраната за домашно патување на 3 мај, но ќе го напушти полицискиот час, кој е на сила од 19 до 18 часот. Сите продавници, кои беа затворени на почетокот на април, нема да бидат отворени до средината на мај, рече тој.
На почетокот на овој месец, Франција ги прекина сите летови од Бразил во обид да го запре ширењето на новиот вид на Ковид-19 пронајден во таа јужноамериканска земја. Во сабота, таа привремена мерка ќе биде заменета со строго ограничување на патувањето за пет земји што вклучува задолжителен десетдневен карантин со полициски проверки.
Патниците од овие земји дополнително ќе треба да поминат задолжителен антиген тест по пристигнувањето, покрај ПЦР-тестот што го прават пред да се качат на летот.
Британскиот вид на коронавирус сега сочинува околу 80% од случаите во Франција, додека новите видови на коронавирус за прв пат идентификувани во Бразил и Јужна Африка се застапени со помалку од 4% од заразените лица со Ковид-19, рече минатата недела министерот за здравство Оливие Веран.
Европа
Шведска може да воведе построги мерки доколку се зголеми притисокот врз болниците

Шведската влада предупреди на нови и построги мерки доколку луѓето продолжат да ги игнорираат постојните ограничувања и препораки во пандемијата на Ковид-19 и да го зголемат притисокот врз здравствениот систем, кој веќе се бори со третиот бран на коронавирусот, пишуваат тамошните медиуми.
Шведска, која најмногу се истакнуваше со воведување доброволни мерки како одговор на пандемијата, забележа речиси најголем број луѓе на интензивна нега од избувнувањето на коронавирусот пред една година.
Единиците за интензивна нега во некои региони се пренатрупани, а бројот на легла достапни за најсериозно болните падна под 20 проценти во целата земја.
„Сега нема простор за живеење како пандемијата веќе да е завршена. Стапката на новозаразени не паѓа сама од себе“, рече министерката за здравство, Лена Халенгрен, на прес-конференција.
Таа ја истакна потребата граѓаните да се придржуваат до постојните правила и препораки и рече дека не ја исклучува можноста за построги мерки доколку ситуацијата се влоши. Таа не објасни какви мерки може да се преземат и што може да ги охрабри.
Инаку, заклучно со денеска, 409 лица се на интензивна нега во Шведска наспроти 560 во екот на смртоносниот прв бран на коронавирусот минатата година.
Шведска, која избегнуваше затворање и ги држеше училиштата, деловните субјекти и рестораните претежно отворени, денеска потврди 7.510 новозаразени од Ковид-19 и 38 смртни случаи, со што бројот на жртвите достигна 13.863 лица.
Податоците за оваа недела на Европскиот центар за контрола на болестите покажуваат дека Шведска е меѓу земјите на Европската Унија со најголем број новозаразени на жител за 14 дена, но и меѓу земјите со најмалку смртни случаи.
Европа
ЕУ плаќа 15,50 евра за една доза од вакцината на „Фајзер-Бионтек“

Европската Унија се согласи да плати во просек 15,50 евра (18,60 долари) за една доза од вакцината на „Фајзер-Бионтек“, објави денес шпанскиот весник „Вангардија“.
Весникот објави копија од документот на својата веб-страница, за која тврди дека всушност е договор што Европската комисија го потпишала во ноември, пренесува агенцијата АП.
Со договорот за 200 милиони дози, со можност за купување нови 100 милиони дози, беше договорено цената на првите 100 милиони дози да биде 17,50 евра (21 долар).
Во исто време, цената на останатите 100 милиони дози е утврдена на 13,50 евра (16,20 американски долари), додека опционите 100 милиони дози чинат 15,50 евра (18,60 долари).
Минатиот месец, ЕУ потпиша друг договор за уште 200 милиони дози вакцини на „Фајзер-Бионтек“.
Европската комисија, која преговара за договори за вакцини со фармацевтски компании, одби да открие колку ЕУ плаќа за вакцините.
Вакцината на „Фајзер-Бионтек“ е една од четирите вакцини што во моментов се користат во ЕУ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?