Македонија
Пендаровски во посета на Франција, утре ќе разговара со Макрон

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум, а утре е планирано да има средба со францускиот претседател Емаунел Макрон.
Тој најави дека пред Макрон ќе ја повтори позицијата дека евроинтеграцијата на Северна Македонија нема алтернатива и оти земјата е подготвена да продолжи по тој пат, независно дали тоа ќе биде според досегашната или по новата методологија што ја заговара Франција.
Шефот на државата очекува во наредниот период да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит, пред сè Франција, која беше против почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
Пендаровски, покрај средбата со Макрон, утре ќе има и обраќање на форумот, на кој ќе учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на авиони „Хари С. Труман“ каде остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол.
За ова информираше премиерот Зоран Заев на неговиот профил на „Фејсбук“, каде напиша дека тоа било можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО Алијансата.
„Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација. Северна Македонија припаѓа во најсилниот систем на колективна безбедност. Најсилните земји во светот се наши сојузници, а Северна Македонија е 30та полноправна земја членка на НАТО“, напиша Заев.
Со сличен коментар, на социјалните мрежи се огласи и министерката Радмила Шекеринска која оцени дека денот бил полн со адреналин.
„Слетавме на носачот на авиони „Хари С. Труман“. Заедно со премиерот Зоран Заев и шефот на парламентот Талат Џафери, таму имавме средба со адмирал Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол“, напиша Шекеринска.
Македонија
Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото за метрологија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
„Н.П. изготвил и потпишал потврда за отворање на постапка за идентификација, со која на жител од Кичево му потврдил статус „државјани на РСМ кои се враќаат од странство“, а која се однесувала за товарно возило кое не гo исполнувало законски предвидениот ЕУРО стандард, по што внел податоци од негов колега, без негово знаење и согласност. М.Т., како раководител во Бирото за метрологија, ја потпишал изготвената потврда, без да се увери дека нема потпис од изготвувачот и дека копијата од странската сообраќајна дозвола не била заверена на нотар“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, И.Т., во својство на помошник раководител во Бирото, нелегалната потврда ја потпишал и ја заверил со службен печат од Бирото за метеорологија.
Македонија
СДСМ: Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра

„Портпаролот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски денеска конечно призна дека неговата ВМРО-ДПНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска“, велат од СДСМ преку соопштение.
„Спротивно на членот 71 од Изборниот законик каде што јасно стои дека сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на таа сметка. Сметката е затворена а незаконскиот долг од 400.000 евра не може да се врати од друга сметка. Прашање е зошто тие фирми молчеле за овој долг и тоа е нова димензија на оваа афера. Скандалот, најновата афера во ВМРО ДПМНЕ мора да се расчити, особено што е поврзан и со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО“, велат од СДСМ.
Владејачката партија додава дека Мицкоски признал оти ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите криминални навики, сметки за изборни кампањи полни со долгови, исто како во времето на Груевски и дупката од 3.5 милиони евра.
„Сега, Мицкоски треба да се охрабри и да одговори што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ? Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ? Со секој нов ден на виделина испливуваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таков е случајот и со Законот за употреба на јазици со кој Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги плашеа граѓаните. Денес, се покажа дека никој нема да плаќа казни ако не знае албански, дека никој никој не е принуден да учи албански или каков било друг јазик, дека институциите не се блокирани заради Законот за употребата на јазиците, како што со месеци лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, смета СДСМ.
Од владејачката партија додаваат дека граѓаните на 12 април ќе ги поразат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци