Контакт

Регион

Поради лажни вести уапсени двајца уредници во Црна Гора

Објавено пред

Полицијата во Подгорица ги уапси главните и одговорни уредници на црногорските портали „Борба“ и „ИН4С“ под сомнение дека извршиле кривично дело предизвикување паника и немири. Според надлежните, тие предизвикале паника во јавноста со објавување лажни вести со случувањата во „Вила Горица“ во Подгорица без да ги проверат информациите.

„Вилата Горица“ во Подгорица се користи за прием на високи гости и делегации од странство од страна на претседателот Мило Ѓукановиќ и Владата. Во вилата вчера попладне се запали разводна кутија, но дефектот брзо бил саниран.

„Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника“, наведе вчера полицијата.

„Борба“ и „ИН4С“ објавија дека во „Вила Горица“ се случила експлозија и дека на лице место се упатени противпожарна екипа и полиција.

Регион

Албин Курти предложен за премиер на Косово

Објавено пред

Косовската Движење Самоопределување, со писмо упатено до претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и што се претпоставуваше, за иден мандатар на косовската влада го предложи претседатлот на оваа партија, Албин Курти, пренесуваат косовските медиуми.

Предлогот за иден премиер е доставен и покрај застојот во преговорите за коалиција меѓу Самоопределување и ЛДК – партиите што победија на октомвриските избори и кои сè уште не успеваат да пронајдат заедничко решение за формирање влада.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по официјалното прогласување на резултатоите од октомвриските избори, во повеќе наврати го повика Курти да му предложи мандатар од неговата партија за Тачи со формален декрет да го прогласи за одговорен за предлагање на идната влада на Косово.

На денешното именување му претходеше вчерашната најава од Тачи дека би можел самоиницијативно да го прогласи Курти за мандатар на идната косовска влада.

Од моментот на преземање на мандатот, Курти ќе има рок од 15 дена да го предложи во собранието составот на новата влада. Составот на владата мора да биде одобрен од 61 пратеник, пренесува порталот „Кос сев“.

Прикажи повеќе...

Регион

Автобус го промашил патот 10 пати, патниците патувале осум часа од Сплит до Загреб

Објавено пред

Автобус „се изгубил“ десет пати на патот, патниците патувале осум часа од Сплит до Загреб. Во ваква неверојатна ситуација се нашле патниците на „Кроација бус“, кои од Сплит тргнале изутрината во 4.30 часот. Тие требало да бидат во Загреб по 9 часот, но нивното патување се одложило до недоглед.

„Во 9.40 часот требаше да пристигнеме на нашата дестинација, а ние бевме на 300 километри од Загреб. Возачите имаат неодговорен и незаинтересиран однос кон работата. Најлошо од сè, тие дури и не си помагаа едни на други во решавањето на проблемите. Тие досега нè шетаа најмалку 10 пати, им напишал еден од патниците на надлежните во компанијата за превоз.
Како што пренесува „Слободна Далмација“, проблемите почнале на патувањето поради невремето што предизвикало затворање на автопатот А1 кај Свети Рок и Поседарје.

Автобусите биле испратени по други патишта, каде што залутале на јадранската магистрала кон
Карлобаг. Но, и таму биле информирани дека патиштата се затворени по што почнале да се враќаат назад.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска помали пензии за пензионерите од поранешна Југославија

Објавено пред

Голем број хрватски пензионери, кои дел или целиот работен стаж го оствариле во некоја од републиките на поранешна Југославија, последниве месеци на домашна адреса добиле решенија со кои им се утврдени нови, значително пониски пензии од оние што ги примале досега, објави порталот Јutarnji.hr.

На тие пензионери, 30 години по распадот на поранешната држава и 20 години од склучувањето на договорот со кој се уредува меѓудржавното социјално осигурување на таа територија, се ажурираат пензиските износи, што по правило резултира со значително пониски износи.

Според неофицијалните податоци на кои се повикува Јutranji.hr, станува збор за речиси 2.000 лица, а главната причина што тоа се спроведува сега е што за некои пензионери од БиХ и од Србија пресметките чекале 15 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија9 часа

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија10 часа

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија11 час

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија11 час

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет12 часа

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија13 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија15 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија15 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ15 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет16 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет16 часа

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија17 часа

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет17 часа

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет1 ден

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет1 ден

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава1 ден

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион1 ден

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет1 ден

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија2 дена

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Досие