Свет
Поради пожарите, два милиона луѓе во Калифорнија живеат во мрак

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, прогласи вонредна состојба на целата територија на оваа сојузна американска држава поради пожарите и екстремните временски услови поради кои мора да се евакуираат речиси 200.000 луѓе.
Повеќе од два милиона луѓе во Калифорнија останаа без струја кога најголемата компанија за дистрибуција на електрична енергија превентивно го исклучи снабдувањето за да спречат нови пожари.
Њусом рече дека властите ги вложуваат сите расположиви ресурси во борбата против пожарите, поттикнати од екстремно силениот ветер. Голем пожар го зафати подрачјето на долината Напа во северна Калифорнија, позната по многуте лозја, а друг пожар го загрозува градот Ваљехо во областа на Сан Франциско.
Во јужна Калифорнија, во областа Санта Кларита, во близина на Лос Анџелес, пожар уништи 18 објекти и ги загрози домовите и важната инфраструктура. Најголемата евакуација беше спроведена во округот Сонома, каде што на 180.000 им беше наредено да ги напуштат своите домови.
Стравувајќи дека ветровите може да го рашират огнот и на главниот пат, властите наредија и евакуација во делови на Санта Роса, со 175.000 жители, кој беше уништен од пожари пред две годин. Без струја од саботата вечерта се 2,3 милиона луѓе во 36 окрузи во Калифорнија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полицијата уби 16-годишна Афроамериканка во Охајо

Полицијата во Колумбос, главниот град на американската држава Охајо, уби 16-годишна Афроамериканка по интервенција по пријава дека нападнала две девојчиња со нож, пренесува „Ројтерс“.
Членовите на семејството ја идентификуваа убиената девојка како Макија Брајант, на возраст од 16 години.
Тетката на убиената девојка, Хазел Брајант изјавила дека тинејџерката живеела во згрижувачки дом и на трагичниот настан му претходела кавга со некој во истата институција.
Полициските снимки покажуваат хаотична сцена на тревникот пред куќата, а една девојка мавтала со нож кон друга, која паднала на грб, а потоа се упатила кон друга девојка, која удрила во паркиран автомобил. Потоа полицаецот отворил оган.
Брајант тврди дека нејзината внука го фрлила ножот што го имала во нејзината рака пред полицаецот неколку пати да пука во неа.
Локалните медиуми објавија дека група демонстранти се собрале во близина на куќа во југоисточното предградие на Колумбос каде се случило пукањето.
Европа
Чешка ќе бара Русија да плати отштета за експлозијата во магацинот за оружје

Долниот дом на чешкиот парламент усвои документ со кој се повикува владата да побара обештетување од Русија за експлозијата од 2014 година, во складиштето за муниција во чешкото село Врбетице, објави денеска чешкиот весник „Днес“.
Пратениците исто така ја повикуваат владата да го намали бројот на руски дипломати во Чешка и ја поддржаа одлуката на владата да протера 18 вработени од руската амбасада, кои ја напуштија Прага во понеделникот, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Долниот дом на чешкиот парламент исто така ги повика министрите да се спротивстават на акциите што му штетат на суверенитетот на Чешката Република.
Според документот, на руските компании не смее да им се дозволи да учествуваат во стратешки важни инфраструктурни проекти на територијата на Чешка, како што е изградбата на нуклеарни централи.
Претходно, чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Министерството за финансии подготвува тужба за отштета против оние кои стојат зад експлозијата во складиштето за муниција во селото Врбетице.
„Нанесена е огромна штета. Министерството за финансии подготвува тужба со барање за обештетување“, најави Бабиш.
Бабиш во саботата вечерта (17 април) соопшти дека руската воена тајна служба ГРУ била одговорна за двете големи експлозии во магацинот со оружје во јужна Чешка, при што загинаа две лица.
Во чешката јавност се погласни се обвинувањата за „руски државен тероризам“ и земјата е исправена пред промена на својата досегашна надворешна политика кон Русија.
Владата во Москва реагираше веднаш и прилично остро. Министерството за надворешни работи ги нарече обвинувањата „апсурдни“ и од своја страна протера дваесет чешки дипломати од Русија, односно речиси целиот персонал во амбасадата на Чешка.
Свет
(Видео) Солзи, танцување и славење во Минеаполис по пресудата на убиецот на Флојд

Луѓето ширум САД славеа во вторникот откако поранешниот полицаец Дерек Шовин, обвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, беше прогласен за виновен по сите три точки – убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од втор степен од небрежност.
Стотици луѓе се собраа во вторникот пред судницата во Минеаполис каде што трпеливо чекаа да дојде пресудата, која пристигна по десетчасовно дебатирање.
Нивните навивања и извици можеа да се слушнат во судницата откако Шовин беше прогласен за виновен. Снимките од местото на настанот покажуваат дека насобраните главно молчеле, сè додека некој не извикал: „Тој е виновен! Тој е виновен!“
Тие почнале да скокаат од радост, а имало и солзи. Еден од нив ги замолкнал и извикал: „Дерек Шовин е прогласен за виновен!“
Прославата продолжила со огномет до доцна во ноќта на плоштадот Џорџ Флојд, спомен-местото на раскрсницата од Источната 38. улица и авенијата Чикаго во Минеаполис.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?