Контакт

Топ

Првите пасоши и лични карти на Северна Македонија до крајот на годината

Објавено пред

Првите лични карти и пасоши на Република Северна Македонија се очекува да почнат да се употребуваат до крајот на годината. Граѓаните што ги загубиле или на кои им истекува важноста на документите и допрва треба да аплицираат за нови не треба да имаат дилема – документите сè уште ќе им бидат издавани само со Република Македонија во следните месеци, велат неофицијално службени лица од  МВР. Процените се дека утврдувањето на изгледот на новите документи и усогласувањето со законската регулатива пред да се направи набавка е процес што се очекува да заврши до октомври-ноември. Од МВР велат дека додека трае постапката, документите ќе се издаваат во согласност со постојните закони.

„По објавувањето во ‘Службен весник’ на одлуката за стапување во сила на името Република Северна Македонија, ќе се сменат законите и подзаконските акти што ги регулираат изгледот и употребата на личните документи на граѓаните. Потоа, во согласност со законските одредби, ќе биде спроведена јавна набавка и ќе бидат набавени обрасците за новите лични документи. До тогаш граѓаните непречено може да ги користат постојните лични документи. За каква било промена граѓаните ќе бидат навреме информирани“, соопштија од МВР.

Промената на документите во согласност со договорот од Преспа треба да се направи во следните пет години. Првите табли со новото име на државата се очекува да бидат поставени на граничните премини, а од Владата денеска беа отстранети буквите на зградата од натписот Влада на Република Македонија со образложение дека утре ќе се одржува свечена церемонија на која ќе се постави знамето на НАТО.

Свет

Уапсени седум лица за терористичките напади во Шри Ланка, бројот на жртви се искачи на 200

Објавено пред

Уапсени се седум лица, осомничени за бомбашките напади на неколку локации во земјата. Зад нападите би можела да стои локална радикална муслиманска организација, пренесуваат западните медиуми.

Голем број светски медиуми пренесоа, повикувајќи се на информациите на „АФП“, дека властите пред десет дена добиле информации кои навестувале можност за извршување на терористички напад.

Во серијата напади што се случија во неколку цркви и хотели на денот кога католиците го празнуваат Велигден, загинаа над 200 лица, а 500 се повредени. Само во една црква загинаа над 50 лица, изјавија полициските службеници. Владата во Шри Ланка воведе полициска час и најави дека следните два дена ќе бидат неработни. Полицијата јави дека во нападите животот го загубиле и 35 странски државјани.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

МОСТ: Прилепчанец гласал заедно со сопругата, откако видел дека го нема во списокот

Објавено пред

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности. Само на две гласачки места се забележани изолирани неправилности:

• На гласачко место 2805/1 во општина Центар, Скопје, на почетокот од гласањето биле откинати 3 ливчиња заедно со серискиот број од кочанот.

• На гласачко место 1385/1 во Прилеп, откако едно гласач било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во истиот.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2%, до 12 часот е 15,9%, додека до 13 часот е 20,8%. Следната прес-конференција ќе се одржи во 19 часот, информираат од МОСТ.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

До 13 часот гласале 284.942 гласачи, одѕивот е 20,45 отсто

Објавено пред

Од обработени 75,50 отсто од избирачките места, до 13 часот на гласање излегле 284 942 гласачи или 20,45 отсто од граѓаните запишани во Избирачкиот список.

Со најголем одѕив се издвојуваат Прилеп – 35,2 отсто, Новаци – 33,12 отсто, Свети Николе со 31,10 отсто, Неготино – 29,02 отсто, Пробиштип – 30,62, Ранковце – 30,63, Демир Капија со 32,75, Кратово со 30,53 и Вевчани – 29,54 отсто.

Најнизок одѕив има во Липково – 5,43, Желино 6,62 и Врашчиште 7,5 отсто.

Гласањето од 7 часот се одвива непрекинато и без проблеми со исклучок на едно гласачко место во Студеничани, каде гласање денес нема бидејќи три часа доцнеше отворањето на гласачкото место.

Портпаролката на Државната изборба комисија, Љупка Гугучевска извести дека до нив стигнале 2 приговори за заштита на избирачко право, кои се одбиени.

,,Лицата не се пронашле во Избирачкиот список. Имале важечки документи, но издадени по јавниот увид, поради што немало можност да бидат запишани во Избирачкиот список. Двата приговори се одбиени”, рече ппртпаролката Гугучевска.

Одѕивот на предвремените локални избори кои се одржуваат истовремено со претседателските во Дебар е 17,57 отсто, во Ново Село е 21,27 отсто и во Охрид е 26,18 отсто.

Портаролката Гугучевска соопшти дека ДИК има непотврдени сознанија дека на гласачкото место 2344 во Студеничани имало нерешени локални проблеми, поради кои гласањето не почнало. На ова гласачко место право на глас имаат 60-тина лица. Дали ќе има гласање на ова гласачко место ќе се одлучи откако ќе бидат сумирани резултатите. Гласање ќе има доколку гласовите влијаат на конечниот резултат.

ДИК: До 10 часот гласале 80.568 избирачи, одѕивот е 6,05 %

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Уапсени седум лица за терористичките напади во Шри Ланка, бројот на жртви се искачи на 200

Уапсени се седум лица, осомничени за бомбашките напади на неколку локации во земјата. Зад нападите би можела да стои локална...

Избори 201924 минути

МОСТ: Прилепчанец гласал заедно со сопругата, откако видел дека го нема во списокот

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности....

Избори 201956 минути

До 13 часот гласале 284.942 гласачи, одѕивот е 20,45 отсто

Од обработени 75,50 отсто од избирачките места, до 13 часот на гласање излегле 284 942 гласачи или 20,45 отсто од...

Топ2 часа

Полицаец загина, а четири лица се повредени откако кумановец со ,,мерцедес” направил две сообраќајни несреќи

На 21.04.2019 во 00.45 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе во близина на крстосница со населбата Ајдучка Чешма,...

Избори 20192 часа

Едно лице приведено во Аеродром, го фотографирало гласачкото ливче

Едно лице е приведено во Скопје за време на гласањето на претседателските избори, бидејќи го фотографирало гласачкото ливче, потврдуваат од...

Регион5 часа

Двајца загинати во авионска несреќа во Бугарија

Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа во Бугарија, кога воздухопловот се урнал во јужниот дел на земјата....

Свет6 часа

(Видео) Експлозии за католички Велигден во Шри Ланка, најмалку 50 мртви

Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во Шри Ланка во повеќе експлозии на неколку локации, вклучувајќи...

Избори 20196 часа

Изборите ќе ги следат 3.094 домашни и 419 странски набљудувачи

Гласањето за претседателските избори денеска и на 5 мај ќе го следат 3.094 се домашни набљудувачи, а 419 од странство....

Избори 20197 часа

Граѓаните бираат претседател на државата

На 3.480 избирачки места денеска 1.808.131 граѓани со право на глас по шести пат ќе бираат претседател на државата. Гласачите...

Свет18 часа

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен. Аеродромот се протега...

Избори 201918 часа

ДИК: Гласањето помина без проблеми

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми. Ден пред претседателските избори во...

Европа18 часа

Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци”

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се...

Регион19 часа

САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” во Албанија, со цел да ги зајакнат нивните воени капацитети,...

Регион20 часа

Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Трговски центар во Сараево беше евакуиран попладнево откако во сараевската полиција пристигнала дојава за поставена бомба. Со брза реакција на...

Регион1 ден

Во Косово вратени со авион десетици жени и деца на џихадисти од Сирија

Дестици жени и деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово,...

Избори 20191 ден

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ1 ден

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Свет1 ден

Брачен пар осуден на доживотен затвор, ги злоставувале нивните деца

Брачен пар од Калифорнија кој ја призна вината за повеќегодишното злоставување на нивните 12 деца, е осуден на доживотна казна...

Европа1 ден

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Досие