Македонија
Пресврт во случајот со пожарот во Хром: мажот кој беше извлечен мртов, претходно бил избоден
Триесет и петгодишниот маж од скопската населба Хром чиешто тело беше извлечено вчера за време на пожарот во станот, претходно бил избоден, со што се отвора сомнеж дека пожарот бил со цел да се прикрие убиство.
На неговото тело, како што информираа од полицијата, утврдени се траги од насилство и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека станува збор за насилна смрт како последица на убоди од остар предмет.
Противпожарната бригата вчера околу 9.47 часот пристигна на улицата Исаија Маџовски во Скопје по пријава за пожар. Пожарот беше изгаснат, а во опожарениот стан беше пронајден е починат И.Ј. (35) од Скопје, за кого се претпоставуваше дека загинал во пожарот.
СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агенцијата за катастар ќе ги доближи услугите до граѓаните онлајн: „Времето ќе биде значително скратено“
Ддиректорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, го претстави новиот портал „е-услуги“, кој овозможува брз електронски пристап до 94 различни услуги од Катастарот. Станува збор за нов проект кој им овозможува на корисниците услугите да ги добијат веднаш по нарачката преку електронска пошта, што значително го скратува времето и го олеснува пристапот за граѓаните и правните лица.
Како дел од планот за континуирано подобрување, Живковски најави дека до крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови услуги, а во текот на 2025 година се предвидува дополнително проширување за уште десет услуги. Дополнително, сите корисници ќе можат да се најавуваат преку Системот за единствена најава (СЕН), управуван од Министерството за дигитална трансформација.
Со активирањето на новиот портал e-uslugi.katastar.gov.mk, постојниот портал ossp.katastar.gov.mk, кој е веќе застарен, ќе биде во функција до 31 декември 2024 година, по што од 1 јануари 2025, корисниците ќе имаат пристап исклучиво преку новиот портал.
Од Агенцијата за катастар посочуваат дека се првата државна институција со над 100 целосно дигитализирани услуги достапни за граѓаните. Со оваа дигитализација се намалуваат административните процедури, се зголемува транспарентноста и се овозможува ефикасен пристап до услугите, правејќи ги подостапни, без непотребно чекање и со значително заштедено време за граѓаните.
„Преку бројки во изминатиот период покажавме дека со соодветна организација можеме да одговориме на барањата на граѓаните. Ги решивме сите заостанати предмети, а тековно се решаваат сите активни барања доставени до нас. Дигитализацијата е еден чекор напред кон создавање модерна институција, која ќе продолжи да биде вистински сервис на граѓаните,“ истакна Живковски на прес-конференцијата.
Агенцијата продолжува со работата на целосната дигитализација и внатрешната реорганизација, со цел да ги подобри услугите и да ги приспособи кон потребите на своите корисници.
Македонија
(Видео) „Има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра на Клиниката за детски болести за 2022 година“, вели Петрушевски
„СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на пари. Од Извештајот на ДЗР за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено според Извештајот на ДЗР на 01.01.2022 година, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, додека на крајот на годината бил помал за 12 милиони денари.
Зошто се јавува толку голема разлика во материјалната во споредба со сметководствената евиденција?
Дали и каде завршиле над 200 илјади евра?
Ова е само од една здравствена установа за една година. Што правеле СДС и ДУИ во останатите здравствени установи во текот на целото владеење?
ЈО да не чека и врз основа на Извештајот на ДЗР да отвори постапка. Одговорност мора да има“, соопшти Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип е прекината
Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип е прекината, извести АМСМ.
Сообраќајот е дозволен за сите типови возила.