Контакт

Македонија

Рама: Наскоро ќе ја отвориме границата со Македонија по принципот на Шенген

Објавено пред

На пролет ја отвораме границата со Косово според режимот на Шенген зоната, а наскоро истото ќе се случи и со Македонија и Црна Гора. Ова го изјави албанскиот премиер, Еди Рама, на состанок со амбасадорите во земјата, пренесе „Коха диторе“.

„Тоа што ќе го направиме е многу едноставно. Го зедовме принципот на Шенген, го преведовме од почеток до крај, започнавме многу детален технички процес помеѓу албанското МВР и Косово за да ја гарантираме слободата на движење што денес е апсурдна, не доведувајќи во прашање ниту еден стандард на гаранциите што ги даваме како земја која е дел од визната либерализација“, изјави Рама.

Рама на состанок со амбасадорите во земјата најави дека Шенген системот набрзо ќе се воспостави и со Македонија, а изрази надеж дека во блиска иднина тоа ќе се случи и со Црна Гора.

На новогодишниот прием организиран од Рама, присуствуваа и амбасадорите на Русија и Србија.

Македонија

Утре нова седница на Советот за безбедност во претседателската резиденција

Објавено пред

Во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, утре напладне ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, на седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на Пендаровски, ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Советот за безбедност се очекува да одлучи за евентуална нова, четврта, одлука за вонредна состојба по двете 30 дневни и последната двонеделна што беше донесена на 15 мај.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вишото јавно обвинителство ги одби како неосновани жалбите на одбраната на обвинетите за 27 април

Објавено пред

Денеска, на одржаната јавна расправа во Апелациониот суд по поднесените жалби за пресудите за случувањата на 27 април во Собранието, Вишото јавно обвинителство Скопје, по проучување на првостепената пресуда и другите списи од предметот, даде предлог да се одбијат како неосновани жалбите на обвинетите, и тоа по сите основи на кои се однесуваат.

Во однос на фактичката состојба што произлегува од многубројни материјални и вербални докази изведени на главната расправа, првостепениот суд правилно оценил дека кај обвинетите постои умисла за дејствата што ги презеле и дека станува збор за добро осмислени, организирани и синхронизирани дејства, во кои секој од обвинетите имал однапред одредени улоги и задачи.

Во однос на жалбата од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за ослободителниот дел од наведената пресуда за обвинетиот Игор Дурловски, Вишото јавно обвинителство Скопје во својот предлог се произнесе дека повисокиот суд треба да ја одбие како неоснована. Имено, првостепениот суд правилно ги утврдил фактите во предметот и во пресудата образложил дека за овој обвинет не е докажано надвор од разумно сомневање дека го извршил наведеното кривично дело.

Прикажи повеќе...

Македонија

Чаир, Сарај и Гази Баба со најмногу активни заразени во Скопје

Објавено пред

Скопје со 239 активни случаи е град со најголем број заразени. На врвот на листата е скопската општина Чаир со 54 случаи на заразени, а зад неа се Сарај со 39 случаи, Гази Баба со 34 случаи, Аеродром со 29 случаи и Бутел, каде што се регистрирани 25 активни заболени од коронавирус.

Во Карпош и во Центар има по деветмина заболени, по осум активни случаи имаат Илинден и Студеничани, седум заболени има во Кисела Вода, по пет во Шуто Оризари и во Ѓорче Петров, тројца во Петровец, двајца во Арачиново и по еден во Сопиште и Чучер Сандево.

Министерството за здравство денес извести дека Скопје има 240 активни случаи, но во статистиката било внесено лице од Скопје, кое било жител на Тетово. Најавија дека овој случај ќе биде соодветно внесен во утрешната статистика.

Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаја. Од нив, 26 се во Скопје, 6 во Куманово, 7 во Штип, 9 во Тетово, 2 во Струга, и по еден во Велес и Кочани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија2 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија3 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија4 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија4 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија4 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија4 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија5 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет5 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет7 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион8 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет8 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа8 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет8 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија8 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија22 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион22 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ1 ден

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија1 ден

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Досие