Македонија
Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени во поддршката на Северна Македонија за нејзините интеграции кон Европската Унија и изразува разочарување што земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите за членство на ЕУ за нашата земја.
„Вашата земја покажа дека е доверлив сојузник во НАТО и голем пријател на САД. Пристапувањето на вашата земја во ЕУ останува наш врвен заеднички интерес и ние ќе продолжиме да го застапуваме настојувањето и поддршката заедно со нашите европски партнери за одржување на меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ“, пишува амбасадорот Филип Рикер во писмото до премиерот Заев и додава дека САД ги следат и разбираат предизвиците и сложените прашања низ кои поминува процесот и истакнува дека Северна Македонија и досега покажала дека не отстапува кога е неопходно да се завршат успешно потребните процеси за да се обезбеди одржлив мир, сигурност за просперитет за своите и за граѓаните на соседните земји.
Рикер пишува дека Северна Македонија тоа го докажа со постигнувањето на историскиот договор од Преспа и со Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија во 2017 година со кој беа поставени темелите за посилни односи меѓу двете земји.
„Ве охрабруваме и вас, и земјите членки на ЕУ, да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите. Високо ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја и да одржувате посветеност во обезбедувањето европската иднина на Северна Македонија која земјата покажа дека ја заслужува“, пишува амбасадорот Рикер.
Во писмото до премиерот Заев се нагласува дека САД продолжува со поддршката на овие настојувања и се изразува надеж дека овие процеси ќе резултираат со одржување на континуитетот на Северна Македонија на патот кон ЕУ.
„Остануваме ваши партнери оптимисти дека меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ ќе се одржи наскоро“, се вели во писмото на помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, до претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи – Ѓукановиќ: Нема отворени прашања меѓу Северна Македонија и Црна Гора

Во продолжение на својата официјална посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи на Бујар Османи, се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Алекса Бечиќ, претседателот на Владата, Здравко Кривокапиќ и заменик-претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
„На средбите беа нагласени блиските и партнерски односи меѓу двете земји, за кои беше потенцирано дека се безотворени прашања. Овие политички односи треба да бидат поттик за богата и плодна економска соработка,за што постои интерес и потреба, беше подвлечено од страна соговорниците. Акцент беше ставен и на соработката на двете земји сојузници во рамките на евро-атлантските механизми за соработка и особено во процесот на интеграцијата во Европската унија“, соопшти МНР.
Османи рекол дека двете држави се залагаат за една заедничка цел, а тоа е вложување на посебни напори за брза имплементација на потребните реформи на патот на целосната интеграција во Унијата.
„На тој пат, би сакал да ја истакнам важната соработка со Црна Гора и посебно да изразам огромна благодарност за нејзината цврста и безрезервна поддршка за нашите стратешки цели и определби“, нагласил министерот Османи, посочувајќи дека членството на Северна Македонија и Црна Гора во Европската Унија ќе значи отворање на нови перспективи за нашите земји и граѓани, како и консолидирање на европската перспектива на целиот регион.
Македонија
(Видео) Ангеловски: 2020 мина со најмал број на жртви во сообраќајот во историјата на државата

Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто на бројот на сообраќајни незгоди, а кога ќе го споредиме декември од 2020 и 2019 имаме намалување од 23 отсто, порача денеска од Кaвадарци, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој нагласи дека како резултат на преземените активности од страна на полицијата, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата.
Ангеловски истакна дека мобилната единица за безбедност во сообраќајот при МВР вчера (21 јануари) спровела контроли на територијата на Кавадарци, при што санкционирани се 83 возачи, од кои 47 за возење со брзина поголема од дозволената, 9 за возење без возачка дозвола, 9 за нерегистрирани возила…
Македонија
Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше Наќе Чулев, и најави дека ќе поднесе жалба.
По признание на вина, Ѓорѓевски беше прогласен за виновен и изречена му е алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Пресудата е донесена по спроведената дисциплинска постапка против него откако на денот на предвремените парламентарни избори, во јули минатата година беше снимен како го пцуе и го напаѓа командирот од Тетово, Зоран Талев, со што му нанел телесни повреди.
Oбвинителството бара Ѓорѓевски да биде прогласен за виновен за кривично дело Насилство за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот