Свет
САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард Мур (55) поради недостиг на инјекции.
Официјални лица од затворот јавија дека не успеале на време да ја набават смртоносната супстанца.По повеќе одбиени молби за помилување, Мур требало да биде усмртен минатиот петок со вбризгување на смртоносна инјекција.Тој е осуден на смрт пред повеќе од 20 години за убиство на работник за време на грабеж на продавница и од тогаш чека извршување на смртната казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални.
At least 1,090 have been arrested at protests around Russia against @navalny's jailing pic.twitter.com/sRp2BtOl3v
— Alec Luhn (@ASLuhn) January 23, 2021
Протестите, кои не беа одобрени од руските власти, беа организирани низ цела Русија, а во извештајот на Ројтерс се наведува дека се уапсени околу 1.090 лица, меѓу кои и сопругата на Навални, Јулија. Информацијата за апсењето ја објави самата Јулија Навални на Инстаграм.
Повеќе од 200 демонстранти беа приведени на рускиот Далечен исток и Сибир, а невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, објави дека најмалку 48 лица биле приведени на денешните протести во Владивосток и Хабаровск.
Навални, најистакнатиот руски политички противник на Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари кога се врати од Германија во Москва, каде мина пет месеци опоравувајќи се од труењето со нервен агенс.
Свет
Во Кина 206 нови случаи на коронавирус

Во Кина во последните 24 часа се потврдени 206 нови случаи на коронавирус, додека нов бран нa епидемијата се заканува да го поништи успехот на земјата во борбата против вирусот.
99 од 107 нови симптоматски случаи биле локално пренесени, а останатите биле увезени од странство. Останатите 99 нови случаи се асимптоматски.
Во провинцијата Хебеи пријавени се 15 нови случаи, а во главниот град на таа провинција, Шиџијазуанг, епидемијата што избувна на почетокот на јануари сè уште не е потисната и покрај масовните тестирања и строги мерки.
Пекинг и Шангај објавија дека имаат по три случаи.
Регион
Во Србија 1.483 новозаболени од коронавирус, починале 19 лица

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.483 новозаболени од коронавирус, а починале 19 лица.
Во последните 24 часа биле тестирани 9.434 примероци, а 2.536.948 од почетокот на епидемијата.
Според последните податоци, вакцинирани се 163.355 лица.
Од почетокот на епидемијата во Србија починале 3.868 лица.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот