Економија
Светски познатиот американски бренд за брза храна КФЦ доаѓа во Македонија

Премиерот Зоран Заев синоќа оствари средба со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање ресторани за брза храна на американскиот бренд КФЦ (KFC), на која беше најавено отворањето на првите два ресторана во Тетово и Скопје на 14 септември.
Инвестицијата е вредна повеќе од 10 милиони евра и во согласност со подготвениот бизнис-план планирано е да се отворат повеќе ресторани во земјата со 400 нови работени места.
Премиерот Заев, поздравувајќи ги намерите на компанијата, изрази особено задоволство поради доаѓањето на светски познатиот бренд и порача дека секоја нова инвестиција во Македонија, освен што отвора нови работни места и придонесува за економскиот развој, испраќа и силна порака до новите инвеститори дека државата е безбедна и солидна на пазарот.
Сопственикот на лиценцата, господинот Зимбери, информира дека до крајот на годината се планира да се отворат три ресторани во Македонија, со подготвен 4-годишен бизнис-план за отворање 15-20 ресторани со 400 вработени.
„Особено сум среќен дека со инвестицијата вредна над 10 милиони евра, ние, освен вработување, обезбедуваме партнерство исклучиво со домашни компании од кои се снабдуваме со потребните суровини и продукти“, истакна сопственикот на лиценцата.
Зимбери додаде дека КФЦ како лидер во подготовка и послужување пилешко месо веќе има направено анализа на позициите на регионите во Македонија каде може да се стимулира одгледувањето кокошки.
„Отворањето КФЦ е голем чекор во демонстрирањето инвестициска клима во Македонија и особено сум среќен поради доаѓањето на овој бренд и поради фактот што се испраќа порака за другите нови инвеститори, со што ќе се зголеми вработувањето и ќе се отворат нови економски можности“, рече премиерот Заев.
Тој ги истакна заложбите и политичката волја на Владата да гради партнерски однос со бизнис-заедницата преку редовна и интензивна комуникација за потребите на бизнисот и за унапредување на економијата.
Компанијата КФЦ, со седиште во Кентаки, САД, е основана во 1991 година и со повеќе од 23.000 ресторани во над 120 држави е втор најголем ресторан за брза храна во светот. КФЦ е лидер во подготовка и послужување пилешко месо подготвено на специфични начини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Почна подготовката за национална транспортна оптичка мрежа за интернет со брзина од 1 гигабит

Владата на својата 122. седница ја усвои информацијата за подготовка на проектна апликација за студија за изводливост за изградба и развој на национална транспортна оптичка мрежа во рамките на повикот за техничка помош во склоп на ИПА-инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“, чија крајна цел, меѓу другото, е до крајот на 2029 година да обезбеди сите јавни институции, истражувачки центри и други образовани, здравствени, правосудни и сите јавни и државни тела да имаат симетричен пристап до интернет со брзина од најмалку 1 гигабит во секунда.
На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за предлог-декларацијата за транзиција кон чиста енергија во земјите на Западен Балкан, која земјите од регионот ќе ја потпишат во Подгорица, Црна Гора, на 21 февруари 2019 година, како потврда за заложбата за декарбонизација, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, во согласност со парискиот договор во 2015 година, како и со обврските на Енергетската заедница засновани на пакетот за чиста енергија за сите Европејци на ЕУ до крајот на 2030 година.
Економија
Платите за вработените во рудникот „Саса“ зголемени за пет отсто

Менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк „Саса“ донесе одлука за ново зголемување на месечните примања на сите вработени за пет проценти, почнувајќи од 1 јануари оваа година.
Од компанијата велат дека со ова зголемување платите во рудникот „Саса“ ќе бидат и до 30 отсто повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава.
Зголемувањето на платите на сите вработени во рудникот „Саса“ почна во април минатата година, кога раководството на компанијата ја објави динамиката по која ќе се одвива овој процес.
„Со најновата одлука за покачување на платите на сите вработени потврдуваме дека остануваме доследни на нашите ветувања и заложби за унапредување на благосостојбата и социјалната сигурност на сите вработени во ‘Саса’. И во оваа пригода можам да потврдам дека благосостојбата, заедно со безбедноста и здравјето на сите вработени остануваат наши највисоки приоритети во кои ние и понатаму ќе продолжиме да вложуваме“, изјави генералниот директор на рудникот „Саса“, Олег Телној.
Од компанијата истакнаа дека покрај во покачување и усогласување на платите по работни позиции, рудникот „Саса“ во изминатиов период направи и дополнителни вложувања во осовременување на системите за организиран превоз и исхрана на вработените, како и во останатите сегменти кои имаат влијание врз унапредувањето на вкупните услови за работа во рудничкиот компекс, наведуваат од компанијата.
Економија
Заев на средба со четириесет бизнисмени од Стопанската комора на Тирана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, вчера имаше работна средба со 40 претставници на повеќе компании, кои се заинтересирани да инвестираат во различните области во кои работат и се дел од Стопанската и индустриска комора на Тирана, соопшти владината прес-служба.
„Сакам да ја искористам можноста да ве охрабрам да ја зголемите трговијата, меѓусебното инвестирање, вие овде во Северна Македонија, ние во Албанија, и да соработуваме. Сме многу блиски земји, блиски народи, имаме исти проблеми, исти надежи кон иднината, заедно чекориме кон ЕУ и како земји со исти евро-атлански стремежи, имаме голема можност за унапредување на меѓусебната економска и трговска соработка. Позитивните примери коишто ги имате во Албанија да ги пренесеме тука за да ги охрабриме нашите граѓани за придобивките од НАТО“, рече премиерот Заев.
Како приоритет на Владата во однос на регионалниот бизнис-развој, Заев го истакна унапредувањето на инфраструктурните врски помеѓу двете земји, преку железница и други сериозни инвестициски проекти во патната инфраструктура.
„Работиме на подготовката на барање инвестиции и можности за железнички да се поврзуваме, буквално од пристаништето во Драч кон нашиот граничен премин преку железничка пруга од Кичево, којашто сакаме да ја градиме, да доаѓа до Скопје, кон Софија и кон Црното Море во Бугарија и Истанбул, со што комплетно би го отвориле коридорот 8. Работиме на сериозни проекти коишто се инвестиции во патната инфраструктура и ќе помогнат многу во збогатување на инфраструктурната поврзаност со патишта меѓу двете држави. Имаме надеж дека некаде кон крајот на март или почетокот на април ќе го отвориме и првиот One Stop Shop помеѓу Албанија и Република Северна Македонија, каде што ќе го преполовиме времето на чекање на камионите, на стоките, па и на патниците. Тоа ќе значи дека во една канцеларија со една иста царина ќе можат да се завршат сите документации што се важни за самиот проток на стоки, што се случува помеѓу нашите две земји“, истакна премиерот Заев.
Претседателот на Стопанската комора на Тирана, Николин Јака, во своето обраќање се заблагодари на премиерот Заев за можноста да ги споделат позитивните примери од Албанија и за досегашната работа на Владата, која со договорот од Преспа обезбеди стабилност во државата, но и за спроведување на Законот за јазиците, со што се зголемува потенцијалот за соработка меѓу двете држави и ја истакна потребата за заедничко делување во зголемување на производството, утврдување на комплементарните сектори, како планинскиот туризам во Северна Македонија и морскиот туризам во Албанија, елиминирање на сите бариери и создавање клима на соработка и меѓусебна доверба.
„Се соочуваме со стареење на народот, имаме феномен на отселување на младите лица од нашите земји и тоа оди на штета на нашата земја, на економијата и на човечкиот капитал. Економијата е генератор на развојот на државата, затоа треба да го зголемиме нашето производство, да ги видиме кои се комплементарните сектори и да изготвиме стратешки план за претприемништво и стабилна економија за сите земји од Балканскиот Регион, преку уште една развојна платформа за трите земји, Албанија, Косово и Северна Македонија. Постојат многу работи кои нè поврзуваат за да имаме комплементарна економија со која ќе ги отстраниме дефицитите и многубројните пречки во Балканскиот Регион и надвор од него“, рече претседателот на Стопанската комора на Тирана, Николин Јака.
Од средбата со тема „Заеднички регионален бизнис-развој меѓу Северна Македонија и Албанија“, освен зголемувањето на регионалната бизнис-соработка помеѓу двете држави, заедничкиот настап на странски пазари и меѓусебната поддршка на стопанството, произлегоа и многу конкретни иницијативи, како развојот на езерскиот туризам во Охрид преку слободниот проток по Охридското Езеро; во областа на енергетскиот сектор и обновливите извори на енергија, намалување на премијата за електрична енергија преку отворање на фотоволтаични центри и можност за инвестирање во Република Северна Македонија до 200 мегавати фотоволтаична соларна енергија. Во областа на комуникациите, вклучување договори со Европската енергетска заедница за намалување на роамингот од 30% со обврска до 2021 година да стигне до 0 роаминг помеѓу земјите во Западен Балкан, како и создавање инфраструктура за трет мобилен оператор со дополнителен квалитет на услугите за граѓаните.
На средбата учествуваа и претставници на Стопанските комори, амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, дипломати, советници од Владата и економско-политичкиот консултант, Фатос Мустафа.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал