Контакт

Топ

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Објавено пред

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ.

Како што соопштуваат од Генералштабот на Армијата, во несреќата странично се превртел автобусот на магистралниот пат Струмица – Штип, кој превезувал припадници на Армијата на Република Северна Македонија во рамките на организираниот превоз на релацијата Струмица – Радовиш – Штип – Петровец.

Во сообраќајната незгода, која се случила во 6.47 лчасот на осум километри пред Штип се превезувале 16 припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај некои од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во болницата во Штип, каде што им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба.

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на самото место излезе и тим од воената полиција.

„Припадниците на Армијата, по извршените прегледи, ќе постапуваат во согласност со дадените препораки од лекарите. Автобусот од типот „сетра“, во сопственост на фирмата „Тритерол“ од Струмица, која го реализира организираниот транспорт на наведената релација, има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници“, се додава во соопштението.

Свет

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Објавено пред

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што покажа дека лекот не е ефикасен во лекување на Ковид-19, изјави портпаролот на Европската комисија.

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО и податоците од други студии за лекови против Ковид-19 за да утврди дали се потребни промени во начинот на употреба на овие лекови.

Тој не коментираше дали ЕУ била запознаена со резултатите од истражувањето на СЗО пред да склучи договор со „Гилеад“ минатата недела за набавка на лекот.

Тој, исто така, не одговори на прашањето дали може да се преговара за цената што е договорена со американскиот производител.

Договорот е потпишан за шестмесечна набавка на лекот и е во вредност од една милијарда евра.

Лекот се очекува да биде испорачан за 500.000 циклуси на терапија по цена од 2.070 евра по циклус, што според производителот е стандардна цена за богатите земји. Лекот се дава на пациенти во шест дози во рок од пет дена.

Договорот беше потпишан во име на 27. земји-членки и 10 земји-партнери. Договорот не ги обврзува да купуваат, но договорената цена е обврзувачка.

Светската здравствена организација објави во петокот дека ремдесивир и три други лекови – хидроксихлорокин, лопинавир / ритонавир и производи од интерферон – дале малку или никакви резултати во третманот на пациенти со Ковид-19.

„Гилеад“ смета дека податоците не се детално анализирани и затоа не може да се донесе објективен заклучок за лекот.

Од копмпанијата за „Ројтерс“ изјавиле дека на крајот на септември добила редактиран документ од СЗО кој содржи различни информации од последниот документ објавен во петокот.

Компанијата не коментира дали цената на лекот за богатите земји може да се промени по истражувањето на СЗО и ги доведува во прашање неговите резултати.

Од таму сметаат дека податоците не се детално анализирани и поради тоа не може да се донесе објективен заклучок за ефективноста на ремдесивирот.

Употребата на ремдесивир беше одобрена од Управата за храна и лекови на САД на 1 мај, а лекот оттогаш доби регулаторно одобрување во неколку други земји.

„ЕУ треба да ги преиспита цените што ќе се плаќаат за ремдесивир. Зошто да плати милијарда евра за лек што нема никакво влијание врз лекувањето?“, рече Ендру Хил, научник на Одделот за фармакологија на Универзитетот во Ливерпул.

Тој истакна дека генеричките верзии на лекот произведен во Индија се продаваат по цена од 200 евра по циклус.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодинешниот настан се одржува во чест на одбележувањето на 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик, азбука и правопис. Истакнувајќи дека македонскиот јазик е стандардизиран веќе седум и пол децении, претседателот Пендаровски потенцираше дека за жал и денес „сè уште сме предизвикани да го докажуваме ноторниот факт за неговата посебност и постоење“.

„На 5 мај 1945 година беше озаконета македонската азбука, а на 7 јуни беше издадена и првата читанка, буквар на македонски јазик. Токму оваа значајна годишнина ја одбравте како тема на отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во кои покрај останатите содржини централно место зазема значајната меѓународна конференција со наслов „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“.Чинот на официјализирање и стандардизирањето на македонскиот јазик има своја долга предисторија во активностите и во делата на Ѓорѓија Пулевски, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Партениј Зографски и на други бројни културни дејци од 19 век за да кулминира со дејноста на Мисирков. Затоа, и не случајно и Институтот за македонски јазик го носи неговото име. Секако, процесот немаше да биде завршен ако не беше Народно – ослободителната борба, ослободувањето од фашизмот и формирањето на македонската република како рамноправна федерална единица во тогашната Југославија“, рече Пендаровски.

„За жал, додаде тој, и покрај тоа што поминаа 7 и пол децении од стандардизирањето на македонскиот јазик и откако неговото постоење, во меѓувреме, беше потврдено од светската лингвистичка наука, ние сè уште сме предизвикани да го докажуваме ноторниот факт за неговата посебност и постоење.Интересно е дека негирањето не доаѓа од релевантни, светски лингвистички авторитети и институти кои за тоа прашање се имаат одамна произнесено, туку од одредени, најчесто политичко – академски кругови од нашето непосредно опкружување“.

„Без намера да ја оптоварувам денешната свеченост со дневнополитичка реторика, нешто што е директно спротивно на поводот за кој сме собрани, сакам само ќе нагласам дека научните аргументи и вистината се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже. Заради нашите предци, поради нас самите, заради обврската да ја зачуваме нашата духовна татковина како што на времето се изрази за нашиот јазик големиот Блаже Конески. Токму Конески со своите капитални трудови меѓу кои Граматиката на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик постави цврсти темели за сите натамошни македонистички проучувања.

Надоврзувајќи се на неговото дело и почитувајќи ги тие длабоко ископани темели, Ве замолувам со уште поголема страст да продолжите со вашата научна работа и напори за проучување и афирмирање на македонскиот јазик. Во оваа пригода би сакал гласно да ја реафирмирам потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања за македонскиот јазик и за македонските дијалекти. За таа цел, сите релевантни институции и фактори во државата, мора да се вложат себеси многу повеќе од порано. Поради кратењата во буџетот кои поради пандемијата, годинава се алармантни, се намалуваат средствата предвидени за научни и образовни установи, со што се оневозможува научната работа и се стопираат научните проекти. Сакам јавно да повикам, да апелирам да се посвети особено внимание на овие прашања и покрај сериозната економска криза, да се изнајдат средства и да се поддржат сите научно- истражувачки проекти. Убеден сум дека македонската наука има уште многу што да каже, впрочем, како и бројните слависти-македонисти низ светот“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Топ

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Објавено пред

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од 20:00 до 23:30 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во селото Глумово – Сарај. Притоа, во објектот, сопственост на Б.Ј.(35) од с.Глумово, се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 250 лица.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени кривична пријава по чл.206, за непочитување на одлуките од Владата во врска со Ковид-19 и прекршочни платни налози по чл.6 од Уредбата за неносење лична заштита на лицето.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус и санкционирање лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење лична заштита на лицето.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија8 минути

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодинешниот...

Топ18 минути

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија39 минути

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Регион1 час

Полициски час во Словенија

Словенија го враќа полицискиот час откако во последните неколку денови е забележан голем пораст на бројот на заболени од коронавирус....

Македонија2 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет4 часа

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа4 часа

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет5 часа

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет5 часа

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет5 часа

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија6 часа

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион6 часа

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Европа18 часа

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа18 часа

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион19 часа

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Свет20 часа

Бројот на заболени во светот надмина 40 милиони

Бројот на заразни лица со Ковид-19 во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, според податоците на веб-страницата Worldometer. Бројот на...

Македонија21 час

Аеродром, Центар и Карпош се општини со најголем број заболени од Ковид-19

Аеродром, Центар и Карпош се скопски општини со најголем број на заболени од Ковид-19. Според најновите податоци од Министерствоот за...

Македонија23 часа

Починаа 10 лица со Ковид-19, 428 новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Ангеловски: За три недели изречени над 12.000 казни за сообраќајни прекршоци

МВР покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени сообраќајни контроли и во другите градови, меѓу кои и Кичево,...

Досие