Свет
СЗО: Вакцините не се брзо решение, борбата против коронавирусот продолжува и во 2021 година

Иако се спроведува имунизација против коронавирусот, 2021 година исто така ќе биде тешка бидејќи вакцините не се брзо решение, сметаат во Светската здравствена организација (СЗО).
„Мислам дека пред нас е тешка година и ќе мора да покажеме трпеливост и да продолжиме со мерките што се во сила“, рече д-р Марија ван Керкове, лидер на тимот на СЗО за Ковид-19, пренесува Си-ен-ен.
Таа верува дека првиот дел од годината ќе биде особено тежок бидејќи во многу земји луѓето не ги слушаа советите да останат дома за време на празниците.
„Се соочуваме со тежок почеток во 2021 година“, рече Ван Керкове истакнувајќи дека движењето и однесувањето на луѓето за време на Божик и Нова година ќе влијае на првите три месеци од 2021 година за зголемување на преносот, хоспитализациите и на смртните случаи.
Таа додаде дека вакцините нема да бидат брзо решение бидејќи самата имунизација ќе се изведува побавно отколку што би сакале и дека луѓето сепак ќе мора да носат маски, да одржуваат физичка дистанца и да избегнуваат собири во текот на целата година.
СЗО верува дека САД и другите земји во кои се бележи нов бран на Ковид-19 може да се вратат во нормала или нешто слично во текот на летото или есента.
Австралија, Нов Зеланд и некои други земји во Азија и Африка се добри примери и имаат поголем успех во контролирањето на ширењето на вирусот.
„Видовме дека некои земји го победија овој вирус, без вакцинација“, рече Ван Керковe.
СЗО го објаснува тоа со поуспешно и масовно тестирање на вирусот, изолација на болни лица, наоѓање контакти и ставање во карантин, како и политиката на тие земји да ги истакнуваат работата и купувањето од дома, наведува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна волјата на народот, надвладеа демократијата“, порача новиот претседател на САД, Џо Бајден на инаугурацијата. Тој вечерва положи заклетва, со што стана новиот претсдетал на САД. Претходно положи заклетва и Камала Харис, која стана првата жена потпретседател во историјата на САД.
„Тука, каде насилството се обиде да преовлада пред неколку недели, победи демократијата, порача Бајден. Според него, многу работи треба да се направат и многу работи треба да се поправат. „Вирусот однесе повеќе американски животи за една година отколку целата Втора светска војна. Економијата е во криза, изгубени се милиони работни места“, порача тој.
HISTORY MADE: Kamala Harris, the child of immigrants, takes the oath of office to serve as Vice President of the United States — becoming the first woman, first Black American, and first South Asian American to do so pic.twitter.com/1tcsAEeKtb
— NowThis (@nowthisnews) January 20, 2021
„Ние мора да се бориме против домашниот тероризам, супрематизмот на белите … Мојата душа е целосно посветена на обединување на нашиот народ, во обединување на нашата Америка, во борба против целиот екстремизам. Знам дека силите што се обидуваат да не разделат се вистински и силни. Но, знам дека нашата нација отсекогаш била пред искушение, битката е вечна и победата никогаш не е сигурна. Но, нашите „подобри ангели“ отсекогаш победувале. Можеме тоа да го направиме и сега, заедно. Можеме да се гледаме едни со други не како противници, туку како соседи“, додаде тој. Според Бајден, без единство нема нација, само состојба на хаос.
Летовите за Вашингтон беа прекинати се додека Бајден не положи заклетва. Ова е прва церемонија во поновата историја на која не присуствуваа претседателот и првата дама во заминување.
Бајден положи заклетва како 46-ти претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционални говори и настапи, годинава инаугурацијата поради пандемијата со Ковид-19 и безбедносните предизвици, се одржа пред пред мала и физички оддалечена публика, со заштитни маски и во буквално затворен град, со огромни присуство на полицијата.
Европа
(Видео) Силна експлозија во Мадрид, паника и рушевини на улиците

Силна експлозија одекна во Мадрид и се слушна во целиот град, се првичните информации на шпанските медиуми во однос на инцидент што попладнево се случил во главниот град.
Експлозијата разнела три ката од станбена зграда во центарот на Мадрид на улицата Толедо.
Засега не се знае дали има жртиви и која е причината за инцидентот.
JUST IN – Explosion in Madrid. The shock has been felt throughout the city. Emergency services have arrived. pic.twitter.com/H3sc3oOGS2
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) January 20, 2021
Свет
(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се прости од нацијата со проштален говор, но таму не го дочека ниту еден од угледните функционери.
Трамп зборуваше пред неколку приврзаници, како што објавија американските медиуми. Тој ги пофали своите достигнувања, не го спомна Џо Бајден, но исто така се воздржа од оспорување на изборните резултати.
LIVE – Trump arrives at Joint Base Andrews and is escorted to stage for a 21-gun-salute https://t.co/IDl2iqjfvc
— PresserWatch (@PresserWatch) January 20, 2021
Таму не беше ни потпретседателот Мајк Пенс, кој се извини поради обврските да замине на инаугурацијата на Бајден, ниту лидерите на републиканците во долниот и горниот Конгрес на САД, Мич Меконел и Кевин Мекарти, кои беа во катедралата на мисата по покана на идниот американски претседател Бајден.
Поканите за испраќање на Трамп беа доставени до неговите поранешни соработници, кои беа со него за време на мандатот, вклучително и оние што го критикуваа, но некои одговорија порачувајќи дека нема да одат затоа што ќе треба да бидат во воздухопловната база до шест наутро или затоа што сметаат дека претседателот во заминување е „политички токсична стока“.
„Да не нè погодеше пандемијава, ќе имавме економски бројки како никогаш порано. Берзата е на повисоки нивоа отколку порано. Економијата ја изградивме двапати. Ќе видите неверојатни бројки во иднина“, рече тој.
„Ние ги имаме најголемата земја и најдобрата економија во светот. Пандемијата нè погоди силно, исто како и целиот свет. Направивме нешто што се смета за медицинско чудо, а тоа е вакцината против Ковид-19. Ние ја развивме за 9 месеци наместо за пет години. Наскоро доаѓа друга вакцина“, рече Трамп.
„Збогум, ве сакаме, ќе се вратиме во некоја форма. Им благодарам на Мајк Пенс и на неговата сопруга Карен. Му благодарам на Конгресот или барем на некои елементи на Конгресот. Благодарност до сите големи луѓе во Вашингтон со кои работевме. Имајте добар живот и ќе се видиме набргу“, заклучи тој.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот