Свет
СЗО: Повеќе од 4,3 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус за една недела

Повеќе од 4,3 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус во светот минатата недела, објави СЗО. Тој број е апсолутно најголем од почетокот на пандемијата.
Според глобалните организации, вкупно 4.329.927 нови случаи со коронавирус и 75.038 смртни случаи се регистрирани ширум светот помеѓу 7 и 13 декември. Претходно, најголемите бројки за периодот од 7 дена беа регистрирани од 16 до 22 ноември – вкупно 4.060.891 случај.
СЗО вели дека Америка и Европа го носат товарот на пандемијата, со 85 проценти нови случаи и 86 проценти мртви. Сепак, ширењето на инфекцијата се интензивираше и во Африка, додека во Југоисточна Азија бројот на новоинфицирани постојано се намалува.
омеѓу 7 и 13 декември, над 2 милиони нови случаи се регистрирани во Северна и Јужна Америка, а 29. 000 починале како последица на Ковид-19, пренесува ТАСС.
Во Југоисточна Азија има над 290.000 случаи и околу 4.400 смртни случаи. Во изминатата недела бројот на случаи во САД се зголеми за повеќе од 1,4 милиони, во Бразил за повеќе од 302 илјади, во Турција за повеќе од 219 илјади, во Индија за околу 212 илјади, во Русија за околу 193 илјади и во Германија за околу 149 илјади .
Инфекцијата брзо се шири и во Велика Британија – над 124 илјади нови случаи, во Италија повеќе од 115 илјади, во Франција за околу 82 илјади. Голем број на новоинфицирани лица се забележани и во Украина – над 80 илјади, во Мексико повеќе од 72 илјади и во Полска околу 72 илјади.
Во целиот свет, кој е под влијание на вирусот Ковид-19, очекува дека ќе се намали пандемијата кога ќе започне вакцинацијата. Велика Британија и Канада веќе започнаа со имунизација на населението и речиси сите земји кои успеаја и имаат пари за тоа порачаа барем еден вид вакцина против вирусот.
Сепак, најновите податоци на СЗО за бројот на новозаразени лица во светот е обесхрабрувачки. СЗО веќе долго време вели дека ова е само дел од заштитата и дека сите други мерки што се донесени мора да останат во сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Три денa трае потрагата по исчезнати планинари во Италија

Четворица планинари веќе три дена се водат како исчезнати во планинскиот венец Абруцо, недалеку од Рим.
Најверојатно, биле однесени или убиени од лавина, соопшти денеска италијанската служба за спасување.
Четворицата планинари од градот Авецано исчезнале додека се возеле по снег и мраз на планината Велино во неделата, објави агенцијата АНСА.
Напорите за нивно спасување се запрени поради обилниот снег што денеска паднал во таа област, па дури и специјално обучените кучиња имале проблеми во портагата, се додава во веста од италијанската агенција.
Спасувачките екипи исто така се соочуваат со ризик да бидат однесени од лавина.
Свет
Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД

Американскиот Сенат го потврди изборот на Ентони Блинкен за нов државен секретар на САД.
Досега оваа функција ја извршуваше Мајк Помпео.
58-годишниот Блинкен веќе работел во Стејт департментот како заменик-државен секретар и заменик-советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и има блиски врски со Бајден.
Тој исто така служел на Советот за национална безбедност во администрацијата на Бил Клинтон пред да стане началник на канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат кога Бајден бил на нејзино чело, а кратко време работел и како советник за безбедност во времето кога Бајден беше потпретседател на САД.
Свет
Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека тој се соочил со претседателот Путин за низа прашања почнувајќи од неодамнешниот кибер-напад на американската компанија „Солар виндс“ до сомневањата за труење на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални.
„Владимир Путин му честита на Џозеф Бајден за почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за одржување на безбедноста и стабилноста во светот тоа би било од интерес и на меѓународната заедница“, се вели во соопштението за разговорот што го објави Кремљ.
Прес-секретарката на Бајден, Џен Псаки, рече дека тој го почнал телефонскиот повик со намера да разговара за СТАРТ (договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување), кој администрацијата на Бајден се надева дека ќе го продолжи, руската агресија во Украина, кибер-нападот на „Солар виндс“, чиј обем сè уште се утврдува, извештаите дека Русија давала награди за елиминација на американски војници што служат во Авганистан, мешањето на Москва во претседателските избори во САД и труењето на Алексеј Навални.
„Неговата намера беше да разјасни дека Соединетите Американски Држави ќе дејствуваат цврсто во одбрана на нашите национални интереси како одговор на малигните активности на Русија“, рече Псаки истакнувајќи дека повикот се случил за време на нејзиниот брифинг и дека поцелосно резиме ќе објави подоцна.
Според информациите од светските медиуми, кај двете страни има волја најбргу што може да ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на договорот за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали.
Договорот истекува на 5 февруари.
Повикот дошол на барање на Москва, соопштија американски дипломатски извори, кои додаваат дека Бајден сакал најпрвин да разговара со европските лидери и неговите советници пред да оствари телефонски разговор со Путин.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот