Свет
СЗО прогласи пандемија на коронавирус
Изразувајќи поголем аларм за порастот на инфекцијата, Светската здравствена организација денеска објави дека глобалната криза на коронатавирусот сега е пандемија.
Директорот на светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека СЗО е длабоко загрижена за алармантните нивоа на ширење и сериозноста на вирусот.
Инаку, пандемијата е болест што се шири во повеќе земји во целиот свет во исто време.
Сепак, Тедрос рече дека прогласувањето појава на пандемија не значи дека СЗО ги менува своите совети за тоа што треба да прават државите.
Тој ги повика владите да го променат текот на појавата со преземање итна и агресивна акција.
„Неколку земји покажаа дека овој вирус може да биде потиснат и контролиран“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
