Контакт

Македонија

(Видео) Собранието донесе одлука за распишување референдум

Објавено пред

sobranie-sednica

Со 68 гласа „за“ пратениците ја донесоа одлуката за распишување референдум за името, што ќе се одржи на 30 септември. Референдумот ќе биде консултативен, а референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

Иницијативата беше поднесена денеска од пратениците од СДСМ, ДУИ и од Беса.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 2 амандмана, но ја напуштија салата пред тие да бидат ставени на дневен ред. Опозицијата не присуствуваше ниту за време на гласањето, а од салата си заминаа и пратениците од Алијансата на Албанците, чијшто лидер, Зијадин Села, претходно на говорницата порача дека нема да ја поддржи одлуката за распишување референдум.

Пред опозицијата да ја напушти салата, пратеникот од нивните редови Никола Мицевски  обвини дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја виделе одлуката дест минути пред седницата.

„Заев и парламентарното мнозинство повикуваат да ги поддржиме, а процесот го тераат без консултации со опозицијата. Да биде јасно , ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, но ова покажува дека референдумот ќе се толкува како сакаат, бидејќи во член 1 се предлага консултативен референдум. Дали ако референдумот не е успешен без исполнет цензус, а мнозинството граѓани гласале „за“, може да се толкува како успешен и институциите да продолжат со имплементација на договорот. Мое мислење е дека тоа е целта“, рече Мицевски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев ја повика опозицијата сите заедно да придонесат за иднината на Македонија со поддршка на одлуката за референдум.

„Пред нас е историска одлука која ќе обезбеди иднина за нашите деца како што посакувале претходните генерации. Созадаваме услови за европска држава која рамноправно ќе учествува во креирање на светските политики“, рече Тунтев.

Во текот на расправата, поддршка за предлог-одлуката упатија Реџеп Мемеди од Движењето Беса и Џеват Адеми од ДУИ.

Македонија

Иванов во официјална посета на Јордан

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од денеска престојува во официјална посета на Хашемитското Кралство Јордан.

Денеска со највисоки државни и воени почести, Иванов ќе биде пречекан од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, во Кралската палата Ал Хусеин во Аман.
Во рамки на посетата, претседателот Иванов ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех, како и со членовите на Претставничкиот дом.

За време на посетата на Јордан, македонскиот претседател ќе одржи предавање во Советот за светски прашања, на тема: „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“, и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула.

Сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, во рамки на дамската програма ќе оствари средба со Кралицата на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Ранија Ал Абдула, и ќе ги посети Фондацијата „Jordan River“, невладина организација чијшто фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и Детскиот музеј „Јордан“, кои се основани од Кралицата Ранија.
 

Прикажи повеќе...

Македонија

Марш на толеранцијата во Скопје – Викни силно против насилно

Објавено пред

Хелсиншкиот комитет за човекови права го организира десеттиот Марш на толеранција, кој ќе почне во 12 часот пред Музеј на Град Скопје.
 
„Политичко-општествените случувања во изминативе децении создадоа контекст во кој премногу често се прибегнува кон употреба на разни форми на насилство, контекст во кој омразата континуирано ја разорува кревката општествена кохезија во нашата земја. Денот на толеранцијата во 2018 година е токму посветен за борбата насилството од омраза што во нашата земја станува секојдневие. Затоа упатуваме јасна порака до сите институции во Република Македонија серозно да се посветат на унапредување на механизмите на санкционирање на насилството од омраза кое е сè поприсутно во нашето општество“ соопшти Хелсиншкиот комитет.
 
Како што велат оттаму, делата од омраза немаат ефект на изолирани случаи, напротив, тие често имаат потенцијал да иницираат нови инциденти, да отворат поширока спирала на насилство, па и да кулминираат до точка на несогледливи последици. Тие, како ѓто се наведува, придонесуваат за градење на атмосфера во која насилничкото однесување е вообичаено, прифатливо па иодобрувано.

„Особено загрижува влијанието врз светогледот на помладите луѓе затоа што овозможува пренесување на штетните шаблони на однесување од генерација на генерација. Борбата против насилството од омраза мора да започне со градење на позитивна средина во која сите се чуствуваат како дел од општеството со потенцијал за промена. Исто така загрижува и постојаната неказнивост на говорот и делата од омраза која мора да запре. Особено говорот на омраза е присутен на социјалните мрежи без можност тој да биде санкциониран и отстранет“ се наведува во соопштението.
 
Санкционирањето на овие дела, според Хелсиншки, е првиот и суштински исчекор за превенција на идни случаи, но, образовниот систем и медиумите се исто така клучна алка во процесот на градење на вистински ненасилна култура и похумано општество.

Поради тоа, на јубилејниот десетти марш ќе се упати апел до сите релевантни општествени чинители за креирање широк фронт за борба против овие појави кои што го загрозуваат животот и основните права на човекот. Нивната порака е дека вистински промени се можни само со респонзивни институции и свесни и одговорни граѓани кои го препознаваат и реагираат против насилството насекаде -во домовите, училиштата, стадионите, на улиците и во виртуелниот простор.
 
Маршот е поддржан од организациите: ЛГБТИ Центар за поддршка, Цивил- Центар за слобода, Национален Ромски Центар, ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Реактор – Истражување во акција, КВИР СКВЕР Скопје, Коалиција Маргини, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – Глас против насилство и МОФ- Младински образовен форум.
 
Рута: Музеј на град Скопје – Улица Македонија – плато пред Универзитетот на ЈИЕ во старата скопска чаршија
 

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно и студено, попладне снег

Објавено пред

Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Кон крајот на денот и во скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.

Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски18 часа

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија19 часа

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија20 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија20 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија21 час

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate23 часа

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести23 часа

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести24 часа

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски2 дена

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија2 дена

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија2 дена

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија2 дена

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски2 дена

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија2 дена

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет2 дена

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Бегството на Груевски2 дена

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Бегството на Груевски2 дена

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Досие