Македонија
Спасени дехидрирани велосипедисти кои залутале кај селото Кожле

Во драматична спасувачка акција денеска се спасени двајца велосипедисти кои биле пронајдени после селото Кожле.
Дехидрирани и снеможени велосипедистите биле лоцирани во суровиот предел без вода. Од Центарот за управување за кризи информираат дека двајцата залутале по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото. Тие ја испиле сета вода што ја носеле со себе, а биле на терен во текот на целиот ден.
„Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед. Акцијата за спасување е кооринирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – полицијата и со Брзата помош“, информираат од Центарот од каде добиле повик на телефонскот број 112 околу 15 часот.
Веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни работници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје. Биле лоцирани изгубените велосипедисти во координација со полицијата. Оперативците од ЦУК биле во постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти коишто покажувале се’ повеќе и поголеми знаци на голема дехидрација и снеможеност, дури и преку oслабениот говор при комуницирањето преку телефон. Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа двајца припадници на полицијата продолжиле пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт.
Од ЦУК раскажуваат дека полицајците пеш и самите изморени од многу топлото време, но упорни во потрагата за да спсат човечки животи, ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16.00 часот. Паралелно било контактирано со Брзата помош за да дојде, додека ги извлекуваат велосипедистите, медицински да бидат згрижени и третирани во покус временски период.
„Припдниците на МВР покажаа големи квалитети и упорност, за да ги спасат изгубните во нашата, но сепак опасна природа при многу топло време, а и за да го скусат времето на пружање помош, односно што побрзо да ги извлечат изгубените за да добијат на време медицинска помош“, информираат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Никоб лаб“ со уште подостапни цени и услуги од мрежата на ФЗОРСМ

„Почитувани корисници на услугите на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб, Ве информираме дека ја проширивме соработката со ФЗОРСМ за поголема достапност, цени и квалитет на лабораториските услуги.
Ве известуваме дека Лабораторијата ПЗУ Никоб Лаб има склучено договор со ФЗОРСМ за изработка на биохемиски анализи опфатени со Лабораторискиот упат ЛУ1-а, ЛУ1-б, ЛУ1-в и ЛУ2.
Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- а
- ХЕМАТОЛОШКИ СТАТУС
- Седиментација на еритроцити
- Крвна слика со диференцијална крвна слика
- УРИНАРЕН СТАТУС со седимент
- ГЛУЦИДЕН СТАТУС
- Глукоза во серум (гликемија)
- ЛИПИДЕН СТАТУС
- Вкупен холестерол
- Триглицериди
- ДЕГРАДАЦИОНИ ПРОДУКТИ
- Уреа во серум
- Креатинин во серум
- ЕНЗИМСКИ СТАТУС
- AST аспартат аминотрансфераза
- ALT Аланин аминотрансфераза
- ЕЛЕКТРОЛИТЕН СТАТУС во серум
- Железо (Fe)
- Тест за бременост ß HCG во серум
Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- б
- ГЛИКОЛИЗИРАН ХЕМОГЛОБИН (HbA1C) со шифра на услугата БА 4/3 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза diabetes mellitus. МКБ
- ТИРЕОСТИМУЛИРАЧКИ ХОРМОН (TSH) со шифра на услугата БА 11/16 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза на хипотиреоза.
- ГЛУКОЗА ТОЛЕРАНС ТЕСТ (OGTT)
- СЕРУМСКИ ТУМОРСКИ МАРКЕРИ ЗА ПРОСТАТА (PSA)
Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1-в
- ХОРМОНАЛЕН СТАТУС со шифра на услуга БА 11
- ТУМОР МАРКЕРИ со шифра на услуга БА 16 ОГТТ
Остануваме лидери во тестирањето на Ковид 19, брзи и квалитетни со најдостапни цени и најквалитетни услуги
За сите дополнителни информации и прашања слободно контактирајте не на 02 / 274 – 1000 или на 071 / 321 – 017“.
(ПР текст)
Македонија
Тренчевска: Новата апликација Bebbo нуди практични совети за правилен развој на децата

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на промоција на новата мобилна апликација Bebbo, развиена од УНИЦЕФ , во соработка на Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика и поддршка на Европската Унија.
Апликацијата Bebbo содржи многубројни информации и стручни совети, интерактивни алатки за правилен развој на детето, но и совети за тоа како родителите да се грижат за себе. Таа е бесплатна и лесна за симнување и користење, работи без интернет и е достапна на македонски и албански јазик.
Тренчевска посочи дека апликација Bebbo, во голем дел се надоврзува на заложбите на Министерството за труд и социјална политика, во зајакнувањето на капацитетите и вештините на стручниот кадар и на самите родители за позитивно родителство, имајќи го предвид значењето на односот на родителите и стручниот кадар во градинките во развојот на една личност и колку вештините со кои ќе се стекнат децата на возраст од 0-6 години ќе влијаат на нивниот понатамошен развој.
„Децата сведоци на насилство или жртви на насилство, понатаму во животот најчесто стануваат и самите насилници, поради тоа што не препознаваат што е добро, а што лошо. Што е решавање на еден проблем на демократски начин и решавање на проблем преку дијалог и дискусија внатре во семејството,“ рече Тренчевска.
Таа посочи дека, поддршка особено им е потребна на родителите и децата кои живеат во сиромаштија, деца Роми, деца со попреченост и деца кои се особено ранливи на експлоатација, злоупотреба и одвојување на семејството.
Македонија
(Видео) Митрески: Ќе дадеме наши предлог-заклучоци кои ќе се однесуваат на стратешките определби за членството во ЕУ

„Зборуваме за заклучоци коишто би се донеле евентуално по информацијата што ќе ја достави Владата до Собранието по која ние ќе разговараме. Не станува збор за промена на европскиот предлог, туку зборуваме за заклучоци кои ние како Собрание ќе ги донесеме за да ја задолжиме и обврземе Владата како да се однесува во следниот период. Јас денес очекувам одговорност од сите партии и пратенички групи бидејќи станува збор за сериозен процес во државата, бидејќи се работи за иднината на државата и нивните граѓани“, изјави меѓу другото координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески пред денешната работна група во Клубот на пратеници.
Митрески рече дека како пратеничка група „ќе дадеме наши предлог-заклучоци коишто ќе се однесуваат на нашите стратешки определби за членството во ЕУ со исклучување на билатералните – историски и образовни прашања. Ќе дадеме предлози и заклучоци коишто ќе значат безусловно почитување на определбата за посебните историски, јазични и културни посебности на македонскиот народ“.
Митрески по новинарско прашање рече дека „како Собрание уште еднаш ќе потврдиме дека билатералните прашања ќе бидат исклучени од рамката и ќе ја задолжиме Владата, затоа што овие заклучоци се обврзувачки за Владата, да се исклучат билатералните прашања од аспект на историјата и образованието“.