Контакт

Европа

Суспендирањето на британскиот парламент е незаконско, пресуди судот

Објавено пред

Суспендирањето на парламентот од страна на британскиот премиер Борис Џонсон е незаконско, пресуди највисокиот граѓански суд на Шкотска. Комисијата од тројца судии во Судскиот суд се најде во корист на меѓупартиска група политичари, кои го предизвикуваат потегот на премиерот.

На овој начин се поништува претходната судска одлука, според која, Џонсон не го прекршил законот со тоа што го суспендирал парламентот. Но, како што пренесуваат британските медиуми, тоа нема веднаш да влијае на моменталната суспензија на парламентот, која почна вчера во утринските часови. Ова е затоа што судот не издал наредба да ја откаже суспензијата пред целосното рочиште во Врховниот суд што почнува во вторник следната недела.

„Според тоа, Судот ќе донесе уредба во која ќе се изјасни дека советите на премиерот до кралицата и пророгацијата што следувале по него, биле незаконски и затоа е ништовен и нема никаков ефект“, се вели во судскската изјава.

Нивната целосна пресуда ќе биде објавена во петок.

Европа

Поранешна министерка од Хрватска е нов генерален секретар на Советот на Европа

Објавено пред

Поранешната хрватска министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, официјално ја презеде функцијата генерален секретар на Советот на Европа.

Таа е втора жена и прв политичар од централна и источна Европа на оваа позиција. Во крајното гласање, таа го победи Белгиецот Диди Рејндерс.

Поранешната шефица на хрватската дипломатија положи заклетва во седиштето на СЕ во Стразбур.

Пејчиновиќ Буриќ дојде на местото на Норвежанецот Торбјорн Јагланд.

Прикажи повеќе...

Европа

Европскиот парламент прифаќа одлагање на брегзитот, но под одредени услови

Објавено пред

Европскиот парламент ја поддржа предлог-резолуцијата за брегзит со која се дозволува британскиот излез да се одложи, но исто така се нагласува дека во отсуство на договор Британците и натаму ќе треба да ги почитуваат своите финансиски обврски кон Европската Унија.

Со 544 гласа „за“ и 126 „против“, европратениците ја поддржаа предлог-резолуцијата, во која стои дека во интерес на Лондон и на Брисел е брегзитот да се спроведе на уреден начин.

Во предлогот парламентот поддржува одложување, но само ако се одржат општи избори, нов референдум, се отповика членoт 50 или, пак, доколку Британците го прифатат договорот за повлекување.

Прикажи повеќе...

Европа

Поднесено барање со закон да се забрани Курц за канцелар

Објавено пред

Парламентарната листа на партијата Јецт поднесе барање до парламентот да донесе закон со кој ќе се спречат членовите на австриската влада, за која во парламентот е изгласана недоверба, да се вратат на своите поранешни позиции.

Пратениците ќе се изјаснат за предлогот кон крајот на неделата. Притоа Јецт сака да се забрани со закон поранешниот канцелар Себастијан Курц повторно да стане шеф на австриската влада. Пратеникот на Јецт, Алфред Нол, посочува дека законот треба да оневозможи членовите на владата, на која парламентот ѝ изгласал недоверба, повторно да влезат во следната влада, односно да не може да се вратат во државничките функции најмалку шест месеци по гласањето недоверба.

Неговиот предлог ќе го погоди не само Курц туку и неговата експертска влада, која е на власт само неколку дена бидејќи Народната партија (ОВП) ја раскина коалицијата со Партијата за слобода (ФПО).

Предлогот на Јецт нема шанси за успех бидејќи таквата промена во уставот ќе бара двотретинско мнозинство во парламентот, оценуваат во Виена.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт9 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија12 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија12 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија14 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија16 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија16 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија16 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ17 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет18 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет20 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет20 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет1 ден

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт1 ден

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион1 ден

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија1 ден

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија2 дена

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија2 дена

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија2 дена

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија2 дена

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Досие