Свет
„Твитер“ ќе го брише секој коментар против вакцината за Ковид-19

Компанијата „Твитер“ објави дека ќе побара од своите корисници да ги отстранат твитовите во кои наведуваат лажни тврдења за вакцинација против коронавирус.
Социјалната мрежа соопшти дека од корисниците ќе биде побарано да ги избришат коментарите во кои се наведува дека вакцините се „намерно направени за да предизвикаат штета или полесно да се контролира населението, вклучувајќи коментари во кои се наведува дека вакцините се дел од глобален заговор“.
Исто така, на корисниците на „Твитер“ ќе им биде забрането да пишуваат дека пандемијата не е вистинска или не е сериозна, како и дека вакцинирањето е непотребно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Сведок на Специјалниот суд во Хаг пронајден мртов – командувал со логорот на ОВК

Поранешниот косовски полицаец Фадил Суљевичи, кој бил и командант на нелегален затвор на ОВК, е пронајден мртов, пренесуваат српските медиуми.
Како наведува „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот со сведоци на Специјалното обвинителство во Хаг.
За овој случај се огласил и главниот обвинител на Основното обвинителство на Приштина, Кујтим Муниши.
„Обвинителот отиде на местото на настанот за да види што се случило. Полицијата е на местото на настанот. Тој беше пронајден мртов некаде на планините“, изјави Муниши.
Суљевичи е поранешен припадник на косовската полиција, кој беше примен во полицијата по 1999 година. Засега нема повеќе информации дали Суљевичи е сведок во некое од обвиненијата против поранешните команданти на ОВК, кои беа уапсени и се наоѓаат во Хаг.
Суљeвичи е по потекло од Медвеѓа и како што еднаш изјави Здружението на киднапираните и исчезнати лица од Косово и Метохија, тој командувал со нелегален затвор во близина на Матикан, во кој имало околу 300 приведени Срби. Србија еднаш издаде потерница за него преку Интерпол.
Свет
„Сигнал“ има технички проблеми откога за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека бргу ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана од Илон Маск и Едвард Сноуден, неодамна успеа да собере милиони нови корисници.
Signal is experiencing technical difficulties. We are working hard to restore service as quickly as possible.
— Signal (@signalapp) January 15, 2021
„’Сигнал’ доживува технички тешкотии. Ние работиме напорно за да ја вратиме услугата што е можно побргу“, им соопшти компанијата на своите 378.000 следбеници.
Повеќето коментари од корисниците се дека ниту една услуга во светот не е изградена за да се справи со 40 милиони нови корисници за една недела, без никаков проблеми. Некој дури забележа дека во просек „Сигнал“ има стекнато 3.900 корисници во минута од 7 јануари.
Ова се случи кога сервисот за пораки „Вацап“ (WhatsApp) на „Фејсбук“ воведе нови правила за приватност, што во основа ги принудува сите да ги споделуваат своите лични податоци поттикнувајќи го основачот на „Тесла“ и „Спејсикс“, Илон Маск, да објави на „Твитер“: „Користете го ‘Сигнал’“.
For those wondering about @SignalApp‘s scaling, #WhatsApp‘s decision to sell out its users to @Facebook has led to what is probably the biggest digital migration to a more secure messenger we’ve ever seen. Hang in there while the Signal team catches up. https://t.co/xNKz4aYUFJ
— Edward Snowden (@Snowden) January 15, 2021
Едвард Сноуден, кој со години ја поддржуваше употребата на „Сигнал“, новите политики на „Вацап“ ги нарече „веројатно најголемата дигитална миграција кон побезбеден месинџер што некогаш сме го виделе“.
Свет
Расте бројот на загинати во земјотресот во Индонезија

Од час на час се менува бројот на загинати во земјотресот во Индонезија. Досега се потврдени 67 смртни случаи, а се очекува бројот да се зголемува како што ќе пристигнуваат од терен извештаите на спасувачките тимови. Како што се наведува, има и над сто повредени.
Повеќе од 600 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер што го погоди островот Сулавеси. Речиси 15.000 луѓе се евакуирани во привремени засолништа.
Спасувачите се на терен и трагаат по преживеани под урнатините. Разурнати се голем број згради, меѓу кои и болници, а многу делови се без струја.
Властите соопштија дека најпогоден град е Мамуџу. Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри јужно од тој град, на длабочина од речиси 18 километри, покажуваат податоците на американскиот Институт за геофизика.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира