Контакт

Свет

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

Објавено пред

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал.

Трамп на Твитер напиша во порака до лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун дека демократскиот кандидат за претстојните претседателски избори е можеби поспан и многу бавен, но не и бесно куче и е нешто подобар од тоа.

Трамп му порача на Ким дека тој е единствениот кој „може да го доведе таму каде што треба да биде“ и го повика да дејствува брзо и да дојде до договор. Твитот завршува со зборовите „Се гледаме наскоро“.

Севернокорејската агенција КЦНА во петокот упати лични навреди на сметка на поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден. КЦНА го нарече Бајден „бесно куче“ кое треба „со стап да се претепа до смрт“.Агенцијата не наведе како Бајден го навредил севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, иако еден од учесниците во трката за демократски кандидат за претседател ја критикуваше политиката на Доналд Трамп кон Северна Кореја.

Регион

Порaка од САД: Ништо не е ни готово ни исклучено кога е во прашање Косово

Објавено пред

Ништо не е ни готово ни исклучено, па дури ни промена на границите кога е во прашање Косово, вели Мајкл Карпентер, поранешен претставник на Пентагон.

Карпентер, поранешен советник и поддржувач на Џозеф Бајден, и експерт за Балканот, рече дека Вашингтон ќе го аминува секое решение околу кое се договориле Србите и Албанците, истакнувајќи дека во тоа нема црвени линии и дека сè зависи од Белград и Приштина, пренесува „Танјуг“.

Според Карпентер, ЕУ, Америка и ОН ќе поддржат одржлив договор. Тој го пренесе личниот став дека и демократите и републиканците во Конгресот се цврсто обединети во поддршката за независно Косово.

„Значи, тоа нема да се промени. Мора креативно да размислуваме како да се постигне тоа. Мислам дека статус кво е одржлив“, рече тој, додавајќи дека двете страни сакаат резолуција која ќе им овозможи на Србија и Косов да живеат во мир и просперитет.

Карпентер оцени дека што и да успеала демократската администрација, сегашната ќе мора да биде покреативна и добро да размисли како да ги поттикне двете страни да постигнат договор кој ќе биде прифатлив за мнозинството Срби и за косовските Албанци.

„Тоа вклучува давање идеи за стабилизациски фонд“, додава тој.

Карпентер не би сакал да исклучи ниедна можност, па ни промена на границите, но напоменува дека клуч е одржливоста на договорот што го поддржуваат мнозинството граѓани како во Србија, така и на Косово.

„Ако внатрешните актери не ја поддржуваат резолуцијата во целост, тогфаш без оглед на тоа што мислат надворешните актери, тоа нема да функционира. Трајната резолуција бара широка поддршка од двете страни“, посочи тој.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Русија и Украина почнаа разговори за размена на затвореници

Објавено пред

Русија и Украина почнаа преговори за нова размена на затвореници, објави канцеларијата на украинскиот претседател Володомир Зеленски на својот канал на „Телеграм“ , пренесува ТАСС.

„Веќе почнавме разговори со Руската Федерација за размена на Украинците, вклучувајќи ги и Кримските Татари и други Украинци кои се во Русија“, рече Зеленски пред новинарите во Ерусалим.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Објавено пред

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во моментов нема лек или вакцина.

Властите воведоа ограничувања за патувањата во и надвор од дури три големи градови – Хуанганг, Ежоу и Вухан, во кои вкупно живеат 20 милиони луѓе.

Правилата стапија на сила денеска наутро, а со нив најпрво беа прекинати железничките линии и авионските летови во и од 11-милионскиот Вухан, најголемиот град во централна Кина, кој се смета за жариште на ифекцијата. Властите исто така го стопираа јавниот превоз во градот – автобусите, подземната железница и траектите. Покрај тоа, наредено е сите пешаци на улиците да носат заштитни маски.

Властите уште во среда во 10 часот по локално време започнале да ги спроведуваат мерките. До средата напладне, сообраќајот со автомобили сè уште бил дозволен, меѓутоа, после тоа, започнало затворање на автопатиштата кон Вухан. Во средата исто така беше објавено дека здравствените власти ќе ја мерат температурата на сите што влегуваат и излегуваат од градот.

Голем број Кинези на социјалните мрежи, вклучувајќи и блогери, вчера тврдеа дека мерката е премногу задоцнета и дека се прекриваат вистинските размери на епидемијата, поради што некои побараа оставка од градоначалникот на Вухан, Жоу Ксијанванг. Болеста во меѓувреме се прошири скоро во сите кинески провинции, вклучувајќи го и Хонгконг.

Вирусот во средата беше потврден во шест земји надвор од Кина.

Најголемиот карантин во историјата, е воведен во Кина откако бројот на заболени и смртни случаи во еден ден, од вторник до среда, практично се удвои – од 270 првично заболени бројката скокна на 570, а бројот на починати се зголеми од 9 на 17. До утрово бројот на смртни случаи се искачи на најмалку 25.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија2 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет3 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија3 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион3 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет4 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија16 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија21 час

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија21 час

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ21 час

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија22 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија23 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија23 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија24 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет1 ден

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет1 ден

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет1 ден

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Досие