Свет
(Видео) Трамп го призна поразот, најави мирна тразиција на власта

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, призна дека Џо Бајден ќе биде следниот претседател на САД по насилниот упад на неговите приврзаници во зградата на Конгресот. Според АП, Трамп, кој во четвртокот наутро сè уште неосновано тврдеше дека изборите се украдени, синоќа објави дека ќе се фокусира на непречената и мирна транзиција на власта кон администрацијата на Бајден.
„Конгресот ги потврди резултатите. Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари. Сега сум фокусиран на обезбедување непречен и мирен трансфер на власта. Овој момент бара зараснување на раните и помирување“, рече Трамп на видеото објавено на „Твитер“. Тој го осуди насилството велејќи дека бунтовниците го извалкаа седиштето на американската демократија. Сепак, тој не зборуваше за неговата улога во поттикнување насилство, пренесува АП.
„Вечно ми е чест да служам како ваш претседател. Им кажувам на сите прекрасни приврзаници дека знам оти сте разочарани, но исто така сакам да ви кажам дека нашето извонредно патување штотуку почнува“, рече Трамп.
Портпаролката на Трамп, Кејли Мекенени, претходно изјави дека целата Бела куќа го осудува насилството што се случи во американскиот Конгрес во средата и рече дека оние што го прекршиле законот треба да бидат кривично одговорни.
„Ние го осудуваме тоа – претседателот и оваа администрација – на најсилен можен начин“, рече Мекенени пред новинарите на брифингот за печатот во Белата куќа. „Тоа е неприфатливо и оние што го прекршија законот треба да бидат гонети“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пристигнува во ЕУ, одобрувањето се очекува до 11 март

Европската агенција за лекови треба да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 11 март, пренесуваат „Ројтерс“ и „Блумберг“.
Американската фармацевтска компанија на почетокот на месецов поднела барање за условно одобрување на вакцината до Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела ЕМА соопшти дека ќе го објави своето мислење до средината на март.
ЕУ досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер/ Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“.
Свет
Коронавирус откриен на два американски воени брода

Коронавирусот се појави на два американски воени брода на Блискиот Исток, соопшти Петтата флота, чијашто база е во Бахреин.
Повеќе од 10 члена на екипажот на десантниот брод „Сан Диего“ се заразени со коронавирус и бродот веќе е во Бахреин, додека постои сомневање дека неколку лица биле заразени на ракетниот крстосувач „Филипинско Море“.
На „Сан Диего“ има речиси 600 луѓе, додека на „Филипинско Море“ има околу 380 членови на екипажот, јавува АП.
Американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ минатата година мораше да помине речиси два месеца во Гуам, откако беа заразени повеќе од 1.000 морнари, а еден почина.
Европа
Oсновачите на „Бионтек“ ќе бидат одликувани со највисок орден во Германија

Германската држава одлучи да им додели највисок орден на основачите на фармацевтската компанија „Бионтек“, која прва разви и лансираше вакцина против коронавирус на пазарот.
Како што беше соопштено од кабинетот на претседателот на Германија, шефот на германската држава, Франк Валтер Штајнмаер, на 19 март ќе го предаде „Крстот за заслуги со ѕвезда“ на брачната двојка научници Oзлем Туречи и Угур Шахин.
Тоа ќе му биде прво лично врачување на ордени на Штајмер оваа година, а ќе се одржи во палатата Белви во Берлин.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер