Свет
Трамп: Елиминиран е и наследникот на Багдади

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека е елиминиран и наследникот на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, кој викендот беше убиен во операција на американските војници во Сирија.
„Само што добив потврда дека американските сили исто така го елиминираа заменикот број еден на Багдади. Тој многу веројатно го презеде водството. Меѓутоа, и тој е мртов“, објави Трамп на Твитер.
Тој не го наведе идентитетот на лицето ниту околностите на неговата смрт. Засега не е јасно дали Трамп мислеше на смртта на портпаролот на ИД. Курдските сили претходно соопштија дека при напад во северниот дел на Сирија убиен е Абу Хасан ал Мухаџир, десната рака на Ал Багдади и портпарол на ИД.
Трамп во неделата објави дека Ал Багдади е убиен во операција на американските сили во сириската провинција Идлиб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Меркел: Ќе стојам настрана во врска со кандидатот за канцелар

По веста во светот дека Армин Лашет е новиот кандидат на Демохристијанската партија за нов канцелар на Германија, сите очекуваа Ангела Меркел да се огласи по повод неговата кандидатура.
Како дел од денешното обраќање на Меркел за моментната состојба во врска со коронавирусот во земјата, многумина очекуваа коментар за кандидатурата за претстојните избори, но таа на медиумите им даде само кус коментар – дека не сака да се меша во прашањето кој ќе биде кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар.
„Сакав, сакам и ќе останам настрана“, рече таа.
Една од причините зошто јавноста сакаше да го коментира изборот на кандидат на нејзината партија е неодамнешниот конфликт што го имаше со Лашет.
Тој се судри со Меркел за антиепидемиските ограничувања, а популарноста што ја уживаше како премиер на Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, беше компромитирана од хаотичното управување со пандемиската криза.
Многу конзервативци се нервозни за изборите во септември бидејќи Ангела Меркел ги предводеше во четири изборни победи. Таа не поддржа експлицитно ниеден од кандидатите, но навести дека ќе му ја даде својата поддршка на лидерот на ЦДУ.
Регион
Во Србија 3.572 нови случаја на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.572 нови случаја на коронавирус, а 35 лица починаа. Направени се 16.116 теста.
Во последните денови во Србија се забележува пад на бројот на нови случаи, вчера беа отворени трговските центри, а набргу учениците ќе се вратат во училиштата.
Во текот на неделата кризниот штаб треба да донесе одлука за отворање на внатрешните делови на угостителските објекти.
Сепак, многу забрани остануваат во сила, како што е забраната за собирање повеќе од пет лица.
Регион
Грчките острови ќе бидат поврзани со копното со хидроавиони

Воздухопловната компанија Grecian Air Seaplanes најави дека ќе воведе летови со хидроавиони во септември за подобро поврзување на островите со копното откако пристаништата добија дозволи за овој вид транспорт.
Во почетната фаза флотата ќе вклучува три хидроавиони со 19 седишта, кои ќе летаат од пристаништата на Јонското Море, а со текот на времето нивниот број треба да се зголеми.
Хидроавионите може да функционираат како дополнување на другите превозни средства, вклучувајќи траекти и стандардни авиони, а исто така може да се користат за чартер-летови, медицински превоз и товарни услуги, истакнува „Ројтерс“.
Грција има вовлечено крајбрежје од 16.000 километри, кое е идеално за услуги со хидроавиони. Превозниците може да го подобрат пристапот до многу туристички дестинации и слабо поврзани острови, што би го зајакнало туризмот.
Компанијата соопшти дека планира да ги прошири деловните активности паралелно со издавање лиценци на пристаништата на островите во Јонското Море, вклучувајќи ги Крит, Киклади, Споради и Додеканези.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш