Свет
Турската војска извршила напади на 181 цел во Сирија

Турското Министерство за одбрана објави дека турките сили во рамки на акцијата ,,Извор на мирот” на северот на Сирија досега извршиле напади врз 181 цел на терористичките организации. Нападите биле извршени со воздушни сили, но и со друга воена поддршка.
Турските вооружени сили (ТСК) и Сириската национална армија (СНА) вчера ја почнаа операцијата ,,Извор на мирот”, за која се наведува дека е со цел „да ги врати мирот и безбедноста во регионот и уништување на терористичкиот коридор што терористите имаат намера да го воспостават јужно од границата со Турција”.
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите се единствената цел во рамките на операцијата. Тие наведуваат дека операцијата се спроведува во согласност со меѓународните законски стандарди и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на борбата против тероризмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Убер“ потврди повеќе од 3.000 сексуални напади во превезувањата во САД во 2018

Компанијата за превоз на патници „Убер“ соопшти дека во САД примила повеќе од 3.000 извештаи за сексуални напади, вклучително и силување, во текот на 2018 година, кога нејзините возачи спровеле околу 1,3 милијарди возења.
„Убер“ посочи дека бројките за ланската година покажуваат пад од 16 проценти во стапката на инциденти во однос на 2017 година во петте најсериозни категории на пријавени сексуални напади.
Компанијата исто така соопшти дека 99,9 проценти од сите возења во 2017 и 2018, кои вкупно биле 2,3 милијарди, биле завршени без никакви безбедносни инциденти, пренесува „Ројтерс“.
Компанијата исто така тврди дека наводите за напади врз патниците го занемариле ризикот за возачите, а тоа значи дека возачите биле одговорни во случаите за сексуален напад во половина од случаите.
„Убер“ го објави извештајот под голем притисок од регулаторите во многу градови, вклучувајќи го и Лондон, кој неодамна ја укина лиценцата за оваа транспортна компанија поради пропусти во безбедноста.
„Убер“ е сервис кој функционира како приватна такси мрежа. Возилата се резервираат со помош на апликација или текст пораки, преку кои корисниците ја праќаат својата локација, по што возачот пријавен во компанијата со приватно возило доаѓа да го одвезе корисникот до посакуваното место.
По пристигнувањето, корисникот со помош на апликацијата го оценува квалитетот на возењето, а наплатата се врши преку сметка која е доставена до „Убер“, што овозможува патниите да се возат и ако го заборават паричникот.
Свет
Во експлозија во Иран загинаа 11 лица, прогласен ден на жалост

Најмалку 11 лица загинаа во експлозија на гасоводна цевка за греење во западен Иран, а 42 други се повредени, објави денес иранската државна телевизија.
Експлозијата се случила за време на свадбена церемонија во курдскиот град Сакез, при што меѓу загинатите се пет жени и пет деца, пренесува АП.
Три повредени лица се во критична состојба.
Според државната телевизија, експлозијата се должи на протекување на гас од цевка во салата за венчавки.
Поради несреќата, иранската влада прогласи ден на жалост.
Свет
Полицијата уби четворица мажи осомничени за силување и убиство на жена во Индија

Индиската полиција застрела четворица мажи осомничени за силување и убиство на млада жена минатата недела во јужна Индија, објави Би-би-си.
Осомничените се наоѓале во притвор, а утрово биле однесени на местото на убиството на жената, каде биле застрелани, откако, според информациите од полицијата, се обиделе да го украдат оружјето од полицајците и да избегаат.
Шефот на полицијата изјавил дека ги однеле обвинетите на местото на настанот да го реконструираат она што се случило.
„Полицијата пукала кон нив кога се обиделе да ги зграбат пиштолите на офицерите и да побегнат“, рекол тој. Во инцидентот, повредени се и двајца полицајци.
Изгореното тело на 27-годишната жртва беше пронајдено минатата недела и тој инцидент предизвика бес и протести ширум Индија поради наводна неактивност на полицијата.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги1 месец
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“