Контакт

Свет

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Објавено пред

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик, изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане иста, но дека неговата земја повеќе не е во можност да ги задржува оние коишто се на пат кон Европа.

Според турски официјален претставник, земјата одлучила повеќе да не ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море.

Изјавата е дадена во пресрет на масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб, каде има еден милион раселени лица. Турската полиција, крајбрежната стража и граничарите добиле наредба да се држат настрана.

Гувернерот на турската област Хатај, Рахми Доган, изјави дека бројот на загинатите турски војници во воздушниот напад во Идлиб се искачи на 34 лица. „Ројтерс“ наведува дека се очекува масовно движење на бегалци од сириската покраина Идлиб каде што има милион раселени лица.

Свет

Британската полиција упадна на караоке забава организирана и покрај мерките за изолација

Објавено пред

Британската полиција прекина караоке забава во Дербишир која се одржувала и покрај мерките на владата за сузбивање на коронавирусот. На забавата имало 25 деца и возрасни.

Полицијата на Дербишир соопшти дека полицајците биле шокирани кога на една адреса затекнале група од 25 деца и возрасни на караоке забава, пренесе „Скај њуз“.

Полицијата на „Твитер“ објави фотографии од шведската маса и музичката опрема и наведе дека присутните биле растерани.

„Јасно е дека луѓето и понатаму не ги почитуваат владините совети и правила“, објави полицијата.

Забавата е организирана на првиот викенд по воведувањето на ограничувањата ширум земјата како одговор на епидемијата на ковид-19.

На Британците им е наредено да останат дома најмалку три недели, освен за многу ограничени потреби.

Полициските власти во некои градови ги охрабруваат граѓаните да ги пријавуваат соседите кои ги прекршуваат правилата. Како што објави „Скај њуз“ полицијата низ градовите примила голем број пријави за домашни забави.

Прикажи повеќе...

Свет

Советничката на израелскиот премиер позитивна на коронавирус, Нетанјаху се сретнал со неа пред 4 дена

Објавено пред

Советничката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со која премиерот се сретнал пред 4 дена, е позитивна на коронавирус, соопштија израелските власти.

Веста дека советничката на Нетанјаху, Ривка Палух, била заразена со коронавирус, предизвика загриженост дека самиот премиер можеби бил загрозен, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Таа била тестирана неколку часа откако нејзиниот сопруг, кој исто така е заразен, бил одведен во болница.

Кабинетот на Нетанјаху им рече на медиумите дека ќе постапуваат во согласност со упатствата на Министерството за здравство, што веројатно значи дека премиерот и другите помошници или пратеници ќе треба да поминат 14-дневен карантин.

Израелските медиуми соопштија дека Палух била на седница на парламентот минатата недела, на која присуствувале Нетанјаху и пратениците од опозицијата.

Кабинетот на премиерот претходно потврди дека таа се состанала со Нетанјаху во четвртокот, но се вели дека го задржала соодветното растојание.

Нетанјаху од претпазливост веќе беше тестиран на коронавирус на 15 март, а резултатот беше негативен, соопштија од неговиот кабинет.

Прикажи повеќе...

Свет

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Објавено пред

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа во нормала.
Ова го соопшти кинеската Национална здравствена комисија, пренесува „Ројтерс“.

Во Вухан, од каде што започна ширењето на новиот коронавирус, не се пријавуваат нови случаи веќе шести ден по ред, продавниците почнаа повторно да се отвораат и граѓаните почнаа да се враќаат во секојдневниот живот по два месеци карантин.

Во тој град повторно е отворен трговскиот центар „Вухан интернешнал Плаза“, во кој се наоѓаат продавници на луксузни брендови како „Картие“ и „Луј Витон“, а на влезот се почитуваат мерките на растојание од 1,5 метар и проверка на температурата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ30 минути

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95 од нив

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа, на ниво на цела држава, 242 лица не ја почитувале...

Свет2 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет16 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија19 часа

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија20 часа

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија20 часа

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија21 час

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија22 часа

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија22 часа

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија23 часа

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија1 ден

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет1 ден

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет1 ден

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа2 дена

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија2 дена

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија2 дена

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија2 дена

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет2 дена

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Досие