Контакт

Топ

Убиената жена во Шутка го спасила сопругот, застанала пред него и била избодена до смрт

Објавено пред

Скопјанец до смрт избоде своја братучетка во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, скопјанецот со нож го нападнал сопругот на братучетка му, но таа застанала пред него и го спасила, а таа била избодена во стомакот по што починала на самото место.

Убиството се случило вчеравечер околу 22 часот во куќа на улица Јуриј Розентал.

Според информациите на полицијата, најпрво настанала расправија и тепачка помеѓу братучедот на жената С.Х.(39) и нејзиниот сопруг С.Х.(37). Кратко после тоа, нејзиниот братучед заминал и набргу се вратил со нож во раката.

Тогаш повторно настанала расправија и за да не биде нападнат нејзиниот сопруг, А.Ѓ. (34) се испречила пред братучед ѝ, кој со ножот ѝ нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото.

Братучедот и сопругот биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, и двајцата биле пренесени во болница.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите. Од кабинетот на Заев најавија дека преземаат мерки за зајакнување на ефикасноста и безбедноста во спроведувањето на транспарентната агенда составена од состаноци, настани и комуникации.

Како што повлекуваат од Владата, во тек е унапредување на протоколите и правилата за закажување состаноци и за спроведување на телефонски разговори во Кабинетот, со цел да се обезбеди високо ниво на проверки и заштити на комуникациите на премиерот.

Како дел од мерките за безбедност и внимателност во дигиталните и телефонските комуникации, во рамки на кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и броевите на мобилните телефони на премиерот и на дел од неговите соработници.

Премиерот направил и анализа на професионалноста и ефикасноста на ангажманите на своите советници и соработници, врз основа на што на дел од ангажираните лица ќе им се заблагодари за досегашната соработка, велат од владината прес-служба.

Согласно најавата за одлучно спротивставување и справување со дезинформации и со напади врз демократијата во земјата, Кабинетот на премиерот подготвува План за одлучна акција против ширење дезинформации чија прва верзија наскоро ќе биде претставена на јавноста, а потоа и консултирана со засегнатите чинители и со стратешките партнери на земјата.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо и тоа е една од оние можности кои што биле понудени. Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање, најави дека деталите на новиот предлог-закон за Јавното обвинителство, треба да бидат анализирани, а потоа од партијата ќе излезат со конкретни забелешки.

Во однос на предлогот на премиерот Зоран Заев, што се однесува на тоа обвинителката Вилма Русковска да раководи со обвинителството, Арсовски рече дека дека ваквата идеја за нив е далеку од прифатлива.

„Зоран Заев со предлогот уште еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и ‘Русковска обвнителството’. Тој уште еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада, и практично бил дел од селективната правда која што ја нарачуваше Зоран Заев од канцелариите на Владата, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ја исполнуваа на дело. Сите оние кои што беа против Зоран Заев, кои што ќе се обидеа да кренат глава против Зоран Заев, беа обвинувани и осудувани од страна на Русковска и Кацарска. Затоа, тоа е една лична желба на Зоран Заев која што за нас е далеку од прифатлива“, изјави Арсовски.

Тој искоментира дека со предлог-законот се потврдува оти СЈО било полно со криминал и корупција и дека не можело да одговори на висината на задачата за која што било создадено.

Арсовски додаде дека ќе продолжат да инсистираат на датум за предвремени парламентарни избори.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Километарски колони на границата со Грција, се чека со часови

Објавено пред

Километарски колони на граничот премин „Евзони“ кон Грција. Иако на македонската граница нема подолги задржувања, од грчка страна се чека со часови.

Дел од возачите се излезени од своите возила, а останатите свират во знак на револт поради долгото чекање.

Од седум ленти за пропуштање на возилата низ граница, работат само три. Колоните се од едната до другата страна на границата, со што станува невозможно да се пропуштаат возила од македонска кон грчка страна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија2 часа

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија3 часа

(Видео) Километарски колони на границата со Грција, се чека со часови

Километарски колони на граничот премин „Евзони“ кон Грција. Иако на македонската граница нема подолги задржувања, од грчка страна се чека...

Македонија4 часа

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија5 часа

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија5 часа

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион5 часа

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија6 часа

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија24 часа

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија1 ден

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија1 ден

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија1 ден

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија1 ден

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија1 ден

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија1 ден

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија1 ден

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет1 ден

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт1 ден

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија2 дена

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет2 дена

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Досие