Македонија
Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во однос на болничките капацитети, во внатрешноста има речиси 1.000 болнички легла, во Скопје интензивно работевме во изминатиот период за проширување на капацитетите на интерните клиники и се обезбедени приближно 200 легла. Клиниката за оториноларингологија има капацитети кои сè уште не почнале да се исполнуваат. Ќе бидат на располагање и 100 кревети на почетокот на следната недела од приватните клиники“, вели Филипче.
Министерот вели дека она што охрабрува е што покрај големиот број новозаразени, расте и бројот на оздравени.
„Координацијата е секојдневна со директорите на сите болници во државата, се случува некој пациент да дојде ненајавен и да се створи нервоза кај семејството, но тоа се решава на дневна основа“, вели Филипче.
Министерот смета дека бројот на смртни случаи расте на глобално ниво, од кои 81 процент во регионите на Европа и Америка.
„Во однос на регионот, забележително е дека бројот на нови случаи останува на високо ниво, многу благо се намалува, а бројот на смртни случаи останува висок на дневно ниво“, вели Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Угина жирафата Тобого од скопската Зоолошка

Направената обдукција на жирафата Тобого, која нанедејно пцовиса во скопската Зоолошка градина, не утврдила физички повреди, а во наредните денови се очекуваат целосните резултати, информираат од управата на Зоолошката.
Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого💔
Денеска беше направена обдукција…Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Четврток, 14 јануари 2021
„Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската Зоолошка. Тој им беше миленик на вработените и на посетителите. Роден е во Франкфурт на 9 декември 2010 година, а жител на Скопје ЗОО беше од 5 ноември 2013“, се наведува во кусото соопштение.
„Трчај во небесната савана, Тобого, многу ќе ни недостигаш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен“, порачаа вработените во скопската Зоолошка преку официјалната фејсбук-страница.
Македонија
Поради снежните врнежи, забрана за товарни возила на три патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег вее на целата територија на Македонија, информираат од Авто-мото сојузот (АМСМ).
Од таму додаваат дека поради снежни врнежи, воведена е забрана за движење на камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар во 17:50 ч. и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража во 18:50 ч, како и на регионалниот пат Велес – Прилеп и обратно, односно превој Плетвар од 20:35 ч. ДЦС МВР известува дека на секои 20 минути ќе се пропушта по едно товарно возило.
Според информација од ЈП „Македонијапат“, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до браната „Калиманци“, кај местото Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.
За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Бигла – Делчево.
Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.
Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.
Македонија
(Видео) Арсовски: Oд МВР се виновни што секој бандит со пиштол пука кај ќе стигне

На МВР поважно им е дали на граѓаните маската им е под носот или е закачена само на едното уво за веднаш да ги казнат, а воопшто не им е важно кој поседува и со себе носи пиштол, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во врска со денешниот инцидент во центарот на Скопје, пред поранешната Градска болница, а претходно и во селото Батинци.
„Откако дојде СДСМ на власт, изминативе години гледаме само филмски пукотници во центарот на Скопје и граѓаните не се чувствуваат воопшто безбедно. Секој што си зема за право да носи пиштол со себе, се повикува на блискоста со власта и станува опасен за околината, што денеска се виде и во самиот центар на Скопје“, истакна партискиот портпарол.
Според него, голем е сомнежот дека власта крие нешто бидејќи нејасни биле информациите за денешниот настан.
„Најпрвин очевидци за медиуми брифирале дека лице со пиштол се заканувало и пукало пред болницата за потоа експресно МВР и директорот од СДСМ на болницата да демантираат дека немало никакво пукање пред Градската болница, а за што сепак сведочат и автомобилот и пиштолот, кои се најдени на паркингот“, нагласи Арсовски.
Партискиот портпарол порача – дали и зошто полицијата ги крие овие информации од граѓаните, останува нејасно, но дека тоа можеби укажува оти се работи за лица блиски до структурите на власта.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира