Контакт

Македонија

Фон дер Лаен и Меркел: На Северна Македонија и на Албанија мора да им се обезбеди перспектива во ЕУ 

Објавено пред

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и германската канцеларка Ангела Меркел, вечерва, од Берлин, порачаа дека на земјите од Западен Балкан мора да им се обезбеди перспектива во ЕУ. Најавени се нови специјални проекти за соработка и помош со Северна Македонија и Албанија за да се намали разочарувањето од неуспехот да се добие почеток на преговорите со ЕУ.

Фон дер Лаен вечерва во Берлин одржа заедничка прес-конференција со германската канцеларка, Ангела Меркел, на која и двете политичарки уште еднаш го потенцираа значењето на европската перспектива за земјите од Западен Балкан.

„Цврсто сум убедена дека за нас е од големо стратегиско значење да го приближиме Западен Балкан што поблиску до ЕУ. Сè додека не може да се отворат пристапните преговори со сите сили, ќе се обидувам да развивам заеднички проекти кои по патот на потесната соработка ќе ги приврзат земјите од Западен Балкан поблиску до нас. Ако ние не го сториме тоа, некои други ќе го искористат вакуумот, а тоа не го сакаме. Албанија и Северна Македонија презедоа неверојатни напори за да ги исполнат критериуми што ние од нив ги баравме“, рече Фон дер Лаен.

И Меркел ја критикува блокадата на Франција. „Уште еднаш кажав дека од стратегиски европски интереси сметам дека е од екстремна важност овие земји да не ја загубат надежта за членство во ЕУ“, рече Меркел.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Филипче: Воведовме три нови типови инсулин, посветени сме на пациентите со дијабетис

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска присуствуваше на централниот настан за одбележување Светски ден против дијабетесот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари, со поддршка од Министерство за здравство, здруженија, институции и компании.

Во своето обраќање тој нагласи дека Министерството за здравство е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес мелитус и сите лица на инсулинска терапија се соодветно снабдени со инсулин, потенцирајќи дека грижата за лицата со дијабет и обезбедувањето соодветна инсулинска терапија е врвен приоритет на Министерството за здравство.

„Во изминатиот период воведовме три нови типови инсулин, кои се најнова генерација на лекови и два нови инсулински аналога. Исто така, е направена многу значајна измена на Законот за паралелен увоз на лекови, со што во земјава се донесени оригинални инсулини со сертификат какви што се носат во сите развиени европски земји. Со тоа значајно се подобрува квалитетот на третманот на дијабетесот. Воедно, се подобрува и кардиоваскуларниот ефект, заради тоа што има многу поголемо влијание на кардиоваскуларниот систем. Во изминатиот период активно работевме со сите чинители, кои имаат улога во овој процес во изготвување на новата десетгодишна стратегија за третман на дијабетес, која во себе содржи елементи, кои ја подобруваат превенцијата, раното откривање на дијабетесот, соодветниот третман на ниво на секундарна и терциерна здравствена заштита. По носењето на оваа стратегија ќе почне ревитализација на сите центри за дијабетес ширум државата“, истакна министерот Филипче.

Тој додаде дека во рамки на Националниот електронски систем МојТермин, функционира посебен софтвер и во реално време се следи потрошувачката и снабдувањето со инсулин и ленти за мерење шеќер во сите установи и нашата држава е пример за таков тип софтвер, единствен во регионот.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев упати писмо со сочувство до Џузепе Конте поради поплавата во Венеција

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев испрати писмо со сочувство до неговиот италијански колега Џузепе Конте, по повод штетите и жртвите од поплавите кои ја погодија Венеција.

„Со загриженост ја примив веста дека повеќе од 85 проценти од градот Венеција е поплавен, вклучувајќи ја и историската базилика и многу нејзини плоштади и улички, во трагичната елементарна непогода.

Несомнено, климатските промени го чинат своето, но, загубата на човечките животи е ненадоместлива, за што ви го упатувам моето искрено сочувство.

Дозволете ми, почитуван колега, да ги споделам со Вас моите желби за брзо надминување на штетите од оваа природна непогода.

Нашите мисли и молитви се со Вас“, се вели во писмото кое премиерот Заев го упати до претседателот на Советот на министри на Италијанската Република.

Прикажи повеќе...

Македонија

Минималната плата ги скара пратениците од власта и опозицијата

Објавено пред

Минималната плата ги скара пратениците од власта и опозицијата, при што за едните е популистички чекор, а за другите решение во вистински момент.

На собраниската дебата најгласен беше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, според кој покачувањето на платата се носи пред избори за поткуп на гласачи.

„Носите едно решение без дебата, без да бидат прашани работодавците и стопанските комори, но тоа е ваша одлука на владеење. Покачувате плати и пензии пред избори. Освен тоа, некоординирани сте во ставовите. Вашата министерска Царовска рече за да се прехрани едно четиричлено семејство требаат 17.500 денари, а платата се покачува на 14.500, што значи дека минималната плата не стига ниту за храна. Ова е факт дека решението е носено несистемски и набрзина, без анализа дали ќе има реперкусии врз работниците со нивно отпуштање зашто работодавците може да не го издржат тој товар“, заклучи Данев.

За пратениците на власта, покачувањето на минималната плата е во согласност со ветената програма што ја дале пред избори и според нив ова ветување се исполнува како што е дадено.

„Не гледам ниту конфузност ниту контрадикторност. Зголемувањето на минималната плата е решение што ќе ја зајакне социјалата, ќе го подигне стандардот и не е популистичка мерка, туку мерка во согласност со програмата. Доколку не се покачеше минималната плата, би ве запрашала дали 9.000 денари, колку што беше платата, ќе беа доволни да се наполни потрошувачката кошничка“, реплицира пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска.

Во дискусијата се вклучи и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој посочи дека носењето на законот не е предизборно, односно дека има доволно време да се изгласа и не ги крши процедурите.

Од опозицијата на крајот рекоа дека иако не се согласуваат со мерката што се носи пред избори, во име на граѓаните од загрозените социјални категории ќе го поддржат законското решение.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Минималната плата ги скара пратениците од власта и опозицијата

Минималната плата ги скара пратениците од власта и опозицијата, при што за едните е популистички чекор, а за другите решение...

Македонија34 минути

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Македонија4 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија4 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија4 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија5 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет5 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа6 часа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија7 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион17 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион19 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија20 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија23 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија1 ден

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија1 ден

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија1 ден

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија1 ден

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија1 ден

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Досие