Македонија
Црна Гора, Словенија и Македонија со најголем број на активни случаи на Ковид-19

Во регионот, најголем број активни пациенти со Ковид-19О на 100 илјади жители се регистрирани во Црна Гора, по што следат Словенија и Северна Македонија.Србија не објавува податоци за бројот на активно болни на 100 илјади жители.
Во Црна Гора има 1.450 активни случаи на 100.000 жители, 1.023 во Словенија и 868 во Северна Македонија. Во Босна и Херцеговина (БиХ) се регистрирани 847 активни случаи на 100 илјади жители, во Албанија 817, во Косово 412 и во Хрватска 145.
Во регионот, највисока 14-дневна инциденца на нови случаи на инфекција со коронавирус на 100 илјади жители е регистрирана во Словенија, потоа во Црна Гора и во Србија.Во Словенија се регистрирани 973 заразени на 100 илјади жители во последните 14 дена, во Црна Гора 875, во Србија 593, во Хрватска 421, во Северна Македонија 266, во Албанија 226, во БиХ 195, на Косово 164.
Денеска во регионот се регистрирани 8.607 нови случаи на коронавирус.Србија е на првото место во регионот по бројот на хоспитализирани од Ковид-19 на 100 илјади жители, на второто место е Хрватска, а на трето е Словенија. Во Србија се регистрирани 96 хоспитализирани на 100 илјади жители, во Хрватска 59, во Словенија 58, во Црна Гора 53, во Северна Македонија и на Косово по 43.
Во регионот, најголем број на пациенти на милион жители се регистрирани во Црна Гора, по што следат Словенија и Хрватска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Фити: Реформите не смеат да се одложуваат

Реформата на основното образование треба да почне со радикално преиспитување на наставните содржини по одделни предмети и од нив треба да се исфрли се што е несуштинско и да се фокусираат на битните, трајните работи, рече академик Таки Фити по денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.
„ Не можеме да ги отфрлиме фактите. Учениците мора да знаат факти, бидејќи науката се гради со факти, но тоа не е куп на факти, туку факти коишто се меѓу себе поврзани, причинско-последичните врски, критичко размислување во логична и конзистентна целина. Без тоа не можеме. Поврзување на работите, односно имплементирање на она што во тие национални стандарди, како што ги вика стратегијата, е означено како претприемништво. Но, не претприeмништвото како предмет, претприемништвото како филозофија на размислување и на однесување. Гледање на можности, откривање на можности, искористување на можности. Од најмали нозе тоа треба да се прави“, рече академик Фити.
Фити посочи дека сите се согласиле дека реформите во основното образование се императив.
„ Реформите не смеат да се одложуваат затоа што многу лошо стоиме и во поглед на длабочината на знаењата и во поглед на опсегот, значи и во поглед на квантитетот и квалитетот на знаења на нашите основци, споредени со оние на нивните врсници во високоразвиените земји, членки на ОЕЦД, и тука постојат факти, постојат меѓународни мерења коишто тоа апсолутно го потврдуваат и тој јаз има тенденција да се проширува. Затоа со реформи треба веднаш да се почне“, посочи академик Фити.
Македонија
Нови 307 заболени и 14 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Охрид-10, Струмица-9, Кавадарци-10, Струга-3, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-1, Дебар-11, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Берово-1, Делчево-6, Пробиштип-3, Виница-2, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-3, Крушево-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 658 оздравени пациенти од: Скопје-444, Куманово-13, Тетово-9, Прилеп-22, Гостивар-11, Штип-7, Велес-11, Охрид-46, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-34, Кочани-2, Свети Николе-2, Гевгелија-8, Неготино-6, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-1, Пробиштип-1, Виница-1, Македонски Брод-3, Крушево-2, Демир Капија-1, и Пехчево-2.
Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (70, 78, 65, 75 и 80г.), еден од Прилеп (73г.), еден од Гостивар (71г.), од Штип (66г.), два пациенти од Охрид (75 и 78г.), еден од Кавадарци (52г.), еден од Кичево (63г.), еден од Свети Николе (57г.) и еден пациент од Гевгелија (80г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90124, бројката на оздравени пациенти е 76045, на починати е 2768, а бројот на активни случаи изнесува 11311. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39161, активни 6455
• Куманово 5079, активни 433
• Тетово 5007, активни 467
• Прилеп 4510, активни 259
• Гостивар 3562, активни 306
• Штип 3458, активни 162
• Битола 3185, активни 226
• Велес 2995, активни 311
• Охрид 2694, активни 349
• Струмица 2496, активни 362
• Кавадарци 2440, активни 355
• Струга 2165, активни 154
• Кочани 1704, активни 114
• Кичево 1689, активни 158
• Свети Николе 1063, активни 46
• Гевгелија 963, активни 114
• Неготино 949, активни 150
• Дебар 736, активни 117
• Ресен 720, активни 121
• Крива Паланка 709, активни 67
• Радовиш 683, активни 51
• Берово 572, активни 50
• Делчево 547, активни 162
• Пробиштип 492, активни 37
• Виница 481, активни 44
• Валандово 325, активни 23
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 240, активни 12
• Богданци 217, активни 33
• Кратово 213, активни 17
• Крушево 199, активни 38
• Македонска Каменица 190, активни 48
• Демир Капија 180, активни 36
• Пехчево 177, активни 13
• Дојран 81, активни 7
Направените 1854 теста се преку: ИЈЗ-450, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-199, Биотек-193, МАНУ -79, Жан Митрев (Филип Втори)-87, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –63, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-21, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -486, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 439.121 тестирања на Ковид -19.
Македонија
Беџети: Се чудам дека сé уште се размислува со резерва за промените во образованието

Академик Абдулменаф Беџети ја оцени како многу плодна денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.
„Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование, се повикуваат дури и институции од највисоки образовни и научни области како што се претставниците на МАНУ. Од оваа гледна точка навистина сите елементи беа разгледани, расправата беше многу плодна, конструктивна и би требало да биде проследена и од другите“, изјави академик Беџети.
Тој укажа дека има голем консензус во тоа дека проблемите во образованието и образовниот систем почнуваат во основно образование, а како последица ги има и во високото образование.
„Се чудам дека има сé уште такви кои размислуваат со резерва и на некој начин со предрасуди за да не се влезе во почетни промени во овој дел. Не само дека тоа е законска обврска, која произлегува од веќе донесениот закон пред две години, туку е определба да не се задоцни“, нагласи Беџети.
За академиците рече дека останува да дадат конструктивен придонес за реформата да се одвива во најдобар тек.
„Дури и најдолгите патишта почнуваат со првите чекори. Ова се само први чекори на влегување во еден многу тежок и комплексен систем, а министерството, работната група и сите чинители во тој дел, на чело со Бирото за развој на образованието многу јасно ги препознаваат овие проблеми и знаат дека и решенијата не се така едноставни, туку тие се доста комплексни од сите аспекти. Почнувајќи од педагошки аспект, од ресурси, од инфраструктура и суперструктура на образование, па сè до резултати на учење коишто треба да произлезат од ова“, рече академик Беџети.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот