Контакт

СЈО

(Видео) „Чув повеќе истрели пред да ги видам телата кај Смилковското Езеро“, тврди загрозениот сведок

Објавено пред

Во кривичниот суд во Скопје продолжи испитувањето на загрозениот сведок во случајот „Монструм“. На замаглен екран и со модифициран глас судиите го испитуваа загрозениот сведок.

„Чув истрели пред да ги видам телата“, рече загрозениот сведок. Се присети дека околу езерото имало шамаци во жолто-зелена боја со висина од 1,5 до 2 метра.

Тој не се сети дали обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ги видел кај езерото.
Судијата Огнен Ставрев рече дека постапката за нивната екстрадиција од Косово е интензивирана.

Загрозениот сведок не можеше да се сети дали имало крв околу четирите мртви тела. Сведокот рече дека не видел кој пукал во жртвите.

„Ова не е загрозен сведок, туку лажен сведок“, рече адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.

По барање на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на увидот во „опелот“ најден во близина на Смилковци, каде што беше пронајдено влакно со иста ДНК на еден од обвинетите, ќе присуствува и јавноста.

Македонија

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Објавено пред

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека се измамени, дознава „Макфакс“.

Обвинителството за организиран криминал во два наврати (јануари и октомври) му предало на СЈО неколку предмети, од кои едниот е поврзан со овој случај. Од СЈО за „Макфакс“ потврдија дека презеле повеќе предмети од скопското и од Обвинителството за организиран криминал, но не откриваат детали поради тајноста на предистрагата. Неофицијално, предметите се поврзани со проширувањето на истрагата за случајот „Империја“.

Според информации на „Макфакс“, станува збор за предмети кои се поврзани со масовниот откуп на акции во „Фершпед“ од времето кога имаше борба за доминација во сопственичкиот удел меѓу ексгенералниот менаџер на компанијата, Штерјо Наков и неговата заменичка Кираца Трајковска, која беше потпретседателка на надзорниот одбор.

Стотина акционери во кривичната пријава до обвинителството од 2013 година тврдеа дека биле измамени за да ги продадат нивните акции на странски инвеститор. Според нивните тогашни тврдења, во бланко-договорите, на една од страниците, потпишале документ со кој му издале полномошно на брокер, кој ја искористил можноста и им ги резервирал акциите во време кога Наков и Трајковска се бореа за доминација во сопственоста.

Акционерите тврдеа дека биле изманипулирани да се согласат на блок-трансакција во вредност од 5.750 евра за акција, а подоцна, наместо да им бидат исплатени парите, акциите им биле замрзнати.

Десетина акционери тогаш поднесоа кривична пријава во Основното јавно обвинителство во Скопје против еден од сопствениците на брокерската куќа, против Кираца Трајковска и брокерската куќа, како и против непознат сторител, односно странскиот купувач. Обвинителот од скопското обвинителство, Артан Ајро, кој сега е дел од специјалното јавно обвинителство, ја отфрлил кривичната пријава како неоснована. Тој проценил дека акционерите самостојно се впуштиле во преговори со Трајковска и со брокерот и дека пријавените немале намера да ги доведат акционерите во заблуда.

Но, Вишото јавно обвинителство им ја уважило жалбата на акционерите со насоки дека не може да се отфрли кривичната пријава, без да бидат сослушани нивните изјави.

Поврзувањето на истрагата „Империја“ со предистрагата за купопродажбата на акциите во „Фершед“, засега е нејасна, но, најверојатно станува збор за заложените акции во „Стопанска банка“ од Битола, која во јавноста се поврзуваше со името на бизнисменот Орце Камчев. Дополнително, пријавениот брокер бил претседател на одборот директори на ЗК Пелагонија, фирма, која, исто така, се поврзува со името на Орце Камчев, кој е во триесетдневен притвор на барање на СЈО. Ова обвинителство побарало помош и од финансиската полиција за случајот „Империја“.

Прикажи повеќе...

Македонија

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

Објавено пред

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен 30-дневен притвор поради сознанијата дека двајцата обвинети во „Титаник“ планирале бегство, појаснува специјалното јавно обвинителство.

„Во врска со решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кои им се определени мерки притвор на обвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, во рамки на предметот познат во јавноста како ‘Титаник’, ѝ појаснуваме на јавноста дека опасноста од бегство кај двајцата обвинети е констатирана од страна на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со решенијата донесени уште на 2 јули 2017 година кога на обвинетите им се определени мерки на претпазливост – одземање на патните исправи за преминување на државната граница и дипломатските патни исправи, како и обврска истите да се јавуваат секој работен петок во судот“, велат од СЈО.

Од таму додаваа дека на нивен предлог, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, имајќи ги предвид сознанијата дека обвинетите планираат бегство како околности кои укажуваат на основана опасност за нивно бегство, констатира дека целите на мерките за обезбедување на присуство на двајцата обвинети во текот на оваа постапка не можат да се постигнат со дотогашните определени мерки на претпазливост.

„Од тие причини донесе одлуки за изрекување на мерка притвор за двете лица, како неопходна мерка за непречено водење на кривичната постапка и обезбедување нивно присуство“, појаснуваат од СЈО.

Адвокатката на Јанакиески и Божиновски, Сања Алексиќ, вчера изјави дека одбраната смета дека притворот за двајцата обвинети е повеќе поради неприсутноста на Никола Груевски, кој избега во Унгарија, а е осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на „мерцедесот“ од 600 000 евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Алексиќ: Притворот на Јанакиески и Божиновски е поради бегството на Груевски

Објавено пред

Сметам дека вака донесеното решение со кое се определува притвор за двајцата обвинети, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, е повеќе поради неприсутноста на Никола Груевски, изјави адвокатката Сања Алексиќ по денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“.

Алексиќ смета дека одлуката е неправедна по што додаде дека судот во Стразбур по однос на ова прашање има став дека однесувањето на сообвинетите не претставува основ да се определи притвор на некој друг, во конкретниот случај ниту на Миле Јанакиески, ниту на Кирил Божиновски.

„И двајцата не дадоа ниту причина ниту повод да се определи притвор бидејќи доследно и беспрекорно ги почитуваа мерките на претпазливост кои беа определени во текот на јули 2017, што значи повеќе од 1 година“, вели Алексиќ.

Адвокатката информираше дека се поднесени жалби до судот за притворот на поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а побарале и јавни седници во кои ќе ги произнесат жалбените наоди.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Груевски е ВИП мигрант на Орбан – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето за азил на поранешниот македонски...

Македонија23 минути

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија3 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион3 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток4 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија4 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија4 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија5 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија6 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија6 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион7 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија8 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија9 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија10 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија10 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија21 час

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт22 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа1 ден

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести1 ден

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија1 ден

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Досие