Свет
Јапонскиот премиер фатен како ги прекршува мерките за Ковид-19

Јапонскиот премиер е фатен како ги прекршува мерките додека земјата се соочува со зголемување на бројот на лица заразени со коронавирус. Јошихиде Суга изрази „каење“ за присуството на групна вечера со познати пријатели.
Со недели јапонските здравствени власти апелираа до граѓаните да ги намалат секојдневните активности, да останат внимателни и да вечераат само во мал број за да го спречат новиот зимски бран на Ковид-19, што предизвикува бројот на дневни случаи да се искачи на највисоко ниво од почетокот на пандемијата. Суга, се чини, ги прекрши упатствата на неговата сопствена влада присуствувајќи на собир, односно вечера со седум гости. Сите тие имале најмалку 70 години и и се собрале во елитен ресторан во областа Гинза во Токио.
Во изјавата за новинарите во средата јапонскиот премиер рече дека „се почитувало физичкото растојание помеѓу сите што биле на вечерата, но и дека сериозно жали поради критиките на јавноста“.
Во интервју за телевизијата „Нипон“, Суга рече дека задоцнил на вечерата и дека неговиот план бил само да ги поздрави гостите и да замине, но дека сепак останал таму околу 40 минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Исчезнале 20 милиони дози вакцини за време на Трамп

Речиси 20 милиони дози вакцини наводно исчезнале за време на испораката до американските сојузни држави, кога бил претседател Доналд Трамп.
Лондон Индепендент ја цитира веб-страницата „Дејли Бист“ и извори од администрацијата на Бајден, кои наведуваат дека недостасуваатречиси 20 милиони дози откако биле испратени во САД, а Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) прецизира дека 41,1 милион дози биле испратени низ Соединетите Држави од декември, но само 22,7 милиони Американци примиле вакцина.
Според податоците со кои располага новата администрација, некои земји објавија дека не можат да се следат одредени количини вакцини, односно дека не се достапни во магацините или на кои било други места.
Додека преодниот тим на Бајден се жали на брзината на вакцинирање, верувајќи дека е бавна, многу граѓани одбиваат да бидат вакцинирани.
Свет
Десетте најбогати луѓе би можеле да ги купат сите вакцини во светот

Десетте најбогати луѓе во светот би можеле да купат вакцини за сите жители на планетата, покажуваат податоците од извештајот на меѓународната хуманитарна организација „Оксфам“.
Нивното вкупно богатство се зголеми за 540 милијарди долари за време на пандемијата на коронавирусот и сега изнесува 11,95 трилиони долари, се наведува во извештајот на организацијата под наслов „Вирус на нееднаквост“.
Тие пари се доволни за да се спречи речиси секој поединец да падне во сиромаштија за време на пандемија и да му обезбеди вакцина против коронавирусот, пресметале истражувачите од „Оксфам“, пренесува „Ројтерс“.
Количината на богатство што ја имаат овие 10 лица е еднаква на вкупното трошење на членките на Г20 за да закрепнат од пандемијата. Затоа „Оксфам“ ги повикува владите да размислат за оданочување на супер богатите.
Некои од нив дадоа значителен придонес за итен одговор на пандемијата.
Меѓу 10-те најбогати луѓе се наоѓаат лидерот на Амазон, Џеф Безос, лидерот на Тесла, Илон Маск и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг.
Свет
Москва и Техеран заинтересирани за целосна обнова на нуклеарниот договор во Иран

И Москва и Техеран се заинтересирани за целосно обновување на иранскиот нуклеарен договор, познат и како Заеднички сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на состанокот со неговиот ирански колега Џавад Зариф, пренесува „Спутник“.
„Спасот на ЈЦПОА е една од најакутните теми на агендата. И Русија и Иран се длабоко заинтересирани за целосно враќање на земјите потписнички кон исполнување на нивните обврски согласно договорот“, рече Лавров.
Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, пак, изрази благодарност до Москва за нејзината конструктивна и непоколеблива позиција по прашањето на ЈЦПОА.
Рускиот министер за надворешни работи истакна дека поради улогата на Москва и на Техеран во регионот, двете држави се заинтересирани и за проширување на дијалогот за низа други прашања, како што се безбедноста во Персискиот Залив, решавањето на домашниот конфликт во Авганистан и состојбата во Нагорно-Карабах.
Иако новиот американски претседател Џо Бајден изрази интерес за преговори за враќање на иранскиот нуклеарен договор, Вашингтон допрва ќе започне разговори со Техеран. Договорот претрпе голем удар во 2018 година, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја повлече својата земја од договорот и наметна санкции кон Исламската Република.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот