Контакт

Свет

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Објавено пред

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести поврзани со употреба на овие производи. Единствените вкусови што ќе може да се купат ќе бидат тутун и ментол, јави Си-ен-ен.

Службата за јавно здравје во Њујорк ја одобри забраната по препорака на гувернерот Ендрју Куома.

„Не може да се одрече дека компаниите намерно користат вкусови на гуми за џвакање и шеќерна волна за да ги придобијат младите луѓе да користат електронски цигари“, рекол тој. „Ова е криза на јавното здравје и денеска ѝ доаѓа крајот“, додал Куома.

Забраната стапува веднаш во сила, а ќе трае 90 дена и ќе биде потребно нејзино обновување.

Сојузната држава Мичиген исто така одобри забрана на продажба на е-цигари со вкусови, но мерката сè уште официјално не е стапена во сила.

Забраната во Мичиген исто така опфаќа опишување на овие производи како чисти, безбедни, безопасни и здрави, како и нивно рекламирање во близина на продавници за слатки, храна и за безалкохолни пијалаци.

Американските центри за контрола на болести и превенција активираа итни мерки по растечкиот број пациенти со болести на белите дробови за кои се виновни електронските цигари. Претходно, и американскиот претседател, Доналд Трамп, препорача државите да ја забранат употребата на ароматизираните е-цигари.

Во САД има речиси 400 потврдени и сомнителни случаи на болести поврзани со употреба на е-цигари, вклучувајќи најмалку шест смртни случаи.

Електронските цигари се продаваат како побезбедна опција за обичните цигари. Американските санитарни служби го предупредија најголемиот производител на е-цигари ЈУУЛ да не ги употребува овие тврдења затоа што не се докажани.

По информациите за заболени и смртни случаи поврзани со употреба на е-цигари во САД, вчера Индија ја забрани продажбата на овие производи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Бојко Борисов: Однесувањето на навивачите е неприфатливо

Објавено пред

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска го осуди расистичкото однесување на навивачите на бугарската репрезентација, кои извеле нацистички поздрави и имитирале звуци на мајмун за време на натпреварот со репрезентацијата на Англија.

Борисов рече дека е неприфатливо Бугарија, за која вели дека е најтолерантна земја во светот, населена со луѓе со различно етничко потекло, да биде поврзана со расизам и ксенофобија, пренесува АП.

Тој го повика претседателот на Бугарската фудбалска асоцијација Борислав Михајлов да си даде оставка поради лошите резултати на репрезентацијата и додаде дека тој наредил министерот за спорт Красен Кралев да ги прекине сите односи со Михајлов сè додека не даде оставка.

Прикажи повеќе...

Свет

УНИЦЕФ: 200 милиони деца ширум светот јадат нездрава храна

Објавено пред

Загрижувачки голем број деца страдаат од сериозни последици поради лоша или нездрава исхрана, предупреди УНИЦЕФ во годинашниот извештај за состојбата на децата во светот – најмалку едно од три деца под 5 години, или повеќе од 200 милиони деца ширум светот, се или неухранети или со прекумерна тежина.

Скоро две од три деца на возраст од 6 месеци до 2 години не консумираат храна што поддржува оптимален раст и развој на нивниот мозок и тело.

Ваквата несоодветна исхрана може да предизвика лош развој на мозокот, тешкотии при учењето, намален имунитет, зголемена подложност на инфекции, а во многу случаи, дури и смрт.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор, посочува дека милиони деца се хранат нездраво затоа што едноставно немаат подобар избор.

„Треба да го смениме начинот на кој ги разбираме и реагираме на неухранетоста и квалитетот на исхраната кај децата. Важно е децата да јадат доволно, но превенствено треба да им се обезбеди здрава и квалитетна исхрана“, вели Фор.

УНИЦЕФ предупредува на тројна закана поради лоша исхрана: неухранетост, латентна глад предизвикана од недостаток на основни хранливи материи и прекумерна тежина кај деца под пет години.

Овие фактори доведуваат до катастрофални резултати – 149 милиони деца заостануваат во физичкиот развој или се прениски за нивната возраст, 50 милиони деца се преслаби за својата висина, 340 милиони страдаат од недостаток на основни витамини и хранливи материи како што се витамин А и железо, а 40 милиони деца се со прекумерна тежина.

Во извештајот се предупредува дека лошата исхрана и лошите навики во исхраната започнуваат уште од најраните денови во животот на децата.

Децата и адолесцентите од најсиромашните и најмаргинализираните заедници го носат најголемиот товар од лошата исхрана. Кај најсиромашните домаќинства, само едно од пет деца на возраст меѓу шест месеци и две години јаде разновидна храна неопходна за здрав раст.

Прикажи повеќе...

Регион

Навивач во Бугарија ѝ се заканувал на полицијата и починал додека го приведувале

Објавено пред

Британски државјанин починал во Софија на денот на натпреварот меѓу Бугарија и Англија во квалификациите за Европското првенство 2020, според„ Би-би-си“.

Полицијата му пришла на непознат 32-годишник тоа утро откако граѓаните повикале помош.

„Полицијата примила дојава за човек во беспомошна состојба. Тој бил однесен во болница, каде одеднаш почнал да се однесува агресивно, беснеел и се заканувал“, се вели во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи.

Поради тоа полицајците го привеле човекот, кој починал во необјаснети околности додека го пренесувале во полициска станица. Причина за неговата смрт се претпоставува дека е дрогата.

Бугарите тврдат дека покренале истрага, а Англиската фудбалска федерација ќе даде отчет за тоа кога ќе ги добие сите информации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Кривични пријави против „Меѓународниот сојуз“, „Томато продукција“ и „БМЈ медиа груп“

Против „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде беше сместена телевизијата „1ТВ“ и против „БМЈ...

Економија40 минути

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија2 часа

Заменик министерот за здравство, Асим Муса поднесе оставка

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, денеска на прес конференција соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување...

Македонија3 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија3 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора4 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија5 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа5 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион5 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија6 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт16 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија19 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија20 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија20 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ21 час

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија22 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија22 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија23 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет1 ден

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Досие