Топ
Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички, бил на дисциплинска постапка од Македонската џудо-федерација за злоупотреба на официјални документи.
„Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за малтретирање малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот. Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација целосно сме им на располагање на истражните органи.
Посочениот тренер одамна не е член на Федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската џудо-федерација, како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо-федерацијата на Македонија за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт“, информираат од Федерацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од: Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.
Направени се 3.323 тестови преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-131, Авицена-305, Биотек-317, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина-272, лабораторија Лаор–176, МАНУ-0, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-113, Ремедика-22, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1029, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 357, активни 3750
Куманово 17, активни 314
Прилеп 72, активни 663
Тетово 3, активни 246
Гостивар 18, активни 145
Штип 7, активни 102
Велес 20, активни 223
Кавадарци 42, активни 561
Битола 16, активни 183
Охрид 26, активни 404
Струмица 2, активни 158
Струга 8, активни 163
Кочани 12, активни 88
Кичево 4, активни 40
Неготино 30, активни 279
Гевгелија 42, активни 243
Свети Николе 1, активни 19
Крива Паланка 5, активни 106
Ресен 4, активни 47
Дебар, активни 21
Делчево 2, активни 66
Радовиш 1, активни 10
Берово, активни 30
Пробиштип 1, активни 31
Виница 3, активни 23
Валандово 4, активни 33
Крушево 10, активни 76
Богданци 7, активни 52
Кратово 1, активни 26
Демир Хисар, активни 22
Македонски Брод, активни 4
Демир Капија 2, активни 27
Македонска Каменица 1, активни 2
Пехчево 2, активни 4
Дојран 1, активни 1
Македонија
„Фајзер-Бионтек“ ќе ни достави вкупно 800.280 вакцини, овој месец ќе пристигнат првите 21.000

Компанијата „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини, а испораката ќе се одвива во 4 квартали, соопшти Министерството за здравство. Првата достава ќе биде овој месец, при што ќе бидат испорачани 21.060 дози вакцини.
„Компанијата „Фајзер-Бионтек“, производител на вакцини против Ковид-19, денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини. Компанијата во договорот ги соопшти деталите за испорака на вакцините во текот на цела 2021 година.
Вакцините на производителот „Фајзер-Бионтек“ се спакувани во повеќедозажни вијали, од една вијала се вадат 6 дози вакцини. Вакцината се чува и дистрибуира на -70 степени, во обичен фрижидер од 2 до 8 степени може да стои 5 дена, а растворена да се чува 6 часа. Нашиот здравствен систем е целосно подготвен за прием и спроведување на вакцинација. Со вакцината на производителот „Фајзер-Бионтек“, веќе неколку недели се врши имунизација на здравствените работници кои се во првата приоритетна група за вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација“ наведуваат од министерството.
Македонија
МВР: Внимателно на социјалните мрежи, на „Тик-ток“ се шират повици опасни за малолетниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик-ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување малолетни лица.
МВР апелира до граѓаните, особено родителите, да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи.
„Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на нашата територија, ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат какви било несакани случувања“, се наведува во соопштението.
И српското Министерството за внатрешни работи упати сличен апел до граѓаните, а тамошните медиуми пренесоа дека станува збор за содржини на „Тик-ток“, кои најавуваат масовно самоубиство на деца.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер